ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g96 8/9 стр. 11-14
  • Соочување со нападите на паника

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Соочување со нападите на паника
  • Разбудете се! 1996
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Зошто паника?
  • Корењата на паниката
  • Може ли да се излечи?
  • Духовен проблем?
  • Измачувани од фобии
    Разбудете се! 1998
  • Помош за лицата со анксиозни растројства
    Разбудете се! 2012
  • Борба со шокот предизвикан од терористичкиот напад
    Разбудете се! 2005
  • Контролирање на социјалната фобија
    Разбудете се! 1998
Повеќе
Разбудете се! 1996
g96 8/9 стр. 11-14

Соочување со нападите на паника

Роберт седел удобно во својата канцеларија. Одеднаш, срцето почнало да му скока. Нагло се исправил додека челото му се облеало со пот. Роберт бил сигурен дека доживува срцев удар! Го грабнал телефонот. „Нешто страшно ми се случува“, задишено зборувал. „Се чувствувам дека ќе се онесвестам!“

ТОА беше првото Робертово искуство со напад на паника. За жал, не му беше последно. Истото чувство подоцна го обзело во ресторан и во еден трговски центар. Паниката се вратила дури и тогаш кога бил во посета на пријатели. За кратко време, единственото „безбедно“ место за Роберт било дома. Постепено, станал депресивен. „Размислував дури и за самоубиство“, признава тој.

Шест месеци подоцна, Роберт наишол на една новинска статија во врска со напади на паника и агорафобија. Она што го дознал му го спасило животот.

Зошто паника?

Паниката е нормална реакција на телото на опасност. Замислете се дека одите преку автопат. Одеднаш забележувате како еден автомобил со голема брзина доаѓа право кон Вас. Моменталните физички и хемиски промени во телото Ви овозможуваат со спринт да стигнете на безбедно.

Но сега, замислете го истото тоа чувство на паника без никаква видлива причина. Д⁠-​р Р. Рид Вилсон вели: „Нападите на паника се создаваат кога паниката го измамува мозокот да мисли дека претстои опасност. Ете, си стоите меѓу редовите во супермаркетот и никому не му пречите. Штрак. Се вклучува копчето за опасност. ‚Сигнал за готовност! Сите системи подготвени за борба!‘ “

Само оние кои искусиле такви напади можат во потполност да ја разберат нивната јачина. Списанието American Health го опишува тоа како „порив на адреналин кој пет минути или еден час или, пак, еден ден пишти низ Вашето тело, а потоа заминува толку брзо и мистериозно како што и дошол, оставајќи Ве млитави и исцрпени, со страв очекувајќи го следниот напад“.

Корењата на паниката

Нападите на паника обично започнуваат во раното полнолетство и повеќе ги погодуваат жените отколку мажите. Што ги предизвикува? Не постои јасен одговор. Некои велат дека оние кои добиваат напади на паника се биолошки предиспонирани поради абнормалност во лимбичниот систем на мозокот. Многумина мислат дека оваа состојба може да се наследи, додека други тврдат дека хемијата на мозокот се менува поради фактори кои предизвикуваат стрес.

Во некои случаи, нападите ги предизвикуваат сеќавањата на трауматски искуства, како што се војна, силување или злоупотреба на деца. Едно испитување открило дека процентот на растројство на паника кај преживеани од инцест е 13 пати повисок од оној кај општото население. Навистина, иако нападите на паника и други синдроми сами по себе претставуваат потполно развиени проблеми, тие можат да бидат и она како што писателката Е. Су Блум ги нарекува — „спици со инцест во осовината“.

Се разбира, сите напади на паника не се предизвикани од траума. Но д-р Вејн Критсберг предупредува дека, кога тоа е случај, „лекувањето на секундарните последици од злоупотребата — наместо лекување на изворната траума — нема трајно да го реши проблемот. Тоа би било исто како да се зема сируп против кашлање за да се излечи случај на пневмонија“.

Може ли да се излечи?

Нападите на паника можат да се стават под контрола. Многумина чиј страв од паника ги држи врзани за куќата им се помогнало преку терапија на изложеност. Со ова лекување пациентот е изложен на ситуацијата од која се плаши и му се помага да остане во неа сѐ додека паниката не се намали. Оние кои имаат проблеми со срцето, астма, пептичен чир, колит или слични болести, треба да се консултираат со лекар пред да се обидат со овој третман.

Можат да се применат техники на релаксација за да се ублажи зголемувањето на вознемиреноста.a Некои од нив се дискутирани во придружната рамка „Вештини на смирување“. Но немојте да чекате паниката да почне. Најдобро е овие вештини да ги вежбате за време на периодите на мала вознемиреност. Кога ќе се совладаат, тие можат да ги намалат, па дури и да ги спречат идните напади.

Паниката напредува како последица од перфекционизам и мало самопочитување. „Додека имав напади на вознемиреност, г-н Негативко владееше со мојот живот“, вели еден од оние кои беа погодени од паника. „Си велев дека, затоа што бев вознемирен, бев инфериорен спрема другите и поради тоа не вредев за да ме сакаат.“ Сменувањето на таквите ставови може да ја намали вознемиреноста која води до паника.b

Многу вреди вознемирувањата да им се доверуваат на некој доверлив пријател. Да се разговара за нив може да му помогне на оној кој страда да ги разликува проблемите кои мора да се поднесат од проблемите кои можат да се решат. Не треба да се превиди молитвата. Псалм 54:22 вели: „Пренеси ја на Господа маката своја, и Он ќе те поткрепи. Не дозволувај праведниот човек да пострада“.

Наместо поединечен, огромен проблем, често пати натрупувањето на мали, наизглед безначајни неволји е тоа што ја предизвикува паниката — многу слично на приклучувањето на премногу поединечни електрични апарати на исто струјно коло што може да создаде краток спој. Едно решение е секој проблем да се напише на карта по азбучен ред и картите да се средат од наједноставниот проблем до најтешкиот. Зафатете се со нив еден по еден. Испишувањето на Вашите неволји ја менува нивната важност, од она од кое се плашите и го избегнувате до она кое можете да го видите и решите.

На некои им се помага така што примаат препишани средства за смирување или антидепресиви. Меѓутоа, на место е едно предупредување. „Мислам дека лековите сами по себе не се одговорот“, вели советникот Мелвин Грин. „Треба да се користат како додаток додека се бара одговорот . . . Дрогата може да Ви помогне да бидете пофункционални и тоа може да Ви даде прилика да побарате друга помош за да се справите со причините за агорафобија и да работите во правец на оздравување.“

Духовен проблем?

„Мислев дека христијаните не треба да доживуваат напади на вознемиреност“, вели Бренда, „затоа што Исус рекол ‚немојте да се грижите‘. Јас заклучив дека сигурно не се ослонувам доволно на Бог.“ Сепак, контекстот на Исусовите зборови во Матеј 6:34 покажува дека тој не зборувал за растројства на паника. Поточно речено, тој ја нагласувал опасноста да се биде повеќе загрижен за материјалните потреби отколку за духовните.

Секако, дури и оние кои ги ставаат духовните интереси на прво место можат да страдаат од ова растројство, како што покажува следново искуство на една жена од Финска.

„Мојот партнер и јас, двајцата Јеховини сведоци, учествуваме во проповедањето од куќа до куќа. Одеднаш почувствував вртоглавица. Мислите ми се блокираа. Ништо не се чинеше реално и се плашев дека ќе ја изгубам рамнотежата. На следната врата, во потполност изгубив контрола над разговорот.

Ова ужасно искуство се случи во 1970 година. Тоа беше првото од серијата чудни напади кои ме измачуваа во текот на следните две децении. Повеќе пати се наоѓав во еден замаглен свет, неспособна јасно да размислувам. Чувствував вртоглавица и срцето ми скокаше. Се спрепнував на зборовите или сосема ги губев.

Бев млада, енергична и среќна како полновремен слуга на Јеховините сведоци. Колку сакав да им помагам на другите да ја разберат Библијата! Но тие напади беа постојано измачување за мене. Се прашував: ‚Што е со мене?‘ Еден невролог ја дијагностицира мојата состојба како привремена епилепсија. Следните десет години ги земав лековите што тој ми ги препиша. Сепак, се прашував зошто тие имаа толку мал ефект. Почнав да ја прифаќам мојата состојба како нешто кое едноставно морав да го поднесувам.

После некое време дојдов до сознанието дека мојата болест не е епилепсија и дека рецептот за неа не беше делотворен. Дури и рутинските прошетки беа несовладлива задача. Се плашев да се сретнам со некого по патот. Ми беше потребен огромен напор за да ги посетувам христијанските состаноци. Честопати седев потејќи се, зашеметена со раката на слепоочниците, а срцето ми скокаше и умот ми беше празен. Понекогаш целото тело го чувствував напнато и згрчено. Во еден момент бев сигурна дека ќе умрам.

Мојата служба ми помогна да се одржам, иако не беше мало чудо што воопшто можев да ја продолжам. Водењето библиска студија понекогаш толку ме совладуваше што мојот партнер мораше да ја преземе. Навистина, нашето сведочење е тимски труд и на крајот Бог е тој кој предизвикува и понатаму некој да расте (1. Коринтјаните 3:6, 7). Луѓето слични на овци слушаат и одговараат и покрај ограничувањата на учителот.

Еден ден во март 1991 година, мојот сопруг ми покажа една брошура во врска со растројство на паника. Симптомите кои беа опишани беа токму како моите! Читав повеќе на таа тема, присуствував на предавања и закажав термин за да одам кај специјалист. После две децении, мојот проблем конечно беше идентификуван. Бев на пат да оздравам!

На мнозинството од оние со растројство на паника може да им се помогне со исправното лекување. Пријателите можат да дадат голема поддршка ако се сочувствителни. Наместо да натрупуваат вина на веќе вознемирена душа, разборит другар ќе сфати дека лицето со растројство на паника не е намерно асоцијално. (Спореди 1. Солунјаните 5:14.)

Додека се осврнувам на изминатите 20 години, благодарна сум што низ сето тоа бев во можност да останам во полновремената служба. Тоа беше благослов за кој вредеше борбата. Истовремено, како Епафродит, сфаќам дека некои мораат да се откажат од предностите на службата поради лошо здравје. Јехова не е разочаран поради таквите. Тој не очекува повеќе од она што некој може разумно да го даде.

Живеењето со ова растројство ме научи да не гледам премногу сериозно на себеси. Тоа ми овозможи да сочувствувам со другите кои имаат ограничувања. Но пред сѐ, тоа ми помогна да се зближам со Јехова. Низ моето тешко искушение секогаш одново го гледав како вистински извор на сила и утеха.“

[Фусноти]

a Христијаните ги избегнуваат техниките кои вклучуваат хипноза или самохипноза. Меѓутоа, постојат некои визуелни и медитативни вежби кои очигледно не вклучуваат умот да се празни или да се предаде под контрола на некое друго лице. Дали ќе се прифатат овие третмани е работа на лична одлука (Галатјаните 6:5).

b За информации во врска со сменувањето на негативните мисли, види Разбудете се! од 8 јануари 1993, страници 3—9 и 22 октомври 1987, страници 7—16 (англ.).

[Рамка на страница 13]

Вештини на смирување

Смирено дишење. Нападите на паника често се придружени со хипервентилација. За да го релаксирате дишењето, пробајте ја оваа вежба: Лежете на стомак. Избројте до шест додека вдишувате; избројте до шест додека издишувате. Потоа, пробајте го истото длабоко дишење додека седите. Потоа, пробајте го тоа стоејќи. Дишете длабоко од дијафрагмата, и вежбајте го тоа секојдневно додека не Ви стане природно. Некои извлекуваат корист така што си замислуваат прекрасна околина додека ја прават оваа вежба.

Мирно размислување. ‚Што ако паднам?‘ ‚Што ако нема никој да ми помогне?‘ ‚Што ако срцето ми откаже?‘ Катастрофалните мисли ја потхрануваат паниката. Поради тоа што овие мисли обично се поврзани со идни несреќи или со минати напади, обидете се да се сконцентрирате на сегашната ситуација. „Сосредоточувањето на моменталното веднаш делува смирувачки“, вели д-р Алан Голдстајн. Некои предлагаат да се носи гумен ластик околу рачниот зглоб. Кога ќе се појават катастрофални мисли, растегнете го и кажете си: „Престани!“ Прекинете ја загриженоста пред да добие прилика да прерасне во паника.

Мирно реагирање. Ако ве нападне паника, немојте да се борите против неа. Тоа е само чувство и чувствата не мора да Ви наштетат. Замислете си дека сте на океан и ги гледате брановите. Тие се издигнуваат, достигнуваат врв, а потоа се растураат. Паниката надоаѓа на истиот начин. Наместо да се борите против бранот, поднесете го. Тој ќе помине. Кога ќе помине, немојте претерано да реагирате или претерано да вршите анализа. Таа поминала, како напад на кивавица или главоболка.

Паниката е како силеџија. Провоцирајте го, ќе напаѓа; не го провоцирајте, ќе си отиде. Д⁠-​р Р. Рејд Вилсон објаснува дека вештините на смирување „не се наменети за да можете подобро да се ‚борите‘ против паниката или да ја ‚протерате‘ во тој момент. Наместо тоа, гледајте на нив како на начини да го поминете времето додека паниката се обидува да почне битка со Вас“.

[Рамка на страница 14]

Агорафобија — страв од страв

Многумина кои страдаат од напади на паника развиваат агорафобија. Иако е дефинирана како страв од јавни места, агорафобијата може поточно да се нарече страв од страв. Агорафобичарите толку многу се плашат од паника што ги избегнуваат сите места каде што се случиле претходни напади на паника. Наскоро, останува само едно „безбедно“ место — обично дома.

„Замислете си дека ја напуштате Вашата куќа“, вели писателот Мелвин Грин. „Одеднаш, од никаде се појавува најголемиот човек кој некогаш сте го виделе. Тој држи бејзбол палка и без никаква причина Ве удира по главата. Се тетеравите назад до куќата, не верувајќи во она кое штотуку се случило. Кога се чувствувате подобро, ѕиркате низ вратата и сѐ изгледа нормално. Тргнувате повторно по патеката. Одеднаш тој е тука, и пак Ве удира. Се враќате во куќата каде што сте безбедни. Погледнувате низ вратата одзади . . . Тука е. Погледнувате низ прозорците . . . Тука е. Знаете дека ако ја напуштите безбедноста на Вашиот дом, повторно ќе Ве удри. Прашање: Дали би излегле?“

Многу агорафобичари своите чувства ги споредуваат со таа илустрација и чувствуваат дека нивната состојба е безнадежна. Но д-р Алан Голдстајн го дава ова уверување: „Не сте единствени, не сте сами . . . Можете да си помогнете“.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели