Сестрана, разнобојна земјоделска култура
ШТО имаат заедничко дизел горивото, сточната храна, сапунот и маргаринот? Во некои земји, сите овие предмети се произведуваат со помош на маслодајната репка, од нејзиното живописно, жолто цвеќе.
Овој разнобоен роднина на синаповата фамилија, кој се произведува во делови од Европа, Азија и Северна Америка, особено се цени по нејзиното семе кое е богато со масло. До 40 проценти од семето на маслодајната репка е масло, кое може да се користи на разни начини.
Поголемиот дел од маслото од семето на маслодајната репка — можеби и до 90 проценти — се користи за произведување храна. Се употребува за правење маргарин, бисквити, супи, сладоледи и слатки. Но маслото од семето на маслодајната репка, исто така, може да се користи и за произведување дизел гориво кое помалку загадува, ограничувајќи ја на тој начин штетата врз околината. Кога е рафинирано, маслото може да се користи и за подмачкување на прецизни машини, а откако ќе се исцеди, главнината од земјоделската култура може да се здроби во погача која е богата со протеини и корисна како храна за животни.
Каква сестрана земјоделска култура! Навистина, и ние можеме да кажеме како што кажал псалмистот: „Колку се многубројни делата Твои, Господи! Сѐ си направил премудро“ (Псалм 103:24).