ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g96 8/12 стр. 3
  • Плод на несреќа

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Плод на несреќа
  • Разбудете се! 1996
  • Сличен материјал
  • Сѐ поголем број бегалци
    Разбудете се! 1996
  • Помагај им на „дојденците“ радосно да му служат на Јехова
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2017
  • Свет во кој секој припаѓа
    Разбудете се! 2002
  • Луѓето во потрага по сигурност
    Разбудете се! 2002
Повеќе
Разбудете се! 1996
g96 8/12 стр. 3

Плод на несреќа

КАКО е да се биде бегалец? Обидете се да си замислите дека живеете во мир, но одеднаш се менува целиот Ваш свет. Соседите преку ноќ стануваат непријатели. Доаѓаат војници кои ќе го опљачкуваат и запалат Вашиот дом. Имате десет минути да се пакувате и да бегате за да си го спасите животот. Можете да земете само една мала торба затоа што ќе морате многу километри да ја носите. Што ќе ставите во неа?

Си заминувате среде звуци од пукотници и артилерија. Им се придружувате на другите кои исто така бегаат. Поминуваат денови; се влечкате гладни, жедни и неверојатно уморни. За да преживеете, морате да го терате телото над границите на исцрпените сили. Спиете на земја. Во некоја нива барате нешто за јадење.

Се приближувате кон безбедна земја, но стражарите на границата не Ве пуштаат да преминете. Ви ја пребаруваат торбата и Ви земаат сѐ што е со вредност. Наоѓате друга контролна станица и ја преминувате границата. Ве ставаат во мизерен логор за бегалци, ограден со бодликава жица. Иако Ве опкружуваат други кои ја делат Вашата неволја, се чувствувате осамено и збунето.

Ви недостига друштвото на Вашето семејство и на пријателите. Увидувате дека сте во потполност зависни од надворешната помош. Нема работа нити некаква занимливост. Се борите со чувствата на безнадежност, очај и гнев. Загрижени сте за Вашата иднина, знаејќи дека Вашиот престој во логорот веројатно ќе биде привремен. Сепак, логорот не е дом — тоа е како чекална или складиште со луѓе кои никој не ги сака. Се прашувате дали ќе бидете присилно вратени таму од каде што сте дошле.

Тоа е искуството на милиони луѓе денес. Според Високиот комесаријат за бегалци при Обединетите нации (UNHCR), 27 милиони луѓе ширум светот побегнале поради војна или прогонство. Уште 23 милиони луѓе се раселени внатре во сопствените земји. Сѐ на сѐ, секое 115-то лице на Земјава било присилено да бега. Повеќето се жени и деца. Како плод на војна и несреќа, бегалците се оставени на милост и немилост во еден свет кој не ги сака, свет кој ги одбива — не поради тоа кои се, туку поради тоа што се.

Нивното присуство е знак на длабокиот немир во светот. UNHCR наведува: „Бегалците се крајниот симптом на општествено распаѓање. Тие се последната, најочигледната алка во веригата причини и последици кои го одредуваат степенот на општествениот и политичкиот пад на една земја. Гледано во глобала, тие се барометар за моменталната состојба на човечката цивилизација“.

Стручњаците велат дека проблемот е без преседан што се однесува до размерот и дека е во пораст, без видлив крај. Што довело до таквата ситуација? Постои ли некакво решение? Следните статии ќе ги испитаат овие прашања.

[Извори на слики на страница 3]

Момче од лево: UN PHOTO 159243/J. Isaac

Фотографија на U.S. Navy

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели