ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g97 8/2 стр. 28-31
  • Цигари — дали ги одбивате?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Цигари — дали ги одбивате?
  • Разбудете се! 1997
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Воведени ограничувања
  • Децата — незаштитени жртви
  • Променето гледиште
  • Прекуморски продажби
  • Зошто да се прекине со пушењето?
    Разбудете се! 2000
  • Што мисли Бог за пушењето?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2014
  • „И Вие можете да прекинете — ние прекинавме!“
    Разбудете се! 1999
  • Што треба да знам за пушењето?
    Младите прашуваат — делотворни одговори, том 1
Разбудете се! 1997
g97 8/2 стр. 28-31

Цигари — дали ги одбивате?

Нацијата која помогна да му го претстави на светот тутунот, предводи во предупредувањето против неговите опасности.

„ТУТУНОТ“, напишал еден историчар, „нема пишана историја пред откривањето на Америка.“ Домородците на Карибите му го понудиле на Колумбо. Неговото извезување го осигурало опстанокот на Џејмстаун, првата постојана британска населба во Северна Америка. Неговата продажба помогнала да се финансира американската револуција. И раните претседатели на САД, Џорџ Вашингтон и Томас Џеферсон, биле одгледувачи на тутун.

Во поново време, Холивуд ги користел цигарите како симбол на романтика, шарм и мажественост. Американските војници им ги давале на луѓето кои ги среќавале во земјите каде што се бореле. И се вели дека после Втората светска војна, цигарите биле валута „од Париз до Пекинг“.

Но, работите се промениле. На 11 јануари 1964 година, главниот воен хирург на САД издал извештај од 387 страници кој го поврзувал пушењето со емфизем, рак на белите дробови и други сериозни болести. Федералниот закон наскоро изискувал на сите кутии цигари кои се продаваат во Соединетите Држави да се стави предупредувањето: „Внимание: Пушењето може да биде опасно по здравјето“. Сега, се вели дека пушењето е одговорно за пресметани 434.000 смртни случаи годишно во Соединетите Држави. Тоа е повеќе од бројот на сите Американци кои се убиени во борба во текот на минатиот век!

Воведени ограничувања

Пред повеќе од десет години, Аспен (Колорадо), популарно зимско одморалиште, го забранило пушењето во своите ресторани. Оттогаш, одделите за непушачи станале сѐ повообичаени во рестораните, на работното место и на други јавни места. Пред неколку години, еден човек од Калифорнија ја прашал својата ќерка каде се наоѓа одделот за непушачи во еден ресторан во Вирџинија. „Тато“, одговорила таа, „ова е земја на тутунот!“ Но, до неговата следна посета, половина од тој ресторан бил резервиран за непушачи. Кога неодамна бил таму, не видел никој да пуши.

Меѓутоа, проблемот не се решил со одвоените оддели за пушачи. На огромни плакати спонзорирани од државата долж главните калифорниски автопатишта се поставува прашањето: „Зарем мислите дека димот знае како да остане во одделот за пушачи?“

Кога Њујорк Сити го забранил пушењето во своите поголеми ресторани, сопствениците протестирале дека тоа ќе ги одврати туристите од Европа, каде што, тие рекле, малку прописи го контролираат пушењето. Сепак, една поранешна анкета открила дека кај 56 проценти Американци постои поголема веројатност да одат во некој ресторан за непушачи, додека само 26 проценти би биле помалку склони кон тоа.

Еден натпис на вагоните на подземната железница во Њујорк Сити гласи: „На секој јазик пораката е иста: Забрането пушење во кое и да е време, на кое и да е место на нашите станици или во нашите возови. Ви благодариме“. Натписот ја соопштува оваа порака не само на англиски туку и на уште 15 други јазици.

Дали работата навистина е толку сериозна? Да. Кога 300 луѓе би загинале во некоја поголема катастрофа, медиумите со денови, а можеби дури и со недели, ќе известуваат за тоа. Но една статија во списанието The Journal of the American Medical Association навела дека било пресметано како 53.000 Американци секоја година умираат од долгорочните последици од вдишувањето на димот од цигарите на другите луѓе. Со тоа, навела статијата, вдишувањето на таков тутунски дим кој е индиректен, односно од околината, би било „третата водечка причина за смрт која може да се спречи, веднаш после самото пушење и алкохолот“.

Децата — незаштитени жртви

А што е со пушењето во домот? Healthy People 2000, публикација на владата на САД која поставила цели за намалување на „предвремената смрт и непотребните болести и онеспособеноста“, изјавила: „Користењето на тутунот е одговорно за повеќе од еден на секои шест смртни случаи во Соединетите Држави и е најважната причина за смрт и за болест која може да се спречи во нашето општество“.

Таа додала: „Пушењето цигари за време на бременоста е одговорно за 20 до 30 проценти од бебињата со мала тежина при раѓањето, за 14 проценти од предвремените породувања и за околу 10 проценти од сите смртни случаи кај бебињата“. Таа навела дека мајките кои пушат можат да ги пренесат состојките на тутунскиот дим, не само со доење на бебето и со пушење во негова близина туку и „ако го стават во соба каде што претходно се пушело“.

И татковците се вклучени во ова. Истата публикација советувала: „Ако луѓето кои имаат контакт со деца мораат да пушат, треба да пушат надвор или на места каде што воздухот не може да дојде во простории каде што би можело да биде детето“. Опасноста се зголемува со бројот на возрасните кои пушат во истата просторија и со бројот на испушените цигари. Според тоа, Џослин Елдерс, поранешен главен воен хирург на САД, рекла: „Вашите деца се невините жртви на вашите зависности“.

И другите луѓе се наоѓаат во опасност. Една телевизиска реклама спонзорирана од државата во Калифорнија покажала еден стар човек како седи сам. Тој рекол дека жена му секогаш ‚му вадела душа‘ за пушењето. „Таа дури ми се закануваше дека ќе престане да ме бакнува ако не се откажам. Реков дека тоа се мои бели дробови и мој живот. Но не бев во право. Не се откажав. Не ни помислував дека наместо да го изгубам мојот живот . . . ќе го изгубам нејзиниот.“ Гледајќи нажалено во нејзината слика, стариот човек додал: „Жена ми ми беше сѐ во животот“.

Променето гледиште

Таквите предупредувања придонеле за прилично опаѓање на пушењето во Соединетите Држави. Изненадувачки е тоа што пресметана цифра од 46 милиони Американци — 49,6 проценти од оние кои некогаш пушеле — се откажале!

Меѓутоа, тутунските компании имаат огромни буџети за рекламирање и даваат отпор. Намалувањето на пушењето стагнирало. Џозеф А. Калифано, јуниор, од Центарот за зависност и злоупотреба на супстанции на Универзитетот Колумбија во Њујорк, рекол: „Најголемата закана за јавното здравство од страна на тутунската индустрија [е] тоа што се служи со реклами и маркетинг што се упатени до децата и тинејџерите кои претставуваат свежа жетва на зависници од нејзините смртоносни производи“.

The Journal of the American Medical Association навел: „Се пресметува дека 3.000 млади луѓе, повеќето деца и адолесценти, секој ден стануваат редовни пушачи. Тоа претставува околу 1 милион нови пушачи кои секоја година делумно заменуваат отприлика 2 милиони пушачи кои или се откажуваат или умираат годишно“.

Повеќе од половина од сите пушачи во САД започнуваат до својата 14-та година. Дејвид Кеслер, комесар на Управата за храна и лекови на САД, рекол дека од 3.000-те деца кои почнуваат да пушат секој ден, скоро 1.000 на крајот умираат од болести поврзани со пушењето.

Ако таквите цифри Ве вознемируваат, би било добро да запомните дека нашите деца го следат нашиот пример. Ако не сакаме тие да пушат, и ние не смееме да пушиме.

Прекуморски продажби

Иако потрошувачката на цигари во САД опаднала, странскиот пазар расте. Los Angeles Times известил дека „извозите се зголемиле за повеќе од три пати и дека се покачиле продажбите од тутунските фабрики на САД во странство“. The New England Journal of Medicine навел дека во земјите во развој „се става мал нагласок на опасностите од пушењето“, дозволувајќи им на тутунските компании „бргу да продрат на странските пазари“.

Сепак, Патрик Рејнолдс, син на Р. Џ. Рејнолдс, јуниор, и потомок на основачот на компанијата која произведува цигари Камел и Винстон, рекол дека секој петти смртен случај во Соединетите Држави се должи на пушењето. Се известува дека според Рејнолдс пушењето годишно предизвикува повеќе смртни случаи отколку кокаинот, алкохолот, хероинот, пожарот, самоубиствата, убиствата, СИДА-та и автомобилските несреќи заедно и дека тоа е единствена причина за смрт, болест и зависност во нашата ера, која има најголеми можности да се спречи.

Дали изгледа чудно тоа што нацијата која му помогна на светот да научи да пуши сега развива сѐ поголем национален отпор против тутунот? Ако е така, можеби би било добро да се запрашаме: ‚Кој би знаел најдобро?‘

Списанието Modern Maturity известило за една жена која пушела повеќе од 50 години. Таа рекла: „Кога си зависен, тогаш зависен си“. Но таа се ослободила од мистиката која во почетокот ја натерала да пуши, ги анализирала своите изговори да продолжи и се откажала.

“Пробајте“, напишала таа. „Чувството е прекрасно.“

[Истакната мисла на страница 28]

„Пресметано е дека во текот на 1990-тите години во развиените земји тутунот ќе предизвика отприлика 30 проценти од сите смртни случаи кај оние од 35 до 69-годишна возраст, со што станува најголемата причина за предвремена смрт во развиениот свет“ (NEW ENGLAND JOURNAL OF MEDICINE).

[Рамка/слика на страница 29]

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ НА ОПАСНОСТИТЕ ОД РАК

Следниве предупредувања се од брошурите Facts on Lung Cancer (Факти во врска со ракот на белите дробови) и Cancer Facts & Figures—1995 (Факти и цифри за ракот — 1995) на Американското друштво за рак:

• „Сопругите непушачи имаат 35% поголем ризик да заболат од рак на белите дробови ако нивните сопрузи пушат.“

• „Се пресметува дека 90% од случаите на рак на белите дробови кај мажите и 79% кај жените се предизвикани од пушење цигари.“

• „За еден пушач кој преку 40 години пуши по две кутии цигари на ден, стапката на смртност од рак на белите дробови е околу 22 пати повисока отколку кај непушачот.“

• „Најдобрата заштита од рак на белите дробови е никогаш да не се почне со пушење или веднаш да се прекине.“

• „Не постои такво нешто како безопасна цигара.“

• „Користењето тутун за џвакање или за вшмркување го зголемува ризикот од рак на устата, гркланот, грлото и хранопроводот и претставува многу зависна навика.“

• „Додатниот ризик од рак на образот и на непцата може да се зголеми скоро педесет пати кај долгорочните корисници на тутун за вшмркување.“

• „Луѓето кои се откажуваат од пушењето, без разлика на возраста, живеат подолго од луѓето кои продолжуваат да пушат. Пушачите кои се откажуваат пред 50-годишна возраст имаат половина помал ризик да умрат во следните 15 години во споредба со оние кои продолжуваат да пушат.“

[Рамка/слика на страница 31]

ДИЛЕМАТА НА ЗЕМЈОДЕЛЕЦОТ

Со генерации тутунот ги издржувал семејствата чии фарми се премали да обезбедат плата доволна за да се опстане со која и да било друга култура. Овој факт очигледно создава проблем на совеста на многу луѓе. Стенли Хауервас, професор по теолошка етика на Универзитетот Дјук, училиште кое го основал еден тутунски магнат, рекол: „Мислам дека големата агонија на луѓето кои одгледуваат тутун е . . . тоа што кога почнале да го одгледуваат, не знаеле дека тутунот некого ќе убие“.

[Слика на страница 30]

Димот не останува во одделот за пушачи

[Слика на страница 30]

Пушењето за време на бременоста е одговорно за околу 10 проценти од сите смртни случаи кај бебињата

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели