ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g97 8/10 стр. 3
  • Исхраната — предмет на загриженост

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Исхраната — предмет на загриженост
  • Разбудете се! 1997
  • Сличен материјал
  • Да се избере здрава исхрана
    Разбудете се! 1997
  • Како да се хранам здраво?
    Младите прашуваат
  • Кога поголемото не е подобро
    Разбудете се! 1997
  • Дебели деца — има ли решение?
    Разбудете се! 2012
Повеќе
Разбудете се! 1997
g97 8/10 стр. 3

Исхраната — предмет на загриженост

„ОДИ, јади го радосно лебот свој“, вели Библијата во Проповедник 9:7. Јадењето навистина не е само неопходност туку и едно од најголемите задоволства во животот.

Земете го предвид 34-годишниот Томас. Тој ужива во месото. И го јаде секој ден — честопати неколку пати на ден. Неговиот типичен појадок вклучува млеко, неколку јајца, леб или тост премачкан со путер и колбас или сланина. На местата за брза храна, тој нарачува чизбургер, помфрит и милк-шеик. Кога јаде надвор од дома, си избира бифтек како главно јадење. Неговиот омилен ресторан служи бифтек од 680 грама и печен компир посипан со кисела павлака, токму онака како што сака тој. Чоколадна торта прелиена со чоколаден сладолед е неговиот омилен десерт.

Томас е висок 178 сантиметри и тежи 89 килограми; според упатствата за исхрана на владата на САД за 1995, тој има вишок тежина од 9 килограми. „Не се чувствувам неугодно поради мојата тежина“, вели Томас. „Моето здравје е одлично. Не сум пропуштил ниту еден ден од работа во последните 12 години. Поголем дел од времето се чувствувам добро и енергично — освен, се разбира, откако ќе изедам бифтек од 680 грама.“

Но, дали исхраната на Томас би можела да влијае врз него на лошо, полека правејќи го кандидат за срцев удар? Во својата книга How We Die, д-р Шервин Нуланд зборува за ‚начини на живеење кои се самоубиствени‘ и во нив ја вклучува и исхраната со ‚црвено месо, огромни парчиња сланина и путер‘.

Како некоја одредена храна води до срцево заболување кај многумина? Што има во неа што ја предизвикува опасноста? Пред да дискутираме за овие прашања, ајде поблизу да ги погледнеме ризиците по здравјето од вишокот тежина.

[Слика на страница 3]

Зошто таквата исхрана е предмет на загриженост?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели