ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g00 8/2 стр. 30
  • Набљудување на светот

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Набљудување на светот
  • Разбудете се! 2000
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Брзите лебарки
  • Web страница водич за молитва
  • Киселината и расипувањето на забите
  • Папски индулгенции
  • Гестикулирање за да се најде вистинскиот збор
  • Вистината за гревот
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Треба ли да се крштаваат бебиња?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
Разбудете се! 2000
g00 8/2 стр. 30

Набљудување на светот

Брзите лебарки

Секој што се обидел да фати лебарка знае дека тоа не е лесно. Во што е нивната тајна? Како прво, ситните влакненца на двете страни од стомакот го регистрираат и најслабото движење на воздухот предизвикано од непријателите и го откриваат правецот од кој доаѓа. Исто така, изгледа дека нивниот нервен систем е многу ефикасен, бидејќи на лебарките им треба само една стотинка од секундата за да реагираат и да избегаат. Денес, со помош на забрзана снимка, Џефри Камхи и неговите колеги од хебрејскиот универзитет во Ерусалим дознале нешто повеќе, известува весникот Berliner Morgenpost. Тие откриле дека лебарките можат да трчаат со брзина од еден метар во секунда и со оваа брзина можат да го променат правецот дури и 25 пати во секунда. „Не ни е познато за чувство за ориентација кај некое друго животно кое може толку често да го врти телото“, рекол Камхи, цитиран во New Scientist. „Ако лебарките не беа толку несакани гости во домот, несомнено ќе го добиеја восхитувањето кое сосема го заслужуваат“.

Web страница водич за молитва

Неодамна Англиканската црква издаде своја Web страница на Интернет. На неа има упатства за тоа како да се кажуваат молитви. Тврдејќи дека Бог ја слуша секоја молитва, црквата ги поттикнува луѓето да бидат креативни кога се молат. „Користете музика, камен, пердув, цвет или свеќа како помош за да се сконцентрирате“ и „користете ја раката. Прстите можат да служат за да се сетите за кои различни работи да се молите.“ На пример, се вели дека палецот, бидејќи е најсилниот прст, може да укажува на молитва за работи што се јаки во Вашиот живот, како што се домот и семејството. Високиот среден прст би можел да Ве потсети да се молите за „луѓето кои имаат власт во светот“, а најмалиот прст би можел да Ве потсети да се „молите за себеси“. Коментирајќи за овие новитети, The Times вели: „Содржината на Web страницата е показател за тоа колку Црквата смета дека нацијата станала секуларизирана. Тој го изедначува кажувањето молитви со држење диета или плевење во градината: ‚Најдобро е малку и често, но не се откажувајте‘“.

Киселината и расипувањето на забите

„Луѓето не треба да мислат дека само шеќерот предизвикува кариес и треба да се сосредоточат на храната која остава киселост во устата“, вели Мајк Едгар, еден од авторите на Oral Health: Diet and Other Factors (Орално здравје: исхраната и другите фактори). Овој извештај ги советува луѓето кои за појадок пијат овошен сок од портокал или, пак, јадат кисела храна, да ги исчеткаат забите барем половина час после тоа. Зошто? Затоа што, кога киселоста во устата ќе се искачи над извесно ниво, забната глеѓ омекнува и четкањето ќе почне да ја струга горната површина. Наместо тоа, се препорачува да се неутрализира нивото на киселина со јадење храна која е богата со протеини, како што е сирењето и кикириките, но не подоцна од 20 минути по киселата храна, наведува лондонскиот The Times.

Папски индулгенции

За да се прослави милениумот, папата Јован Павле II ја прогласи 2000 година за Света година и им понуди индулгенции на оние кои ќе одат на аџилак во Рим, известува L’Osservatore Romano. Индулгенцијата е начин на кој католиците се ослободуваат од казна за грев. Ватиканскиот весник вели: „Секое добро дело што е извршено под милоста, заслужува награда“. Меѓутоа, истиот весник забележува дека оваа практика покренува и некои интересни прашања, како што се: „Ако Божјата милост на простување им се дава на сите, зошто има потреба Црквата да дава индулгенции?“ и „Ако Црквата може да даде неограничени [апсолутни] индулгенции, зошто се мачи со делумни индулгенции?“

Гестикулирање за да се најде вистинскиот збор

„Новото истражување покажува дека гестовите честопати им помагаат на говорниците да ги пронајдат зборовите кои се складирани во нивната меморија“, известува Newsweek. Иако честопати се користат описни гестови за да се пренесе големината или обликот на некој предмет, некои други гестови, како што е „сечење на воздухот во ритам на реченицата“, имаат поинаква функција. Роберт Краус, професор по психологија на универзитетот во Колумбија, вели дека ваквите гестови „им помагаат на луѓето да ги пронајдат тешките зборови во нивната меморија“ со отклучување на она што тој го нарекува „лексичка меморија“. Истражувачите ја споредуваат оваа меморија со кодирањето што настанува кога извесен мирис, вкус или звук е поврзан со некој настан. На пример, исто како што мирисот на некој парфем може да Ви ги врати спомените на Вашата баба, гестикулирањето може да отвори слична „врата“ за некој збор, вели неврологот Брајан Батерворт.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели