ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g00 8/11 стр. 4-8
  • Зошто да се избегнува спиритизмот

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Зошто да се избегнува спиритизмот
  • Разбудете се! 2000
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Дали мртвите се живи?
  • Комуникација — со кого?
  • Како да им се спротивставиме на злите духови
  • Првиот чекор
  • Вториот чекор
  • Третиот чекор
  • Можете да успеете
  • Спротивстави им се на злите духовни сили
    Спознание кое води до вечен живот
  • Моќта на злите духови
    Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата
  • Јехова ќе ти помогне да им се спротивставиш на злите духови
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2019
  • Духовни суштества — како влијаат врз нас
    Што навистина учи Библијата?
Повеќе
Разбудете се! 2000
g00 8/11 стр. 4-8

Зошто да се избегнува спиритизмот

АКО Ве учеле дека некои облици на спиритизам се еден начин да контактирате со добрите духови, можеби ќе се изненадите кога ќе дознаете што вели Библијата во врска со спиритизмот. На пример, во неа стои: „Не обратувај им се на повикувачите на духови и на волшебниците. Тие би ве онечистиле“ (Левит 19:31; 20:6, 27).

Всушност, Библијата вели дека лицето кое практикува спиритизам „му се гади на Господа“ (Второзаконие 18:11, 12). Зошто? Подеталното разгледување на она што го вели Библијата во врска со едно од главните обележја на спиритизмот — наводната комуникација со мртвите — ќе ни одговори на ова прашање.

Дали мртвите се живи?

Спротивно на она што го мислат многу луѓе, Божјата реч, Библијата, поучува дека не е возможно луѓето да комуницираат со своите сакани кои умреле. Зошто? Па, ако некој зборува со мртвите, тогаш мртвите мора, всушност, да се живи. Мора да постои некој дел од нив кој ја преживува смртта. Некои тврдат дека душата продолжува да живее откако ќе умре телото. Дали ова е вистина?

Библискиот извештај за создавањето на човекот вели: „Господ, Бог, го обликува човекот од земниот прав и му дувна здив на живот во носалките. Така човекот стана жива душа“ (Битие 2:7). Зарем ова не покажува дека самиот човек е душа и дека тој нема бесмртна душа која продолжува да живее откако ќе умре телото? Всушност, Писмото вели: „Која душа греши, таа ќе умре“ (Језекиил 18:4, СП). „Живите барем знаат дека ќе умрат, а мртвите не знаат ништо . . . нема ни дела, ни умување, ни сознавање, ни мудрост во Подземјето“, општиот гроб на човештвото (Проповедник 9:5, 10).

Значи, според она што го вели Библијата, душата не е нешто што ја преживува смртта на телото за потоа живите луѓе да можат да комуницираат со неа. Еве два примера на познати библиски изучувачи кои дошле до заклучок дека душата умира. Канадскиот теолог Кларк Х. Пинок ја дал следнава забелешка: „Овој концепт [дека човечката душа е бесмртна] влијаел на теологијата во еден долг, долг период, но не е библиски. Библијата не поучува дека душата по природа е бесмртна“. На сличен начин, британскиот изучувач Џон Р. Скот изјавил: „Бесмртноста — а според тоа и неуништливоста — на душата е грчки, а не библиски концепт“.

Меѓутоа, факт е дека луѓето добиваат пораки и слушаат гласови кои навидум доаѓаат од мртвите. Тогаш, кој е тој што зборува?

Комуникација — со кого?

Во Библијата се раскажува дека една невидлива духовна личност употребила една змија, исто како што еден куклар користи кукла, за да комуницира со првата жена, Ева, и ја навел да се побуни против Бог (Битие 3:1—5). Библијата ја нарекува оваа духовна личност, односно ангел, ‚празмија, кој се вика Ѓавол и Сатана, кој ја заведува целата населена земја‘ (Откровение 12:9). Токму тој, Сатана, успеал да наговори и други ангели да се побунат (Јуда 6). Овие злобни ангели се наречени демони и тие се Божји непријатели.

Библијата покажува дека демоните имаат моќ да влијаат врз луѓето (Лука 8:26—34). Затоа, не зачудува тоа што Божјиот закон вели: „Кај тебе нека не се најде некој . . . кој би баел, кој би повикувал духови и души на предците или кој би се обраќал на покојниците. Зашто му се гади на Господа, секој што прави нешто такво“ (Второзаконие 18:10—12). На какви ризици се изложува оној што го игнорира овој закон?

Еден вистински настан од животот на цар Саул од древниот Израел ни дава одговор на ова прашање. Заради тоа што се уплашил од своите непријатели, цар Саул побарал спиритистички медиум. Ѝ рекол да стапи во контакт со мртвиот пророк Самоил. Кога спиритистичкиот медиум му дал опис на еден стар човек, Саул претпоставил дека тој дух е Самоил. Каква порака добил Саул? Дека Израел ќе биде предаден во рацете на непријателите, а Саул и неговите синови ќе бидат со „Самоил“, што укажувало на тоа дека тие ќе умрат (1. Самоил 28:4—19). Како реагирал Бог на одлуката на Саул да се консултира со спиритистички медиум? Писмото ни кажува: „Така загина Саул за своето беззаконие . . . и врз тоа ја праша за совет бајачката“ (1. Летописи 10:13). Колку висока цена платил!

И денес, оние што се занимаваат со спиритизам се изложуваат на голем ризик. Библијата предупредува дека „оние кои практикуваат спиритизам“ ќе ја доживеат „втората [односно, вечна] смрт“ (Откровение 21:8; 22:15). Значи, сосема е јасно дека е мудро и животоважно да се избегнува спиритизмот во сите негови облици.

Како да им се спротивставиме на злите духови

Што ако веќе сте се занимавале со спиритизам? Тогаш, ќе биде добро веднаш да преземете некои чекори за да се заштитите себеси и своето семејство од штетата што можат да Ви ја нанесат злите духови. Какви чекори? Да илустрираме: Како може некој да го заштити својот дом и своето семејство од штетници? Откако ќе ги отстрани од куќата, тој се ослободува и од оние работи кои ги привлекуваат штетниците. Ги затвора пукнатините и ги зајакнува ѕидовите за да спречи да навлезат штетниците, а ако продолжат да му додеваат, може да побара помош од локалните власти за да го реши тој проблем.

Нешто слично може да Ви помогне да им се спротивставите на злите духови и да се ослободите од нив. Да го разгледаме примерот на христијаните од првиот век кои живееле во Ефес и се занимавале со спиритизам пред да станат христијани. Откако одлучиле да се ослободат од спиритизмот, презеле три чекори за да се заштитат од нападите на злите духови кои се како штетници. Што направиле тие?

Првиот чекор

Библијата објаснува: „Мнозина од оние кои се занимаваа со магија ги собраа своите книги и ги изгореа пред сите“ (Дела 19:19). Уништувајќи ги своите гатачки книги, тие нови христијани дале пример за сите кои сакаат да им се спротивстават на злите духови денес. Ослободете се од сите предмети кои се поврзани со спиритизам. Во тоа спаѓаат сите книги, списанија, стрипови, видеокасети, постери, електронски материјали и музички снимки кои имаат врска со спиритизмот, како и амајлии и други предмети кои се носат заради „заштита“ (Второзаконие 7:25, 26; 1. Коринќаните 10:21).

Еден човек од Јужна Америка кој со децении бил длабоко вплеткан во спиритизам го прифатил овој совет од Писмото. „Еден ден“, се сеќава тој, „пред мојата куќа ги собрав сите мои работи кои беа поврзани со спиритизмот, зедов една секира и ги изделкав на парчиња“. Потоа ги запалил сите. Оттогаш добро напредувал духовно и по кратко време станал ревносен слуга во едно од собранијата на Јеховините сведоци.

Сепак, овој прв чекор не е доволен. Зошто? Па, дури и после неколку години откако христијаните во Ефес ги уништиле своите книги поврзани со магија, апостол Павле напишал: „Ние . . . водиме борба против . . . злите духовни сили на небесните места“ (Ефешаните 6:12). Демоните не се откажале. Тие сѐ уште настојувале да надвладеат. Што друго требало да направат тие христијани?

Вториот чекор

Павле ги поттикнал ефешаните од првиот век: „Облечете ја потполната воена опрема од Бог за да можете цврсто да стоите против лукавите дела на Ѓаволот“ (Ефешаните 6:11, фуснота). Овој совет важи и денес. Исто како човекот кој се обидува да ги истера штетниците од својот дом, христијанинот мора да ги зајакне своите одбранбени сили кои се како ѕид за да остане вон дофат на злите духови. Што вклучува овој втор чекор?

„Пред сѐ“, нагласува Павле, „земете го големиот штит на верата, со кој ќе можете да ги изгаснете сите огнени стрели на злобниот“ (Ефешаните 6:16). Овој штит е неопходен. Колку е појака Вашата вера, толку појак отпор ќе им дадете на злите духовни сили (Матеј 17:20).

Затоа, како можете да ги зајакнете своите заштитни одбранбени сили? Со тоа што ќе продолжите да ја проучувате Библијата. На кој начин библиската студија е поврзана со верата? Па, исто како што цврстината на еден ѕид многу зависи од јачината на неговиот темел, така и цврстината на нечија вера многу зависи од јачината на нејзината основа. Која е таа основа?

Точното спознание за Божјата реч. Апостол Павле објаснува: „Верата доаѓа од она што се слуша. А она што се слуша е преку речта за Христос“ (Римјаните 10:17). Ве повикуваме да замолите некој Јеховин сведок за бесплатна библиска студија во термин и место што Ви одговара Вам. Ваквата студија ќе ја зајакне Вашата вера (Римјаните 1:11, 12; Колошаните 2:6, 7). Со каков резултат? По кратко време Вашата вера ќе стане како бедем кој ќе служи како штит против влијанието на злите духови (Псалми 91:4; 1. Јованово 5:5).

Кој е третиот чекор што морале да го направат христијаните во Ефес?

Третиот чекор

Во древниот Ефес, новите верници презеле чекори да им се спротивстават на злите духови, но тие христијани сѐ уште живееле во град кој бил преплавен со демонизам. Им требала дополнителна заштита. Затоа, кога апостол Павле им пишувал писмо на своите соверници, им кажал што да прават: „[Молете се] со секаков облик на молитва и преколнување во духот во секоја прилика. И за таа цел, останете будни со сета постојаност и со преколнување во корист на сите свети“ (Ефешаните 6:18).

Се разбира, силните и постојани молитви за Јеховина заштита биле, и сѐ уште се, еден одлучен чекор кој е неопходен за да се заштитиме од злите духови. Утешително е да се знае дека Јехова ќе одговори на Вашите срдечни преколнувања со тоа што ќе Ви даде заштита, вклучувајќи ја и поддршката од неговите ангели (Псалми 34:7; 91:2, 3, 11, 14; 145:19). Затоа, многу е важно постојано да го молиме Бог: „Избави нѐ од злобниот“ (Матеј 6:13; 1. Јованово 5:18, 19).

Антонју, поранешен спиритистички медиум од Бразил, ја сфатил вредноста на молитвата. Откако прифатил библиска студија и дознал дека Бог се вика Јехова, почнал горливо да го моли Јехова Бог за помош да прекине со спиритизмот. Кога ќе размисли за минатото, тој вели: „Молитвите до Јехова беа засолниште за мене и за многу други кои во минатото им робувале на злите духови“ (Пословици 18:10).

Можете да успеете

Неопходно е, откако ќе го запознаете Јехова, да ја положите својата целосна доверба во него, да се подложите на неговиот авторитет и да бидете послушни на неговите заповеди. Ако го направите тоа, кога ќе го молите за помош употребувајќи го неговото лично име, тој ќе Ве заштити. Антонју добил таква заштита. Денес тој е христијански старешина во едно од собранијата на Јеховините сведоци во Сао Паоло и благодарен е што ја пронашол вистината која го ослободила (Јован 8:32).

Исто како Антонју и илјадници други поранешни спиритисти кои сега му служат на Јехова Бог, и Вие можете да успеете да се ослободите од спиритизмот. Затоа, фрлете ги сите предмети што се поврзани со спиритизам, зајакнете ја својата вера преку библиска студија и молете се за заштита од Јехова. Преземете ги овие чекори — во прашање е Вашиот живот!

[Истакната мисла на страница 5]

Според Библијата, живите не можат да комуницираат со мртвите

[Слика на страница 6]

1. Ослободете се од сите предмети што се поврзани со спиритизам

[Слика на страница 7]

2. Продолжете да ја проучувате Библијата

[Слика на страница 8]

3. Молете се интензивно и често

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели