ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g01 8/12 стр. 10-14
  • Како можете да помогнете

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како можете да помогнете
  • Разбудете се! 2001
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Помирување со ситуацијата
  • Склоност да се обвинува
  • Да се даде поддршка
  • Да се откријат корените
    Разбудете се! 2001
  • Утеха за потиштените
    Утеха за потиштените
  • Депресија кај тинејџерите — што може да помогне?
    Разбудете се! 2017
  • Да се препознаат знаците
    Разбудете се! 2001
Повеќе
Разбудете се! 2001
g01 8/12 стр. 10-14

Како можете да помогнете

„На депримираните деца им е потребна помош. Но, децата не можат сами да ја добијат таа помош. Некој возрасен мора прво да го препознае проблемот и сериозно да го сфати. Тоа е тешко да се направи“ (Д-р Марк С. Голд).

ШТО можете да направите ако се сомневате дека Вашиот тинејџер е во депресија? Прво, немојте избрзано да доаѓате до таков заклучок. Симптомите може да укажуваат и на нешто сосема друго.a Освен тоа, сите млади одвреме навреме минуваат низ периоди на променливо расположение. Но, ако таквата состојба потрае и изгледа дека е повеќе од привремен пад, можеби ќе биде најдобро да се консултира лекар. Во овој поглед добро е да се имаат на ум Исусовите зборови: „На здравите не им треба лекар, туку на болните“ (Матеј 9:12).

Отворено кажете му ги на лекарот сите корисни информации што ги знаете, вклучувајќи ги и најновите промени во животот на тинејџерот што може да придонесат за неговата или нејзината апатичност. Проверете дали лекарот одвоил доволно време да ги чуе симптомите пред да постави дијагноза. „Невозможно е да се соберат сите потребни информации за да се даде целосна проценка на детето само на еден преглед од 20 минути“, предупредува д-р Дејвид Џ. Фаслер.

Слободно поставете му ги на лекарот сите прашања што ги имате. На пример, ако лекарот смета дека Вашиот тинејџер има клиничка депресија, прашајте го зошто ги исклучил другите дијагнози. Ако се сомневате во проценката на лекарот, кажете му дека би сакале да чуете и друго мислење. Се разбира, ниеден чесен и искрен лекар нема да Ве одвраќа од тоа.

Помирување со ситуацијата

Ако Вашиот тинејџер има клиничка депресија, не срамете се од тоа. Факт е дека и најдобрите млади можат да западнат во депресија. Впрочем, Библијата покажува дека некои што давале сѐ од себе да му служат на Бог биле измачувани од болни емоции, без оглед на нивната возраст. Да размислиме за верниот Јов, кој се чувствувал напуштен од Бог и затоа изразил презир кон животот (Јов 10:1; 29:2, 4, 5). Ана му служела на Бог, но била толку „јадосана во душата“ што не можела да јаде (1. Самоил 1:4—10). Потоа, тука е и побожниот човек Јаков, кој многу денови ја оплакувал смртта на својот син и ‚не можел да се утеши‘. Освен тоа, Јаков изразил желба да му се придружи на својот син во гробот! (Битие 37:33—35). Значи, емоционалната болка не е секогаш резултат на некој духовен недостаток.

Сепак, депресијата кај тинејџерот може да биде многу тешка за родителите. „Одам по емоционално затегнато јаже“, вели мајката на една депримирана тинејџерка. „Загрижена сум, исплашена, непријателски настроена, гневна и истоштена.“ Друга мајка признава: „Ќе излезев и ќе видев мајка како пазарува со својата ќерка тинејџерка и ми се кинеше срцето затоа што чувствував дека го изгубив тоа со [мојата ќерка] и дека никогаш повторно нема да го имам“.

Таквите чувства се нормални. Но, понекогаш можат да бидат неиздржливи. Ако се случи тоа, зошто не му се доверите на некој доверлив пријател? Во Пословици 17:17 стои: „Пријателот љуби во секое време, а во неволја станува и брат“. Исто така, не запоставувајте ја молитвата. Библијата нѐ уверува дека, ако го фрлиме својот товар врз Бог, тој ќе нѐ поткрепи (Псалм 55:22).

Склоност да се обвинува

Многу родители на депримирани тинејџери се многу обесхрабрени и сметаат дека на некој начин се виновни за таквата ситуација. „Кога Вашето дете е депримирано“, признава еден родител, „Вие чувствувате вина и никој не може да Ви каже нешто друго. Постојано се прашувате: ‚Каде згрешивме? Кога се сменија работите? Како придонесов јас за ова?‘“ Како можат родителите да задржат урамнотежено размислување во овој поглед?

Нема сомневање дека строгата атмосфера во домот може неповолно да се одрази врз детето. Од добри причини, Библијата ги опоменува татковците: „Вие татковци, не раздразнувајте ги своите деца за да не станат малодушни“ (Колошаните 3:21). Според тоа, ќе биде добро родителите да анализираат какви методи користат во постапките со своите деца и да направат преиначување каде што е потребно. Но, депресијата не е секогаш резултат на лошо родителство. Всушност, ова заболување може да се јави и во домови во кои владее голема љубов. Затоа, родителите што прават сѐ што можат да им помогнат на своите деца, не треба да се чувствуваат виновни.

Подеднакво е важно да не се обвинува ниту депримираниот тинејџер. Тој веројатно нема голема контрола над болеста. „Никогаш не би го обвинувала што има сипаници или пневмонија“, вели една мајка. „Но, токму тоа го сторив со депресијата“, признава таа. „Го обвинив моето дете заради тоа што е болно — и затоа се чувствувам ужасно.“ Ако депресијата ја сметаат за болест наместо за слабост, родителите и другите ќе можат да се сосредоточат на тоа како да му помогнат на заболениот.

Подигањето депримиран тинејџер може да создаде голема напнатост во односот меѓу родителите. „Се обвинувавме еден со друг“, вели една сопруга, „особено кога ќе помислевме на животот што очекувавме да го имаме и животот што го имавме заради нашиот син.“ Тим, чија ќерка има депресија, признава: „Лесно е да го обвиниш сопружникот. Ако родителите имале брачни проблеми пред детето да почне да покажува знаци на депресија, збунувачкото однесување на детето би можело да биде последната капка.“ Не дозволувајте депресијата на детето да предизвика раздор во Вашиот брак! Навистина, не се постигнува многу ако се обвинува некого — сеедно дали се обвинувате себеси, Вашето дете или сопружникот. Најважно е да му се помогне на оној што страда.

Да се даде поддршка

Библијата ги опоменува христијаните: „Зборувајте им утешно на депримираните души“ (1. Солуњаните 5:14). Ако депримираниот младинец го мачат чувства на ниска самопочит, можете да помогнете. Како? Сигурно не со тоа што ќе давате осудувачки изјави, како на пример: „Не би требало да се чувствуваш така“ или „Имаш погрешен став“. Наместо тоа, настојувајте да се соживеете покажувајќи „сочувство“ (1. Петрово 3:8). Павле ги опоменал христијаните ‚да плачат со оние кои плачат‘ (Римјаните 12:15). Запомнете, личноста што е вистински депримирана чувствува голема болка. Таа болка не е измислена ниту лицето се преправа за да привлече внимание. Откако ќе го сослушате, обидете се да му помогнете на оној што страда да ви се отвори. Прашајте зошто се чувствува така. Потоа, нежно и стрпливо помогнете му на тинејџерот да види зошто не е оправдана таквата ниска проценка на себеси. Уверувањето во Божјата љубов и милост може да му помогне на болниот да му олеснат грижите (1. Петрово 5:6, 7).

Можете да преземете и други практични чекори. На пример, можеби ќе треба да се погрижите депримираниот тинејџер доволно да се одмора, да јаде и да вежба (Проповедник 4:6). Ако му се препишани лекови, би било мудро да му се помогне на тинејџерот да сфати колку е важно да ги зема. Никогаш не престанувајте да давате поддршка и да покажувате љубов.

Мора да се признае, депресијата кај тинејџерот може да биде тешко искуство и за болниот и за целото семејство. На крајот, стрпливоста, истрајноста и љубовта ќе дадат темел да им се помогне на депримираните тинејџери.

[Фуснота]

a Се известува дека некои болести — вклучувајќи мононуклеоза, дијабетес, анемија, хипотироидизам и хипогликемија — можат да предизвикаат симптоми слични на депресија.

[Истакната мисла на страница 11]

Оној што е вистински депримиран чувствува голема болка. Таа болка не е измислена

[Рамка на страница 13]

АКО СИ ДЕПРИМИРАН ТИНЕЈЏЕР

Не си сам и твојата ситуација воопшто не е безнадежна. Твојата депресија можеби е поврзана со 1) биохемиска нерамнотежа или со 2) околности во животот над кои имаш мала или, пак, немаш никаква контрола. Како и да е, ти не си виновен за твојата состојба. Сепак, што можеш да сториш?

Библијата наведува дека „има и пријател поприврзан од брат“ (Пословици 18:24). Зошто не најдеш таков пријател за да му ги излееш своите чувства? Еден од твоите родители или некое друго зрело возрасно лице може да ти биде најголем сојузник во борбата против депресијата.

Ако твоите родители се сомневаат дека страдаш од клиничка депресија, можеби ќе те одведат кај некој лекар што е искусен во лекувањето на оваа болест. Ова е мудар чекор, бидејќи честопати депресијата може да биде многу олеснета со лекување, таму каде што тоа може да се добие. На пример, кога се работи за хемиска нерамнотежа, може да се препишат антидепресанти. Ако е така во твојот случај, не срами се да земаш лекови. Тие едноставно повторно ја воспоставуваат исправната хемиска рамнотежа на телото, а тоа може да биде клучот што ќе ти помогне да вратиш дел од радоста и стабилноста во твојот живот.

Мнозина од оние што страдаат од депресија се утешиле читајќи ја Библијата и приближувајќи му се на Бог преку молитва. Библијата нѐ уверува: „Господ е близу до оние што се со скрушени срца, и ги спасува оние, што се со покајнички дух“b (Псалм 34:18).

[Фуснота]

b За повеќе информации, види ја статијата „Младите прашуваат . . . Дали да кажам некому дека сум во депресија?“, што излезе во изданието на Разбудете се! од 8 февруари 2001.

[Рамка/слика на страница 14]

ПОМОШ И НАДЕЖ ЗА ОНИЕ ШТО СТРАДААТ

Бидејќи депресијата е комплексна тема, во оваа кратка серија статии не можат да се разгледаат сите нејзини аспекти. Сепак, издавачите на Разбудете се! се уверени дека мислите што се изнесени можат да им помогнат на тинејџерите и на нивните родители да го поднесат ова изнемоштувачко заболување.

Можеби забележавте дека голем дел од водството во претходната статија се темели на Библијата. Точно е, таа е стара книга. Сепак, нејзините совети се подеднакво практични денес како што биле тогаш кога биле запишани. Зошто? Затоа што, иако времињата се промениле, човечката природа не се променила. Се соочуваме со истите основни спорни прашања со кои се соочувале претходните генерации. Разликата е во тоа што денес овие проблеми се поголеми и многу подалекосежни.

Меѓутоа, има уште една причина зошто Библијата е многу практична: Таа е инспирирана од Бог (2. Тимотеј 3:16). Како наш Творец, тој знае што ни е потребно за потполно да уживаме во животот.

Се разбира, Библијата не е медицински учебник. Затоа, таа не ја отстранува потребата да побараме соодветно медицинско лекување за болестите како што е депресијата. Сепак, Библијата содржи начела што можат да ни помогнат да ги утешиме оние што страдаат. Освен тоа, таа го содржи Божјето ветување дека наскоро ќе ги излечи сите наши болести (Псалм 103:3). Да, Јехова има намера да ‚го оживее срцето на скрушените‘ (Исаија 57:15).

Би сакале ли да дознаете нешто повеќе за оваа величествена надеж? Ве молиме, контактирајте со Јеховините сведоци локално или пишете на соодветната адреса на страница 5 од ова списание.

[Слика на страница 10]

Настојувајте да покажувате сочувство

[Слика на страница 11]

Ако депресивното расположение кај тинејџерот потрае, мудро е да се консултира лекар

[Слики на страница 12]

Како родител, немојте избрзано да се обвинувате себеси, својот сопружник или тинејџерот

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели