ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g02 8/8 стр. 25-27
  • Хранливи производи што Ви се на дофат

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Хранливи производи што Ви се на дофат
  • Разбудете се! 2002
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Лоша исхрана — колку е раширена?
  • Како да ја подобрите исхраната
  • Да се избере здрава исхрана
    Разбудете се! 1997
  • Како да се хранам здраво?
    Младите прашуваат
  • Јадете зеленчук!
    Разбудете се! 2001
  • Како да го заштитите своето здравје
    Разбудете се! 1999
Повеќе
Разбудете се! 2002
g02 8/8 стр. 25-27

Хранливи производи што Ви се на дофат

ОД ДОПИСНИКОТ НА РАЗБУДЕТЕ СЕ! ВО МЕКСИКО

АНХЕЛИКА и нејзиното десетчлено семејство живееле во едно мало земјоделско гратче во државата Оаксака, во Мексико. Тие биле сиромашни, а нивната исхрана се состоела од пченкарни тортиљи, мешунки, сосови од феферонки, водникав ориз, сладок леб и чај. „Не бевме многу високи“, вели Анхелика. „Бевме ниски и слаби. Често се разболувавме — стомачни проблеми, паразити и настинки.“

Анхелика и нејзиното семејство одлучиле да се преселат во Мексико Сити, надевајќи се дека ќе најдат работа што ќе им овозможи да ја подобрат својата економска ситуација. Таа смета дека нивната исхрана сега е многу подобра затоа што вклучува млеко, јајца, месо, кајмак, зеленчук и различни преработени јадења. Но, дали нивната исхрана навистина станала похранлива?

Лоша исхрана — колку е раширена?

Во целиот свет, околу 800 милиони луѓе се во опасност да умрат поради неисхранетост. Според Извештајот на Светската здравствена организација (СЗО) од 1998, околу 50 проценти од сите смртни случаи кај децата помали од пет години се поврзани со неисхранетост. Дури и оние што успеваат да преживаат, честопати се со лошо здравје.

Од друга страна, пак, некои тврдат дека 800 милиони луѓе се во опасност да умрат од премногу јадење. Неурамнотежената исхрана може да води до хронични болести како што се згоеност, атеросклероза, висок крвен притисок, дијабетес, цироза и различни видови рак. Сумирајќи ја целата работа, СЗО наведува: „Лошата исхрана опфаќа широк спектар на болести, вклучувајќи недоволна исхрана, недостаток на специфични хранливи состојки и претерано јадење; таа убива, осакатува, ретардира, создава инвалиди, ослепува и го спречува развојот на човекот во навистина големи размери во целиот свет“.

Во една иста земја може да има појава и на недоволна исхрана и згоеност. Во еден ист дом, може да постои и лоша исхрана на малите деца и хронични проблеми со згоеноста кај возрасните. Во некои случаи истата личност што била недоволно исхранета како дете е згоена како возрасен човек. Последново може да им се случи на оние што се селат од село во град.

Многу луѓе не ја разбираат врската помеѓу нивната здравствена состојба и навиките на исхрана. Тоа можеби е така затоа што влијанието на лошата исхрана врз здравјето не се гледа веднаш. Но, здравата исхрана може да спречи многу болести. Всушност, СЗО проценува дека 40 проценти од случаите на рак би можеле да се спречат со подобри навики на исхрана и со вежби. Но, како можете да ја подобрите исхраната?

Како да ја подобрите исхраната

Некои сметаат дека храната е поделена во три главни групи. Првата група вклучува житарици, како што се пченката, пченицата, оризот, овесот, ’ржот, јачменот и просото, како и кртолестите растенија, во кои спаѓаат компирите, јуката и слатките компири. Овие јагленохидрати брзо снабдуваат со енергија. Втората група вклучува мешунки, како што се гравот, сојата, леќата, сланутокот, гравот, и некои прехрамбени производи од животинско потекло, како што се месото, рибата, јајцата и млекото и млечните производи. Тие се извор на протеини, железо, цинк и некои витамини. Третата група вклучува овошје и зеленчук. Тие нѐ обезбедуваат со неопходните витамини и минерали. Исто така снабдуваат со влакна и енергија и претставуваат единствен природен извор на витамин Ц.

Според д-р Ектор Бурхес, земеник на генералниот директор за исхрана на Државниот институт за исхрана Салвадор Субиран во Мексико (INNSZ), здравата исхрана мора да биде комплетна, доволна и урамнотежена. Тој предлага да „вклучуваме барем по еден прехрамбен производ од секоја група во секој оброк и колку што е можно повеќе да ги менуваме прехрамбените производи што се користат во секоја група, како и начинот на кој се подготвуваат“.

Разгледајте го случајот на Марија. Таа и нејзиното семејство живееле во Атопиксо, селска населба во државата Идалго (Мексико). Тие биле многу сиромашни, а нивната основна исхрана се состоела од тортиљи, мешунки, тестенини, ориз и лути пиперки. За разлика од семејството на Анхелика, спомнато во почетокот, нивната исхрана вклучувала и тиквички, чајоти, печурки и зачини, како што се пеплис и штир, кои главно се собираат по селата. Се труделе одвреме навреме да јадат сезонско овошје. Нивните напори довеле до подобро здравје.

Д-р Адолфо Чавез од Одделот за применета исхрана и образование за исхраната при INNSZ препорачува да се користат животински производи како додаток на јадењата, а не како основа на исхраната. На пример, можете да подготвите оброк што ќе се состои од само неколку јајца во комбинација со компири, зеленчук или грав. „Ова на [полето] на исхраната е познато како ‚проширување‘“, вели д-р Чавез. Меѓутоа, збор на предупредување: Секогаш внимателно мијте ги овошјето и зеленчукот, особено оние што се јадат свежи.

Исхраната исто така мора да му одговара на секој поединец и мора да се земат предвид фактори како што се возраста, полот и начинот на живот. За возрасните, некои предлагаат да јадат две порции овошје и/или зеленчук на секој оброк и да го зголемат консумирањето интегрални житарици и мешунки. Некои препорачуваат извесни прехрамбени производи од животинско потекло да се консумираат само во мали количества на секој оброк, при што предимство ќе се дава на рибата, пилешкото без кожа и посното месо. Исто така, се предлага да се ограничи консумирањето на масти и шеќер.

Дури и оние што живеат во неразвиените земји и се погодени од сиромаштијата понекогаш можат да ја подобрат својата исхрана. Како? Со тоа што ќе избираат хранливи производи, ќе ги менуваат и ќе ги комбинираат како, на пример, со мешање на житарици и мешунки. Со тоа што ќе користат мали количества месо или јајца за да ја зголемат хранливата вредност на оброкот. Со тоа што ќе ги користат зелените растенија што растат во нивното место и сезонското овошје.

Нашиот Творец прави „храна да расте од земјата“ за да ужива човекот (Псалм 104:14, NW). Во Проповедник 9:7, Библијата вели: „Јади го својот леб со радост“. Без сомнение, со урамнотеженост и умереност, можеме да уживаме во користите од вкусните и хранливи производи што ги обезбедил Творецот.

[Слика на страница 26]

ПРВА ГРУПА: жита и кртолести растенија

[Слика на страница 26]

ВТОРА ГРУПА: мешунки, месо, риба, јајца, млеко и млечни производи

[Слика на страница 26]

ТРЕТА ГРУПА: овошје и зеленчук

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели