ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g02 8/10 стр. 28-30
  • Порнографија — само безопасна разонода?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Порнографија — само безопасна разонода?
  • Разбудете се! 2002
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Библијата зборува отворено за сексот
  • Порнографијата го изопачува сексот
  • Библијата и страста
  • Порнографијата расипува
  • Порнографија
    Разбудете се! 2013
  • Зошто порнографијата е штетна?
    Младите прашуваат
  • Порнографијата — безопасна или отровна?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
  • Зошто да не гледам порнографија?
    Младите прашуваат — делотворни одговори, том 2
Повеќе
Разбудете се! 2002
g02 8/10 стр. 28-30

Гледиште на Библијата

Порнографија — само безопасна разонода?

КОГА викторијанските археолози започнале систематски да ги откопуваат древните урнатини на Помпеја, биле шокирани од она што го откриле. Расфрлани насекаде меѓу убавите фрески и уметнички дела имало многу сексуално експлицитни слики и скулптури. Згрозени од нивната шокантна природа, властите ги скриле во тајните музеи. За да ги класифицираат овие експлицитни уметнички дела го измислиле терминот „порнографија“ — од грчкото порне и графос, што значи „пишување за проститутки“. Денес порнографијата се дефинира како „прикажување на еротско однесување во книги, на слики, статуи, филмови итн., со цел да се предизвика сексуална возбуда“.

Во денешно време, порнографијата е многу раширена и изгледа дека ја прифаќаат повеќето луѓе во современово општество. Она што некогаш биле локации на озлогласени кино-сали и јавни куќи, сега се главни центри на многу места. Само во Соединетите Држави порнографијата носи повеќе од десет милијарди долари годишно!

Некои луѓе што се поборници на порнографијата ја унапредуваат како начин да се зачини еден здодевен брак. Една писателка вели: „Таа стимулира активен живот на фантазија. Дава поука за сексуално задоволство“. Други тврдат дека таа охрабрува на искреност и отвореност за работите поврзани со сексот. „Порнографијата им користи на жените“, тврди писателката Венди Мекелрој.

Но, не се согласува секој со тоа. Порнографијата честопати е поврзана со голем број штетни исходи и ставови. Некои укажуваат дека постои врска помеѓу порнографијата и силувањето, како и други облици на насилство над жените и децата. Злогласниот сериски убиец Тед Банди признава дека имал „голема страст за порнографија со насилство“. Тој вели: „Човек не ја гледа веднаш оваа болест ниту, пак, ја идентификува како сериозен проблем . . . Туку овој интерес . . . се зголемува кон работи од сексуална природа што вклучуваат насилство. Не можам доволно да нагласам колку постепено се развива ова нешто. Тоа не се случува за кратко време“.

Во светло на бескрајната дебата и раширеноста на порнографски материјали денес, можеби ќе се прашате: ‚Дали Библијата дава некакво водство во овој поглед?‘

Библијата зборува отворено за сексот

Во Библијата, за работите поврзани со сексот се зборува отворено и без срам (Второзаконие 24:5; 1. Коринќаните 7:3, 4). „Радувај се со жената на својата младост“, советувал Соломон. „Нека те напојуваат нејзините гради во секое време“ (Пословици 5:18, 19). Даден е јасен совет и водство во поглед на сексуалните односи, вклучувајќи ги и границите во кои треба да се имаат. Сексот надвор од брачното уредување е забранет. Истото важи и за сите облици на настрани и перверзни сексуални практики (Левит 18:22, 23; 1. Коринќаните 6:9; Галатите 5:19).

Дури и во овие граници, се очекува воздржување и почит. „Бракот нека биде чесен меѓу сите“, напишал апостол Павле, „и брачната постела нека биде неизвалкана“ (Евреите 13:4). Овој совет е во остра спротивност со намерата и пораката на порнографијата.

Порнографијата го изопачува сексот

Наместо да ги прикаже сексуалните односи како убав и интимен израз на љубовта помеѓу мажот и жената во еден чесен брак, порнографијата го понижува и го изопачува сексуалниот чин. Несериозниот и перверзен секс е прикажан како возбудлив и пожелен. Истакнато е личното задоволување со минимален или никаков обѕир кон другата личност.

Жени, мажи и деца се прикажани како предмети што постојат само за сексуално задоволство. „Убавината се мери според пропорциите на телото, при што се формираат нереални очекувања“, вели еден извештај. „Прикажувањето на жените како анонимни, секогаш спремни и желни, празни играчки за секс на мажите, кои се соблекуваат и ги изложуваат своите тела за да добијат пари и за забава, не може да се сфати како порака што пренесува еднаквост, достоинство и хуманост“, заклучува еден друг извештај.

За разлика од тоа, љубовта „не се однесува непристојно“, напишал Павле. „Не ги бара сопствените интереси“ (1. Коринќаните 13:5). Библијата ги поттикнува мажите „да ги љубат своите жени како своите сопствени тела“ и ‚да им искажуваат чест‘, а не да гледаат на жените само како на предмет за сексуално задоволство (Ефешаните 5:28; 1. Петрово 3:7). Дали навистина се однесува пристојно некој што, сеедно дали маж или жена, редовно се храни со сексуално експлицитни слики на други луѓе? И дали таа личност навистина покажува чест и почит? Наместо љубов, порнографијата негува егоистични, себични желби.

Има уште еден фактор. За кратко време, како што е случај и со секој друг неисправен нагон, она што на почетокот возбудува, подоцна станува нешто секојдневно и рутинско. „Со текот на времето“, вели еден писател, „[оние што користат порнографија] бараат поексплицитен и поизопачен материјал . . . Тие може да ги туркаат своите партнери во сѐ побизарни сексуални активности . . . што ја намалуваат нивната способност да покажат вистинска наклоност“. Дали ова звучи како безопасна разонода? Но, има уште една важна причина зошто да се избегнува порнографијата.

Библијата и страста

Иако многу луѓе денес сметаат дека нема ништо лошо или опасно во потхранувањето на сексуалните фантазии, Библијата не се согласува со тоа. Таа јасно објаснува дека постои битна врска помеѓу она со што се храниме ментално и тоа како постапуваме. „Секој е искушуван со тоа што неговата сопствена желба го одвлекува и мами“, истакнува христијанскиот ученик Јаков. „Тогаш желбата, кога станува плодна, раѓа грев“ (Јаков 1:14, 15). Исус рекол: „Секој кој постојано гледа на жена на таков начин што чувствува страст кон неа, веќе извршил прељуба со неа во своето срце“ (Матеј 5:28).

Како што покажуваат и Јаков и Исус, луѓето постапуваат поттикнати од внатрешните желби. Тие желби, кога се потхрануваат и негуваат, со текот на времето можат да станат силни опсесии. Многу е тешко да се одолее на опсесиите и со текот на времето можат да натераат некого да дејствува. Затоа, она што го внесуваме во нашите мисли може да има силно влијание врз она што ќе го направиме подоцна.

Сексуалните фантазии можат директно да го попречат нашето обожавање на Бог. Од таа причина Павле напишал: „Затоа, умртвете ги своите телесни членови . . . во поглед на блуд, нечистота, сексуална страст, штетна желба и лакомост, што е идолопоклонство“ (Колошаните 3:5).

Овде Павле ја поврзува сексуалната страст со лакомост, која е претерана желба за нешто што човек го нема.a Лакомоста е еден облик на идолопоклонство. Зошто? Затоа што оној што е лаком ја става таа желба пред сѐ друго, па дури и пред Бог. Порнографијата поттикнува страст за нешто што човек не го поседува. „Го посакувате сексуалниот живот на некој друг . . . Не мислите на ништо друго освен на страста за она што Ви недостига . . . Она кон кое имаме страст, тоа го обожаваме“, вели еден писател од областа на религијата.

Порнографијата расипува

„Сѐ што е чесно, сѐ што е вредно за сакање, за кое добро се зборува, секоја доблест што постои . . . за тоа размислувајте и понатаму“, опоменува Библијата (Филипјаните 4:8). Лицето што ги храни своите очи и мисли со порнографија, ја отфрла опомената на Павле. Порнографијата е нескромна затоа што бесрамно ги разоткрива најинтимните и најлични чинови пред очите на другите. Таа е одвратна затоа што ги понижува и ги лишува луѓето од човечки особини. Не е израз на љубов затоа што не унапредува нежност ниту грижа. Унапредува само себична страст.

Отворено прикажувајќи неморални и развратни постапки, порнографијата ги поткопува, односно ги уништува напорите на христијанинот ‚да го мрази злото‘ (Амос 5:15). Таа го нагласува извршувањето на грев и претставува потполно прекршување на Павловото охрабрување до ефешаните да не дозволат ‚блуд и секаков вид нечистота или алчност да се спомнуваат меѓу нив, како што им прилега на свети луѓе; ниту срамотно однесување . . . ниту срамотни шеги, кои не прилегаат“ (Ефешаните 5:3, 4).

Нема ништо безопасно во порнографијата. Таа претставува искористување и расипување. Може да уништи односи, да го изврти природното изразување на сексуална интимност во желба да се гледа секс. Го труе умот и духовноста на тој што гледа секс. Унапредува себични, алчни ставови и ги учи луѓето да ги гледаат другите како предмети што се погодни само за задоволување на нивната страст. Ги поткопува напорите да се прави добро и да се има чиста совест. Што е најважно, може да оштети, па дури и да уништи нечиј духовен однос со Бог (Ефешаните 4:17—19). Навистина, порнографијата е зло што треба да се избегнува (Пословици 4:14, 15).

[Фуснота]

a Овде Павле не зборувал за нормална сексуална страст — желбата за нормална сексуална интимност со сопствениот брачен партнер.

[Слика на страница 29]

Порнографијата изопачува нечие гледиште за спротивниот пол

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели