ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g04 8/1 стр. 25-27
  • Дали да се тетовирам?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали да се тетовирам?
  • Разбудете се! 2004
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Зошто се толку популарни?
  • Древната уметност на тетовирање
  • Здравствени ризици
  • Што ќе мислат другите?
  • Што вели Библијата за тетовирањето?
    Одговор на библиски прашања
  • Содржина
    Разбудете се! 2004
  • Украсување на телото — потребна е разумност
    Разбудете се! 2000
  • Ослободување од организираниот криминал — „бев јакуза“
    Разбудете се! 1997
Повеќе
Разбудете се! 2004
g04 8/1 стр. 25-27

Младите прашуваат . . .

Дали да се тетовирам?

„Некои тетоважи се убави. Тие се вистинска уметност“ (Џелин).a

„Две години сонував за мојата прва тетоважа“ (Мишел).

ТЕТОВАЖИТЕ ги има на секој чекор — или барем така изгледа. Рок ѕвезди, спортисти, манекени и филмски ѕвезди нападно ги истакнуваат. Многу тинејџери се повеле по нивниот пример и гордо ги покажуваат тетоважите на своите раменици, раце, половина и глуждови. Ендрју тврди: „Тетоважите се во мода. А дали некој ќе се тетовира или не, тоа си е лична работа“.

Во World Book Encyclopedia стои: „Тетовирањето е постапка со која се прават трајни слики на телото. Се врши така што се прават мали дупчиња во кожата со помош на остро стапче, коска или игла кои биле потопени во пигменти од природни бои“.

Иако е тешко да се дојде до точни податоци, еден извор проценува дека 25 проценти од сите лица на возраст од 15 до 25 години во Соединетите Држави имаат некаква тетоважа. Сенди вели: „Тоа е популарно“. Зошто тетоважите им се толку привлечни на некои млади?

Зошто се толку популарни?

За некои, тетоважата е начин да направат импресивен романтичен гест. Мишел раскажува: „Брат ми го има истетовирано на глуждот името на девојката со која излегуваше“. Тогаш, во што е проблемот? „Тој не излегува повеќе со неа.“ Според списанието Teen, „лекарите проценуваат дека повеќе од 30 проценти од сите бришења на тетоважи се извршуваат кај тинејџерки што сакаат да го отстранат името на бившиот дечко“.

Некои млади ги сметаат тетоважите за уметнички слики. Други ги сметаат за симбол на независност. „Јас имам контрола над мојот живот“, изјавила Џоси, додавајќи дека тетовирањето било „единствена важна одлука што некогаш ја донела во животот.“ Тетовирањето им овозможува на некои млади да експериментираат — да имаат чувство дека имаат контрола над својот изглед. Исто така, тетоважите можат да служат како симбол на бунт или на некој алтернативен животен стил. Така, некои тетоважи содржат безобразни зборови и слики или, пак, провокативни слогани.

Меѓутоа, повеќето млади можеби едноставно се понесени од модното лудило. Но, дали тоа што навидум сите се тетовираат значи дека треба да се тетовираш и ти?

Древната уметност на тетовирање

Тетовирањето воопшто не е современа работа. Пронајдени се тетовирани египетски и либиски мумии кои датираат стотици години пред Христос. Тетовирани мумии се пронајдени и во Јужна Америка. Многу од тетоважите биле директно поврзани со обожавањето на пагански богови. Според истражувачот Стив Џилберт, „најраната позната тетоважа што претставува слика на некој конкретен предмет а не цртеж на нешто апстрактно го прикажува богот Бес. Во египетската митологија Бес е похотен бог на развратот“.

Значајно е тоа што Мојсеевиот закон му забранувал на Божјиот народ да се тетовира. Во Левит 19:28 стои: „Не врежувајте засеци на вашето тело за покојник; ниту засечувајте некакви знаци на себе. Јас Сум Господ“. Паганските обожаватели, како што биле Египќаните, на градите или на рацете ги тетовирале имињата или симболите на нивните божества. Со тоа што ќе ѝ биле подложни на Јеховината забрана за тетовирање, Израелците требало да се разликуваат од другите нации (Второзаконие 14:1, 2).

Иако христијаните денес не се под Мојсеевиот закон, тоа што со него се забранува тетовирањето влијае отрезнувачки (Ефешаните 2:15; Колошаните 2:14, 15). Ако си христијанин, сигурно не би сакал да ставаш ознаки на телото — дури ни привремено — што имаат дури и најмала трага на паганизам или на лажно обожавање (2. Коринќаните 6:15—18).

Здравствени ризици

Треба да размислиш и за некои работи поврзани со здравјето. Д-р Роберт Томсик, вонреден професор по дерматологија, го дава следниов коментар: „Всушност, со тоа ја пробивате кожата и во тој дел внесувате пигмент. Иако иглата не влегува многу длабоко, секогаш кога ќе ја прободе кожата постои ризик од бактериска или вирусна инфекција. Мислам дека [тетовирањето] општо земено е ризична работа“. Д-р Томсик продолжува: „Штом пигментот ќе биде внесен внатре, дури и ако не настане инфекција, секогаш постои ризик да се јават алергии, воспаление на кожата и алергиски реакции што можат да предизвикаат кожата да се зацрвени, да отече, да се појави краста и да чеша“.

Иако тетоважите се прават со намера да бидат трајни, се користат неколку методи за тие да се отстранат: ласерско отстранување (горење на тетоважата), хируршко отстранување (отсечување на тетоважата), дермабразија (стружење на кожата со четка од жици за да се отстрани епидермот и дермисот), салабразија (користење солен раствор со кој се натопува тетовираната кожа) и скарификација (остранување на тетоважата со киселина и правење лузна на нејзино место). Овие методи се скапи и можат да бидат многу болни. „Повеќе боли ласерски да се отстрани отколку да се направи тетоважа“, се вели во списанието Teen.

Што ќе мислат другите?

Треба сериозно да размислиш и за тоа што би можеле да помислат другите ако имаш тетоважа, бидејќи многу луѓе реагираат негативно (1. Коринќаните 10:29—33). Од каприц, Ли, една жена од Тајван, се истетовирала кога имала 16 години. Сега има 21 година и работи како службеничка. „Ми пречи кога колегита се загледуваат во тетоважата“, признава Ли. Теодор Далримпел, британски службеник за ментално здравје, вели дека за многу луѓе тетоважите „честопати се видлив знак дека некој човек . . . припаѓа на некоја насилничка, брутална, антисоцијална и криминална супкултура“.

Една статија во списанието American Demographics изнела слична забелешка: „Јасно е дека повеќето Американци го сметаат за ризично видливото украсување на телото. Осумдесет и пет проценти [од младите] се согласуваат со тоа дека ,луѓето што имаат видливи тетоважи . . . треба да сфатат дека овој облик на самоизразување подоцна најверојатно ќе претставува пречка во нивната кариера или во личните односи‘ “.

Размисли и за тоа дали ако одлучиш да се истетовираш ќе го поткрепиш или ќе го поткопаш тврдењето дека си христијанин. Дали тоа би можело да биде „повод за спрепнување“ на другите? (2. Коринќаните 6:3). Точно, некои млади се истетовирале на скриени места на телото. Можеби дури и нивните родители не знаат за тие тајни тетоважи. Но, внимавај! Итното одење на лекар или, едноставно, туширањето на училиште може да им ја открие на сите твојата тајна! Подобро е ,во сѐ да се однесуваме чесно‘, избегнувајќи неразумна измама (Евреите 13:18).

Исто како сите модни лудила, со текот на времето тетоважите можат да ја изгубат популарноста. Всушност, има ли некоја облека — сеедно дали се работи за фармерки, кошула, фустан или чевли — што толку многу ја сакаш што би ја носел цел живот? Се разбира дека не! Стиловите, моделите и боите се менуваат. Меѓутоа, за разлика од некое парче облека, тетоважите тешко се отстрануваат. Освен тоа, она што било „во мода“ за тебе кога си имал 16 години можеби нема да биде многу интересно кога ќе имаш 30.

Многумина зажалиле што направиле трајни промени во својот изглед. „Се истетовирав пред да дознаам за Јехова“, раскажува Еми. „Се трудам да ја покривам тетоважата. Кога другите во собранието случајно ќе ја видат, се засрамувам“. Што ни кажува ова? Размисли добро пред да се истетовираш. Не донесувај одлука за која подоцна може да зажалиш.

[Фуснота]

a Некои имиња се променети.

[Слика на страница 26]

Тетоважите честопати се поврзани со бунтовен животен стил

[Слика на страница 26]

Со текот на времето, многумина зажалуваат што се истетовирале

[Слика на страница 27]

Размисли добро пред да се истетовираш

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели