ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g04 8/7 стр. 25-27
  • Интолеранција на лактоза — што е тоа?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Интолеранција на лактоза — што е тоа?
  • Разбудете се! 2004
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Дали е алергија?
  • Ефект врз децата
  • Колку е сериозна интолеранцијата на лактоза?
  • Алергија на храна и интолеранција на храна — која е разликата?
    Разбудете се! 2016
  • Заштита на слободите — како?
    Разбудете се! 1999
  • Содржина
    Разбудете се! 2004
  • Содржина
    Разбудете се! 2016
Повеќе
Разбудете се! 2004
g04 8/7 стр. 25-27

Интолеранција на лактоза — што е тоа?

ПОМИНАЛ речиси еден час откако сте уживале во вкусот на Вашиот омилен сладолед или сирење. Чувствувате тежина и надразнетост во желудникот и имате гасови. Повторно барате олеснување во лекот што сте почнале да си го чувате при рака. Доаѓате во ситуација да се запрашате: ‚Зошто имам толку осетлив желудник?‘

Ако Ви се гади, имате грчеви, чувствувате надуеност, имате гасови или дијареја откако сте пиеле млеко или откако сте јаделе млечни производи, можеби страдате од интолеранција на лактоза. Оваа појава е вообичаена реакција на млечни производи. Националниот институт за дијабетес и дигестивни и бубрежни болести известува дека „30 до 50 милиони Американци страдаат од интолеранција на лактоза“. Според книгата The Sensitive Gut (Чувствителни црева), издадена од Медицинскиот факултет на Харвард, се проценува дека „околу 70 проценти од светското население има некакви проблеми со лактозата“. Според тоа, што е интолеранција на лактоза?

Лактозата е шеќер што се наоѓа во млекото. Тенкото црево создава еден ензим наречен лактаза. Тој има задача да ја разгради лактозата на два попрости шеќера наречени гликоза и галактоза. Ова овозможува гликозата да се апсорбира во крвотокот. Ако нема доволно лактаза што ќе ја врши оваа функција, лактозата преминува во дебелото црево во непроменет облик и почнува да ферментира, при што се создаваат киселини и гасови.

При ова заболување, наречено интолеранција на лактоза, се јавуваат некои или сите симптоми што ги спомнавме погоре. Во текот на првите две години од животот, организмот создава обилни количества лактаза, а потоа таа се создава сѐ помалку. Затоа, ова заболување може да се појави кај многу луѓе без воопшто да се свесни за тоа.

Дали е алергија?

Некои доаѓаат до заклучок дека се алергични на млеко поради реакциите што се јавуваат кај нив откако ќе јадат млечни производи. Значи, што е причина за тоа, алергијаa или интолеранција? Според некои специјалисти за алергија, ретко се јавуваат вистински алергии на храна — само 1 до 2 процента од целото население се погодени од нив. Оваа цифра е повисока кај децата, но изнесува помалку од 8 проценти. Иако симптомите на алергија и на интолеранција на лактоза можат да бидат слични, има и некои разлики.

Симптомите што се јавуваат при алергија на храна се резултат на тоа што имунолошкиот систем создава една одбранбена состојка — хистамин — против нешто што сте изеле или испиле. Некои од тие симптоми се отекување на усните или јазикот, исфрлање по кожата (осип) или астма. Интолеранцијата на лактоза нема да ги предизвика овие симптоми затоа што не е вклучен имунолошкиот систем. Таа е поврзана со неспособноста на организмот исправно да ја вари храната, што предизвикува реакција.

Што ќе Ви помогне да ја увидите разликата? Книгата Чувствителни црева дава одговор: „Вистинските алергиски реакции . . . се јавуваат за неколку минути откако ќе јадете проблематична храна. Симптомите што се јавуваат повеќе од еден час подоцна најверојатно укажуваат на интолеранција“.

Ефект врз децата

Кога кај доенче или кај мало дете ќе се јави реакција откако ќе пие млеко, тоа може да ги вознемири и детето и родителите. Ако кај детето се јави дијареја, може да дојде до дехидратација. Ќе биде мудро родителите да побараат совет од педијатар. Кога ќе се дијагностицира интолеранција, некои лекари препорачуваат да почнете да користите нешто друго наместо млеко. Благодарение на тоа, кај многу луѓе исчезнале проблематичните симптоми.

Ако се работи за алергија, има поголема причина за загриженост. Некои лекари препишуваат антихистаминици. Меѓутоа, ако е отежнато дишењето, докторот ќе треба да направи нешто повеќе за да му олесни на детето. Во ретки случаи, може да дојде до анафилаксичен шок, заболување кое може да заврши со смрт.

Ако доенчето почне да повраќа, друга причина за загриженост е ретката болест наречена галактоземија. Како што спомнавме претходно, галактозата се издвојува со помош на лактазата, но галактозата треба да премине во гликоза. Ако се натрупа големо количество галактоза, може да дојде до тешки оштетувања на црниот дроб, деформитети на бубрезите, ментална ретардираност, хипогликемија, па дури и катаракта. Затоа, неопходно е навреме и сосема да се отстрани лактозата од исхраната на доенчето.

Колку е сериозна интолеранцијата на лактоза?

Една млада жена имала хронични проблеми со гасови и грчеви во стомакот. Состојбата толку ѝ се влошила што морала да оди на лекар. По неколку испитувања било дијагностицирано дека има воспалително заболување на цревата.b За да се контролира оваа болест, ѝ биле препишани лекарства. Меѓутоа, продолжила секојдневно да зема млечни производи, па затоа и понатаму ги имала истите симптоми. Откако самата истражувала, сфатила дека проблемот можеби лежи во нејзината исхрана, па затоа малку по малку почнала да избегнува извесни прехранбени производи. На крајот ги исфрлила млечните производи и симптомите почнале да се повлекуваат! За една година — и откако направила повеќе испитувања — докторот ѝ рекол дека всушност немала воспаление на цревата. Таа страдала од интолеранција на лактоза. Можете само да си замислите колку ѝ олеснало!

Во моментов нема терапија што може да предизвика создавање на лактаза во човечкото тело. Меѓутоа, утврдено е дека интолеранцијата на лактоза не го загрозува животот. Затоа, што можете да сторите за да се справите со симптомите при интолеранција на лактоза?

Испробувајќи разни производи и гледајќи ја реакцијата на нив, некои утврдиле колку млечни производи можат да поднесат. Со тоа што ќе водите сметка колкаво количество млечни производи внесувате и као реагира Вашето тело, можете да одредите колку може и колку не може да преработи.

Некои решиле сосема да се откажат од млечните производи. Со тоа што лично истражувале или се консултирале со нутриционист, некои нашле други начини да ги надополнат своите потреби од калциум. Некои видови зелен зеленчук и некои видови риба и јаткасти плодови се богати со калциум.

Оние што сакаат и понатаму да уживаат во вкусот на млечните производи, можат да купат артикли во облик на апчиња или течности што можат да им помогнат. Овие производи содржат лактаза, која им помага на цревата да ја преработат лактозата. Ако ги користите овие производи, нема да се јават симптомите на интолеранција на лактоза.

Во денешниов свет не е лесно човек да си го зачува здравјето. Но, благодарение на медицинските истражувања и отпорноста на нашето тело, можеме успешно да се справуваме со ваквите проблеми сѐ додека не дојде времето кога „ниеден жител нема да рече: ‚Болен сум‘!“ (Исаија 33:24; Псалм 139:14).

[Фусноти]

a Наречена и имунолошка пречувствителност.

b Има два вида воспалителни заболувања на цревата — Кронова болест и улцерозен колит. Овие многу тешки болести можат да водат до отстранување на дел од цревата по оперативен пат. Компликациите до кои може да дојде при овие заболувања можат да завршат со смрт.

[Рамка/слики на страница 26]

ЛАКТОЗА МОЖЕ ДА ИМА И ВО:

◼ Леб и печива

◼ Торти и колачи

◼ Бомбони

◼ Пире во прав

◼ Маргарин

◼ Многу лекови што се издаваат на лекарски рецепт

◼ Лекови што можат да се добијат без лекарски рецепт

◼ Готова смеса за палачинки, бисквити и колачи

◼ Преработени житни снегулки за појадок

◼ Преливи за салати

◼ Сувомеснати производи

◼ Супи

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели