ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g05 8/9 стр. 10-11
  • Како да си ја задржите работата

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како да си ја задржите работата
  • Разбудете се! 2005
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Добра комуникација
  • Соработувајте со другите
  • Бидете чесни
  • Бидете реалистични
  • Најди задоволство во работата
    Како да ја зачуваш Божјата љубов
  • Уживај во резултатите од својот труд
    Зачувај ја Божјата љубов
  • Како да уживаш во својот труд
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
  • Одговори што помагаат!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
Повеќе
Разбудете се! 2005
g05 8/9 стр. 10-11

Како да си ја задржите работата

„Дали си видел човек трудољубив [вешт, ПСП] во својата работа? Таквиот има пристап при царевите“ (Пословици 22:29).

КАКО што кажува овој библиски стих, вештите работници честопати се многу ценети. Кои се некои вештини и карактеристики што работодавачите ги ценат кај своите работници? Џорџ, шеф на персоналното одделение во една фирма во која има 700 вработени, за Разбудете се! рече: „Она што го цениме кај еден работник е неговата способност добро да комуницира и да соработува со другите на работа“. Библијата содржи практични совети што можат да Ви помогнат да ги подобрите овие вештини, со што ќе имате поголеми шанси да си ја задржите работата. Да разгледаме некои примери.

Добра комуникација

Во Библијата, писателот Јаков покажува дека добрата комуникација почнува уште пред човек да ја отвори устата. Тој напишал дека човек треба да биде „брз на слушање, бавен на зборување“ (Јаков 1:19). Зошто е ова добар совет? Соломон напишал: „Кој одговара пред да чуе, тоа му е лудост и срам“ (Пословици 18:13). Да, ако внимателно го слушате работодавачот и колегите, може да избегнете недоразбирања и глупави грешки.

Кога зборувате, многу е важно и како зборувате. Ако зборувате јасно и доволно гласно, поголема е веројатноста дека ќе Ве сфатат, а така оној што Ве слуша ќе има поголемо ценење за она што го кажувате. Брајан, советник за вработување кој беше спомнат во претходната статија, вели: „Ќе се изненадите колку многу луѓе ја губат работата, не затоа што немаат технички вештини, туку затоа што не знаат добро да комуницираат“.

Соработувајте со другите

Со оглед на тоа колку време поминувате со колегите, сигурно ќе ги запознаете доста добро. Како резултат на тоа, можеби ќе бидете во искушение да ги озборувате и да ги истакнувате нивните грешки и маани. Меѓутоа, Библијата нѐ советува ‚да си поставиме за цел мирно да живееме и да си ја гледаме работата‘ (1. Солуњаните 4:11). Ако го правиме тоа, нема да бидеме на глас дека ‚се мешаме во туѓи работи‘ (1. Петрово 4:15). Освен тоа, нема џабе да си го трошиме времето и да подбуцнуваме непотребни несогласувања со колегите.

Кога ќе Ви речат да завршите некоја работа, имајте го на ум мудриот совет на Исус: „Ако некој кој има власт, те присили на служба една милја, оди со него две милји“ (Матеј 5:41). Исус зборувал за властите, но ова начело секако се однесува и на работното место. Ако стекнете глас дека сте вреден работник — работник што би направил и повеќе од она што се бара — поголема е веројатноста дека ќе си ја задржите работата. Се разбира, има граници и во врска со тоа што може еден работодавач да бара од Вас. Исус рекол дека мораме да му го платиме „цезаровото на цезарот, а Божјето на Бог“ (Матеј 22:21). Во принцип, Исус овде укажал дека не треба да им дозволиме на оние што имаат повисока положба да се мешаат во поважните работи, како што е обожавањето на Бог.

Бидете чесни

Една анкета во која беа вклучени преку 1.400 фирми откри дека повеќето работодавачи „чесноста и искреноста ги вбројуваат меѓу особините што им оставаат најголем впечаток за лицата кои конкурираат за работно место“. Очигледно, да се биде чесен значи да не се крадат пари или материјали од работодавачот. Исто така значи да не се краде време. Едно истражување што го водеше една агенција за вработување покажа дека секоја седмица еден вработен краде во просек по 4 часа и 15 минути. Меѓу другото, оние што крадат време обично доцнат, си одат од работа порано и разговараат со другите вработени во текот на работното време.

Библијата советува: „Кој крадел повеќе да не краде, туку нека работи напорно, вршејќи со своите раце добра работа“ (Ефешаните 4:28). Освен тоа, Божјата реч ги поттикнува христијаните да работат вредно, дури и кога претпоставените не ги гледаат. Апостол Павле напишал: „Бидете им послушни во сѐ на оние кои ви се господари во телесна смисла, не со постапки на служење на очи, како такви кои им угодуваат на луѓето, туку со искреност на срцето, со страв од Јехова“ (Колошаните 3:22). Ако сте на глас дека добро си ја вршите работата — дури и кога не Ве набљудуваат — Вие сте работник во кој човек може да има доверба.

Бидете реалистични

Библијата точно предвидела дека нашето време ќе биде критично и дека тешко ќе се излегува на крај (2. Тимотеј 3:1). Како резултат на тоа ќе има политичка и социјална нестабилност и превирања. Тоа, пак, неизбежно ќе доведе до економска несигурност (Матеј 24:3-8). Затоа, дури и ако ги применувате предлозите што беа наведени погоре, сепак може да се случи да ја изгубите работата.

Но, доколку ги применувате начелата од Библијата, ќе бидете помалку загрижени поради невработеноста. Исус рекол: „Ако, значи, Бог така ја облекува вегетацијата од полето која денес е тука, а утре се фрла в печка, нема ли многу повеќе да ве облече вас, маловерни? Затоа, никогаш немојте тегобно да се грижите и не велете: ‚Што ќе јадеме?‘ или: ‚Што ќе пиеме?‘ или: ‚Што ќе облечеме?‘ . . Зашто вашиот небесен Татко знае дека ви е потребно сето тоа“ (Матеј 6:30-32).

Како милиони други низ целиот свет, Ерика, која беше спомната претходно, лично се уверила во вистинитоста на овие зборови. Таа вака ги сведува своите чувства: „Многу си ја сакам работата што сега ја имам. Но, од лично искуство знам дека работите се менуваат. Сепак, поради тоа што ги применував начелата од Библијата и научив да се потпирам на Јехова, научив и како да не бидам претерано загрижена кога сум без работа и како да бидам задоволна со работата што ја имам“.

[Слика на страница 10]

Ако не внимавате за време на состаноците, може да ја изгубите работата

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели