ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 3/06 стр. 8-9
  • Како да најдеш вистинска љубов

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како да најдеш вистинска љубов
  • Разбудете се! 2006
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Учи за љубовта од највишиот авторитет
  • „Живејте во љубов“
    Приближи му се на Јехова
  • Љубов (агапе) — што е таа, а што не е
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
  • Бидете изградени со љубов
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
  • Љубовта — скапоцена особина
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2017
Повеќе
Разбудете се! 2006
g 3/06 стр. 8-9

Како да најдеш вистинска љубов

Што можеш да сториш за да најдеш љубов и да им бидеш мил на другите, но не само во романтична смисла? Да се збогатиш? Да си го подобриш надворешниот изглед?

И МАЖИТЕ и жените, заведени од рекламите и под влијание на медиумите, честопати го бараат решението во овие работи. Се разбира, сосема е нормално и нема ништо лошо во тоа да обрнуваме внимание на нашиот изглед. Но убавината — која е минлива — не е она што ги држи луѓето заедно. А не е ни богатството. Она што навистина помага да најдеме љубов е несебично да ги сакаме другите. „Давајте, и луѓето ќе ви даваат вам“, рекол Исус (Лука 6:38). Едноставно кажано, сакај за да те сакаат.

Како можеме да го правиме ова? Пишувајќи под водство на Божјиот свет дух, апостол Павле го дал одговорот на ова прашање. Тој ни открива дека љубовта не е само пасивно внатрешно чувство. Напротив, таа е активна особина која се гледа од она што го правиме за другите и од она што не ни дава да им го правиме. Забележи што напишал Павле: „Љубовта е долготрпелива и љубезна. Љубовта не е љубоморна, не се фали, не се дуе, не се однесува непристојно, не ги бара сопствените интереси, не се раздразнува. Не ја става во сметка штетата. Не ѝ се радува на неправедноста, туку се радува на вистината. Сѐ поднесува, сѐ верува, на сѐ се надева, сѐ трпи“ (1. Коринќаните 13:4-7).

Како се чувствуваш кога некој е љубезен со тебе или кога те прифаќа и покрај тоа што можеби го нервираш со некои ситни работи што ги кажуваш или правиш? Зарем не те привлекува оној што е искрено заинтересиран за тебе, кој не се лути лесно, и кој простува и ја кажува вистината дури и тогаш кога не е лесно да се прости или да се биде искрен?

Тогаш, постапувај и ти така со другите. Исус рекол: „Според тоа, сѐ што сакате луѓето да ви прават вам, истото правете им го и вие“ (Матеј 7:12). Не е секогаш лесно да се покажува љубов, но вреди да се вложи труд. Една корист е тоа што семејството, пријателите, брачниот партнер или идниот брачен партнер ќе те сакаат уште повеќе. Исто така, ќе бидеш среќен затоа што постапуваш исправно, затоа што се трошиш за другите. Да, „повеќе среќа има во давањето, отколку во примањето“ (Дела 20:35).

Учи за љубовта од највишиот авторитет

Јехова е Бог на љубовта. Тој е највишиот авторитет на тоа поле (1. Јованово 4:8). Љубовта го мотивира Јехова да ги научи да сакаат сите оние што се спремни да учат. Да разгледаме неколку библиски начела што ни помагаат да сакаме и да бидеме сакани.

‚Биди брз на слушање, бавен на зборување‘ (Јаков 1:19). Една анкета, во која беа вклучени преку 20.000 парови, покажа дека најсреќни се оние луѓе чии партнери знаеле да сослушаат. Добрата комуникација е неопходна за една врска. Една професорка по социологија напишала: „Иако си во врска, ќе се чувствуваш осамено ако си со некој што нема поим низ што минуваш. А уште полошо е кога си со некој што има поим, но не може да сфати зошто толку се потресуваш околу тоа“. Таа додава дека дури и кога двајца луѓе се многу различни, „ако партнерот сфаќа како размислуваш за животот и како ги доживуваш работите, тогаш тие разлики стануваат неважни“.

‚Тесно ви е во вашата сопствена нежна наклоност . . . раширете се‘ (2. Коринќаните 6:12, 13). За наше добро е да се рашируваме во љубовта кон другите. Во една публикација од Медицинскиот факултет на Харвард се вели: „Десетици истражувања покажаа дека луѓето што имаат поддршка од другите — добри односи со семејството, пријателите и околината — се посреќни, имаат помалку здравствени проблеми и живеат подолго“.

„Да се поттикнуваме кон љубов и извонредни дела“ (Евреите 10:24, 25). Друштвото влијае врз нас. Ако поминуваш повеќе време со оние што покажуваат вистинска христијанска љубов, и ти ќе ја почувствуваш оваа особина и ќе научиш и самиот да ја покажуваш. Јеховините сведоци настојуваат да покажуваат ваква љубов меѓу себе, свесни дека тоа е знакот по кој се препознаваат вистинските ученици на Исус (Јован 13:35). И ти си срдечно поканет да дојдеш на нивните христијански состаноци.

Ако не се чувствуваш сакан, не обесхрабрувај се и не осудувај се. Секогаш мисли на тоа дека Јехова е свесен за твојата ситуација. Се сеќаваш ли на Лија, која беше спомната во првата статија? Јехова бил свесен за нејзината ситуација, и таа станала мајка на шест сина и на една ќерка — голем благослов во време кога децата се сметале за право богатство! Освен тоа, сите синови на Лија станале предци на племињата на Израел (Битие 29:30-35; 30:16-21). Тоа што Бог со љубов се грижел за неа мора да било голема утеха за Лија.

Во новиот свет, кој е ветен во Библијата, никој нема да се чувствува несакано. Напротив, меѓу луѓето ќе преовладува вистинска љубов (Исаија 11:9; 1. Јованово 4:7-12). Затоа, уште сега да покажеме дека сакаме да бидеме во тој нов свет така што ќе ја развиваме љубовта за која поучува Библијата и која ја покажува нејзиниот Автор. Да, вистинската радост не доаѓа само од тоа што ние сме сакани, туку и од тоа што несебично ги сакаме другите (Матеј 5:46-48; 1. Петрово 1:22).

[Истакната мисла на страница 8]

„Повеќе среќа има во давањето, отколку во примањето“ (Дела 20:35).

[Слика на страница 8]

Сакај за да те сакаат

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели