ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 8/06 стр. 3-4
  • Која е најскапоцената течност?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Која е најскапоцената течност?
  • Разбудете се! 2006
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Уникатен орган
  • Да се спаси животот со крв — како?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Крвта — неопходна за живот
    Како може крвта да ти го спаси животот?
  • Прашања од читателите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
  • Исправно цени го дарот на живот
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
Повеќе
Разбудете се! 2006
g 8/06 стр. 3-4

Која е најскапоцената течност?

„Во медицината, крвта е исто толку важна колку што е важна нафтата за транспортот“ (Артур Каплан, директор на биоетичкиот центар при Универзитетот во Пенсилванија).

НАФТА. Дали нафтата е најскапоцената течност? Мнозина можеби и ќе помислат така, зашто живееме во време кога цената на нафтата вртоглаво расте. Но, всушност, сите ние носиме во себе неколку литри од една многу поскапоцена течност. Размисли малку за неа: додека секоја година се вадат милијарди литри нафта од земјата за да се задоволат потребите на човештвото за гориво, од луѓето се добиваат околу 90 милиони единици крв со надеж дека така ќе им се помогне на болните.a Оваа зашеметувачка бројка одговара на крвта што ја имаат 8.000.000 луѓе.

Сепак, како што е случај со нафтата, изгледа дека има недостиг и од крв. Низ целиот свет, луѓето што се занимаваат со медицина предупредуваат дека има недостиг од крв. (Види ја рамката „Очајнички мерки“.) Зошто крвта е толку скапоцена?

Уникатен орган

Поради нејзината зачудувачка сложеност, крвта честопати се смета за орган. „Крвта е еден од многуте органи — неверојатно чудесен и уникатен“, рече за Разбудете се! д-р Брус Ленес. Навистина уникатен! Во еден учебник, крвта е опишана како „единствениот орган во телото што е во течна состојба“. Во истиот учебник, крвта е наречена „жив транспортен систем“. Што значи тоа?

„Крвотокот е како каналите во Венеција“, вели научникот Н. Ли Андерсон, и продолжува: „Тој ги пренесува сите добри работи, но пренесува и многу отпадни материи“. Додека крвта поминува пат од 100.000 километри низ нашиот крвоток, доаѓа во контакт со речиси секое ткиво во нашето тело, вклучувајќи ги и срцето, бубрезите, црниот дроб и белите дробови — витални органи кои ја преработуваат крвта и зависат од неа.

Крвта носи до клетките во твоето тело многу „добри работи“, како што се кислород, хранливи материи и клетки за одбрана, но, исто така, отстранува и многу „отпадни материи“, како што се токсичниот јаглероден диоксид, состојките од оштетените и изумрените клетки и други отпадни материи. Улогата што крвта ја има во отстранувањето на отпадните материи помага да се објасни зошто е опасно да се дојде во контакт со крвта откако ќе излезе од телото. И никој не може да гарантира дека сите „отпадни материи“ во крвта биле откриени и отстранети пред да му биде дадена на некој друг.

Нема збор, крвта извршува функции кои се неопходни за животот. Токму затоа медицинските работници обично им даваат трансфузија на крв на пациентите кои изгубиле доста крв. Многу лекари велат дека крвта е толку скапоцена токму затоа што се користи за таа цел во медицината. Меѓутоа, работите во медицината се менуваат. Во извесна смисла, се одвива една тивка револуција. Многу лекари и хирурзи веќе не даваат трансфузија толку лесно како порано. Зошто?

[Фуснота]

a Една единица содржи 450 милилитри крв.

[Рамка/слика на страница 4]

Очајнички мерки

Медицинските стручњаци проценуваат дека, секоја година, потребата од донирана крв во светот се зголемува за 200 милиони единици. Во земјите во развој живее 82 отсто од светското население, но од тие места се добиваат помалку од 40 отсто од вкупната донирана крв. Многу болници во тие земји мораат да се снаоѓаат без крв. Во кенискиот весник The Nation се известува дека ‚секој ден, речиси половина од медицинските зафати за кои е потребна трансфузија или се откажуваат или се одложуваат затоа што нема крв‘.

Недостиг од крв има и во богатите земји. Бидејќи луѓето живеат подолго, а медицинските техники одат напред, има сѐ поголема потреба од операции. Освен тоа, сѐ повеќе луѓе се неподобни за крводарители затоа што, поради нивниот начин на живот или поради честите патувања, се изложени на болести и паразити.

Се чини дека оние што се одговорни за складирање на крв ги фаќа очај. Понекогаш, како безбеден извор на крв се сметаат младите, кои живеат помалку ризично. На пример, 70 отсто од крвта во Зимбабве денес се добива од ученици. Центрите за собирање на крв работат речиси по цел ден, а во некои земји дури и им е дозволено да даваат надомест за да најдат и да имаат редовни крводарители. Во една кампања во Република Чешка, граѓаните беа повикани да си ја угасат жедта со литри пиво во замена за малку крв. Во една област во Индија, властите неодамна одеа од врата до врата и бараа доброволци кои би сакале да помогнат да се надополнат исцрпените резерви на крв.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели