ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 8/06 стр. 30
  • Писма од читателите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Писма од читателите
  • Разбудете се! 2006
  • Сличен материјал
  • „Јас верувам“
    Угледајте се на нивната вера
  • „Јас верувам“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • Совет на Марта, и поука за молитвата
    Најголемиот човек кој некогаш живеел
  • Служи му на Јехова со неподелено внимание
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
Повеќе
Разбудете се! 2006
g 8/06 стр. 30

Писма од читателите

Замката на алкохолот — дали сте во опасност? (8 ноември 2005) Имам прочитано многу писма од читатели кои велат: „Оваа статија излезе баш во право време“. Никогаш не очекував дека и јас ќе го помислам истото, но токму тоа си го реков себеси кога ги прочитав овие статии. Веќе некое време ме мачеше тоа што секој ден пиев алкохол, иако не се опивав. Потоа излегоа овие статии. Откако прочитав кои опасности ги носи алкохолот, сфатив дека е време да се ослободам од прангите на овој проблем.

К. В., Германија

Во овие статии беше спомнат случајот на Хиларио, кој пиел 30 години и кој имал „многу кризи“. Тој вели дека другите од собранието ‚секогаш биле покрај него за да го храбрат‘. Но, зарем не требало да биде укорен или дури и исклучен од христијанското собрание?

Р. Л., Соединетите Држави

„Разбудете се!“ одговара: Во краткото искуство на Хиларио не се кажува точно кога во текот на неговата 30-годишна борба со алкохолот станал христијанин. Ниту пак е кажано дали некогаш собраниските старешини го укориле. Но, во статијата е кажано дека на Хиларио му биле дадени „навремени библиски совети“, што понекогаш се прави кога има правен одбор. Борбата со алкохолизмот понекогаш е проследена со кризи, како што било случај и со Хиларио. Информации во врска со тоа како се постапува кога се работи за крстен христијанин има во „Стражарска кула“ од 1 септември 1983 година, на страници 5-8.

Младите прашуваат... Зошто ме привлекуваат погрешни луѓе? (8 септември 2005) Оваа статија ми помогна да сфатам дека не треба да бидам неодлучен во врска со моите цели. Ме поттикна цврсто да одлучам да прекинам со лошото друштво. Сега имам цврсти пријателства со многумина во собранието, и млади и стари, поради што чувствувам дека ме сакаат оние што го сакаат Јехова и кои ме поттикнуваат да продолжам да чекорам по патот кој води во живот.

М. Д., Мексико

Решена да си ја остварам целта (8 август 2005) Додека ја читав животната приказна на Марта, солзи ми се тркалаа по образите. И јас страдам од епилепсија. Последниве десет години сум полновремен проповедник и понекогаш тоа е навистина тешко — особено кога имам напад. Приказната на Марта ме направи уште порешена да не се откажам. Многу ме утеши.

Ј. С., Полска

И јас се борам со истиот проблем како Марта. Откако ја прочитав нејзината приказна, и јас почнав да внимавам на исхраната. Повеќе од десет години дозволив епилепсијата да ме спречува да му служам на Јехова во поголема мера. Но, пред речиси три години, решив да станам полновремен проповедник и воопшто не жалам за тоа. Јехова нека ве благослови за тоа што објавувате вакви охрабрувачки статии!

Б. К. К., Бразил

Она што најмногу ме охрабри во оваа статија е тоа што Марта никогаш не се откажала. Ме утеши тоа што иако морала да ја прекине службата, останала урамнотежена и задржала доверба дека Јехова е задоволен со службата што ја вршиме од цело срце.

С. Х., Јапонија

И јас сум во слична ситуација како Марта и морам да си ги признаам моите ограничувања. Како Марта, и јас можам да служам како полновремен проповедник. Затоа нејзината приказна многу ме охрабри.

Ф. Г., Швајцарија

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели