ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 6/07 стр. 14-15
  • Зошто го оставив циркусот

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Зошто го оставив циркусот
  • Разбудете се! 2007
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Животот ми се менува од корен
  • Исполнет живот без никакво жалење по минатото
  • Сонував за живот на тркала
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • Библијата менува животи
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • Библијата менува животи
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • Библијата менува животи
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
Повеќе
Разбудете се! 2007
g 6/07 стр. 14-15

Зошто го оставив циркусот

Раскажал Марсело Неим

РОДЕН сум во Монтевидео (Уругвај). Моите родители беа побожни луѓе, но не припаѓаа на ниедна религија. Мајка ми почина во сообраќајна несреќа кога имав четири години, па затоа ме одгледаа роднини кои се трудеа да ме научат да бидам чесен човек. Кога имав 20 години, решив да патувам за да запознаам разни земји и култури.

Во Колумбија почнав да работам како помошник во разни циркуси. Гледав колку беа среќни изведувачите кога публиката им аплаудираше, па посакав и јас да бидам како нив. Затоа почнав да вежбам една точка на велосипед. Почнав да користам сѐ помали и помали велосипеди и, на крајот, можев да изведувам точка на велосипед долг само 12 сантиметри — еден од најмалите велосипеди во светот. Велосипедот ми беше колку дланката. Станував сѐ попопуларен низ поголемиот дел на Јужна Америка. Кога имав 25 години, отидов во Мексико и работев во неколку циркуси.

Животот ми се менува од корен

Го сакав животот во циркусот. Многу патувавме, спиевме во најдобрите хотели и јадевме во ексклузивни ресторани. Но, во исто време, чувствував дека животот ми минува бесцелно и немав никаква надеж за иднината. Едно попладне животот ми се смени. Еден пријател, кој во циркусот работеше како најавувач, ми даде една книга што ја добил од некого. Насловот на книгата беше Откровение — близу е величествената завршница.a Почнав да ја читам по претставата, и не можев да ја оставам сѐ до раните утрински часови. Иако не разбирав сѐ од книгата, ме воодушеви објаснувањето за црвениот ѕвер и блудницата од Откровение (Откровение 17:3—18:8). Еднаш, пак, додека ја чистев приколката што ја купив, најдов друга книга од истите издавачи. Тоа беше книгата Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата.* Оваа книга беше полесна и веднаш сфатив дека морам да проповедам. Затоа, без одлагање почнав на сите што ги среќавав да им кажувам за она што го научив.

Времето си минуваше и чувствував потреба да ги најдам Јеховините сведоци. Во книгата Откровение беше запишан бројот на девојката што му ја дала книгата на мојот пријател од циркусот. Се јавив на тој број и таткото на девојката ме покани на еден конгрес на Јеховините сведоци во Тихуана (Мексико). Бев воодушевен од љубовта што ја видов таму и бев убеден дека тоа е вистинската религија. Каде и да одеше циркусот, јас одев во тамошната Сала на Царството и земав литература која ја делев неформално.

Тогаш се случи нешто што уште повеќе ме увери дека сум на вистинскиот пат. Сведоците ме поканија на Спомен-свеченоста по повод Христовата смрт и ми објаснија колку е важно христијаните да присуствуваат на тој настан. Но, таа вечер циркусот требаше за првпат да изведе една нова претстава и мислев дека нема шанси да стигнам на состанокот. Горливо му се молев на Јехова и тогаш се случи нешто неочекувано. Два часа пред претставата снема струја! Па така, можев да присуствувам на Спомен-свеченоста и да настапам во претставата подоцна истата вечер. Си мислев дека Јехова ми одговори на молитвата.

Еднаш давав трактати додека чекав во банка. Еден христијански старешина ме виде и ме пофали за ревноста. Ме поттикна да проповедам на организиран начин, во склоп на некое собрание. Љубезно ми објасни дека за да можам да го правам тоа ќе треба да сменам некои работи во животот. Додека размислував за тие промени, ми понудија добро платена работа во еден циркус во САД. Срцето ми беше растргнато на две страни. Сакав да одам во САД, но не бев сигурен што ќе се случи со мене ако прифатам — не знаев дали ќе продолжам на патот што води во живот. Тоа ми беше првиот испит и не сакав да го разочарам Јехова. И покрај тоа што другите изведувачи беа запрепастени, јас го оставив циркусот, почнав редовно да одам на состаноците во едно собрание, си ја потстрижив долгата коса, а променив и некои други работи во животот за да можам да му служам на Јехова.

Исполнет живот без никакво жалење по минатото

Во 1997 год., кратко пред да се крстам, се соочив со уште еден испит. Повторно бев поканет да одам во САД за да настапам во една позната телевизиска емисија во Мајами. Исто така, ми понудија да ми ги платат сите трошоци. Но, јас сакав да се крстам и да го исполнам заветот што му го дадов на Јехова дека ќе му служам. Затоа ја одбив поканата, што беше големо изненадување за луѓето од таа емисија.

Некои луѓе ме прашуваат дали жалам што го оставив циркусот. Јас им одговарам дека за ништо на светот не би го менувал пријателството со Јехова и неговата љубов за животот што го имав порано. Иако со мојата нова кариера како полновремен проповедник не добивам аплаузи, слава или богатство, повеќе не чувствувам дека животот ми минува бесцелно. Имам прекрасна надеж да живеам на рајска Земја и да ја видам мајка ми кога ќе воскресне (Јован 5:28, 29).

[Фуснота]

a Издадена од Јеховините сведоци.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели