ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 7/07 стр. 18-19
  • Да не си далтонист?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Да не си далтонист?
  • Разбудете се! 2007
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Далтонизмот кај децата
  • Како влијаат боите врз нас?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
  • Содржина
    Разбудете се! 2007
Разбудете се! 2007
g 7/07 стр. 18-19

Да не си далтонист?

„Кога се облекувам, жена ми проверува дали боите што сум ги избрал одговараат“, вели Родни. „Кога појадуваме, таа ми избира овошје, зашто јас не можам да видам дали е зрело. На работа, не знам секогаш каде да кликнам, зашто обично на мониторот работите се појавуваат во боја. Кога возам, црвеното и зеленото светло на семафорот ми се исти, па затоа внимавам дали светлото што е вклучено е најгоре или најдолу. Но, семафорите со хоризонтални светла можат да бидат вистински проблем.“

РОДНИ е далтонист, односно има слепило за бои. Тој наследил едно генетско нарушување кое предизвикува оштетување на мрежницата (ретината) — внатрешната обвивка на окото која е осетлива на светлина. Родни не е единствениот со вакво нарушување. Го има отприлика секој 12-ти маж и секоја 200-та жена со европско потекло.a Родни, како и повеќето далтонисти, не гледа само црно-бело — тој може да распознава различни бои. Но, некои бои не ги гледа исто како што ги гледаат луѓето со нормален вид.

Во човечкото око, мрежницата обично содржи три вида конусни клетки, наречени чепчиња, кои се осетливи на светлина. Сите овие клетки се способни да ја примаат брановата должина на некоја од основните бои на светлината — сина, зелена или црвена. Светлината со одредена бранова должина ги активира соодветните чепчиња, кои му испраќаат сигнали на мозокот. На тој начин ние ги разликуваме боите.b Меѓутоа, кај далтонистите, осетливоста на чепчињата на една или повеќе бои е слаба или ја прима со поинаква бранова должина, поради што тие поинаку ја регистрираат бојата. На повеќето далтонисти им е тешко да ги разликуваат жолтата, зелената, портокаловата, црвената и кафеавата боја. Поради ова оштетување, тие не можат лесно да ја забележат зелената мувла на парче црн леб или на кашкавал. Исто така не можат да направат разлика помеѓу русокосо лице со сини очи и црвенокосо лице со зелени очи. Ако кај еден човек чепчињата што се осетливи на црвена боја се многу слаби, црвената ружа му изгледа црна. Сосема мал број далтонисти не можат да ја видат сината боја.

Далтонизмот кај децата

Слепилото за бои обично е вродено и се добива уште од раѓањето, но децата со ваков хендикеп честопати несвесно учат како да го надоместат. На пример, иако не можат да ја видат разликата помеѓу одредени бои, тие можат да направат разлика помеѓу контрастот и светлината, и потоа тие разлики да ги поврзат со имињата на боите. Исто така, можат да научат да ги разликуваат предметите според особеностите и составот на нивната површина, а не по бојата. Всушност, многу деца не се ни свесни дека не ги разликуваат боите.

Бидејќи во училиштата честопати се користат нагледни средства во боја, особено во нижите одделенија, родителите и наставниците можат да дојдат до погрешен заклучок дека детето има проблеми со учењето, а тоа, всушност, само не ги разликува боите. Една наставничка дури и казнила едно петгодишно детенце затоа што нацртало слика со розови облаци, зелени луѓе и дрвја со кафеави листови. На едно дете што не разликува бои, тој цртеж би му изгледал совршено нормален. Затоа, со добра причина, некои стручњаци препорачуваат децата, уште од мали, редовно да се носат на преглед за слепило за бои.

За оваа аномалија сѐ уште нема лек, но се знае дека не се влошува со годините ниту, пак, го зголемува ризикот од некои други оштетувања на видот.c Сепак, далтонизмот може да предизвика негативни чувства. Меѓутоа, кога Божјето Царство ќе владее, Исус Христос ќе ги отстрани од богобојазливите луѓе сите траги од несовршеноста. Тогаш луѓето што имале проблеми со видот ќе можат да го видат Јеховиното творештво во сиот негов сјај (Исаија 35:5; Матеј 15:30, 31; Откровение 21:3, 4).

[Фусноти]

a Далтонизам има кај луѓето од сите раси, но најчесто се појавува меѓу белците.

b Многу животни разликуваат бои, иако тие ги гледаат боите поинаку од нас. На пример, кучињата имаат само два вида чепчиња во мрежницата — едни за сина боја и други за една нијанса помеѓу црвено и зелено. Меѓутоа, некои птици имаат четири вида чепчиња и можат да ја видат и ултравиолетовата светлина, што е невозможно за луѓето.

c Понекогаш далтонизмот може да биде последица од некоја болест. Ако на зрели години забележиш дека не ги распознаваш добро боите, не би било лошо да одиш на очен лекар.

[Рамка/графикони на страница 18]

ПРЕГЛЕД ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ДАЛТОНИЗАМ

При прегледот на кој се утврдува каков вид далтонизам има некој и колку напреднала болеста, честопати се користат шеми со точки во разни бои и нијанси. Тестот Ишихара, кој се користи најчесто, се состои од 38 различни шеми. На пример, при дневна светлина, човек со нормален вид на една од шемите ќе ги види броевите 42 и 74 (лево), додека еден далтонист, кој обично не ги распознава црвената и зелената боја, нема да го види бројот во горното крукче, а во долното можеби ќе го види бројот 21.d

Ако при прегледот се утврди дека има оштетување, очниот лекар може да препорача натамошни испитувања за да се утврди дали оштетувањето е наследно или има некој друг причинител.

[Фуснота]

d Овие шеми се дадени овде само како пример. Дијагностичките прегледи треба да ги вршат квалификувани специјалисти.

[Извор на слика]

Тестови за далтонизам на 18. страница: Копија со дозвола на Pseudoisochromatic Plate Ishihara Compatible (PIPIC) Color Vision Test 24 Plate Edition by Dr. Terrace L. Waggoner/www.colorvisiontesting.com

[Рамка на страница 19]

ЗОШТО ГЛАВНО КАЈ МАЖИТЕ?

Вродените недостатоци во распознавањето на бои ги носи X-хромозомот. Жените имаат два X-хромозоми, а мажите имаат еден X и еден Y-хромозом. Според тоа, ако една жена наследи некое оштетување на видот во еден од X-хромозомите, нормалниот ген во другиот хромозом ќе го надомести, и таа нема да има проблеми со видот. Но, ако еден маж наследи оштетување на својот X-хромозом, тој нема друг X-хромозом кој би го надоместил тоа.

[Графикон/слики на страница 18]

(Види во публикацијата)

КАКО ГЛЕДАМЕ ВО БОЈА

Светлината од предметите минува низ рожницата и леќата, и паѓа на мрежницата

Рожница

Леќа

Мрежница

Сликата е превртена, но подоцна мозокот ја исправа

ОЧНИОТ НЕРВ носи пораки до мозокот

МРЕЖНИЦАТА содржи два вида клетки — чепчиња и стапчиња. Со нив ги распознаваме боите

Стапчиња

Чепчиња

ЧЕПЧИЊАТА се осетливи на црвена, зелена или сина светлина

Црвена

Зелена

Сина

[Слики]

Нормален вид

Видот кај далтонист

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели