ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 9/07 стр. 3
  • Скршени срца, скршена вера

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Скршени срца, скршена вера
  • Разбудете се! 2007
  • Сличен материјал
  • Што вели Библијата за природните катастрофи?
    Одговор на библиски прашања
  • Најтешкото прашање
    Разбудете се! 2006
  • Дали Бог нѐ казнува?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • Зошто има толку природни катастрофи?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
Повеќе
Разбудете се! 2007
g 9/07 стр. 3

Скршени срца, скршена вера

„НАСЕКАДЕ имаше мртви тела, и веќе не можевме да препознаеме каде ни беше куќата“, рекол еден човек од Шри Ланка откако цунамито му го уништило селото во декември 2004 год. Во својата статија за таа катастрофа, еден уредник што пишува на религиозни теми напишал дека понекогаш му се случува „да се моли со стиснати заби“.

Мнозина ги сметаат природните катастрофи за казна од Бог. За еден разорен ураган, еден колумнист рекол дека е „Божја рака“. Некои верски водачи во Соединетите Држави ги опишуваат несреќите, како што беше ураганот Катрина, како „Божјиот гнев“ врз „градовите на гревот“. Во Шри Ланка, еден милитантен будист ги обвинил христијаните за цунамито, продлабочувајќи ја со тоа уште повеќе верската поделеност. Управникот на еден хиндуистички храм сметал дека богот Шива е лут поради тоа што луѓето не живеат како што треба. Еден будистички верски водач во Соединетите Држави во врска со природните катастрофи рекол: „Не знаеме зошто се случуваат вакви работи. Не знаеме ни зошто сме овде“.

Кога ќе видиш слики од разурнати домови, изгубени животи и скршени срца, дали понекогаш се прашуваш: ‚Зошто Бог го допушта страдањето?‘ Или можеби си мислиш: ‚Бог сигурно има добри причини што дозволува да се случуваат вакви работи, само не ни ги кажува‘. Во следните статии ќе биде разгледана оваа тема. Во нив ќе бидат разгледани и некои практични чекори што можат да ги направат луѓето за да го намалат ризикот од повреда и смрт кога се заканува или кога ќе се случи некоја природна катастрофа.

[Слика на страница 3]

Многу верски водачи не знаат зошто Бог дозволува да има природни катастрофи

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели