ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 12/07 стр. 20-21
  • Како станало познато Божјето име

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како станало познато Божјето име
  • Разбудете се! 2007
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Зошто се користело Божјето име?
  • Како се користело Божјето име
  • Сѐ уште се објавува Божјето име
  • Животот во библиски времиња — пари
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • Дали сте знаеле?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • „Јехова е моја утеха“
    Разбудете се! 2003
  • Две парички
    Нашата служба за Царството 2012
Повеќе
Разбудете се! 2007
g 12/07 стр. 20-21

Како станало познато Божјето име

БИБЛИСКИОТ псалмист Давид пеел: „Со песна ќе го фалам Божјето име“. Давид го знаел Божјето име и во една песна го дал следниов поттик: „Да е благословен Јехова... Да е благословено неговото славно име“ (Псалм 69:30; 72:18, 19). Највообичаениот облик на Божјето име на македонски е Јехова — превод на хебрејскиот збор יהוה, кој во Библијата се појавува речиси 7.000 пати.

Во последниве неколку векови, Божјето име се користеше и на други места освен во Библијата. На пример, на златните монети што долго време биле ковани во Швајцарија можат да се прочитаат латинските зборови Benedictus Sit Iehova Deus, што во превод значи „Слава му на Јехова Бог“ [1]. Всушност, во изминативе неколку стотици години, Божјето име на хебрејски и на латински се појавило на повеќе од илјада различни видови платежни средства.

Зошто Божјето име почнало да се користи толку често, како што може да се види и на сликите на овие две страници?

Зошто се користело Божјето име?

Во 16 век, во Западна Европа почнале да се водат верски војни меѓу римокатолиците и протестантските реформатори. Неколку шпански провинции ѝ откажале верност на Римокатоличката црква, која во тоа време била главна религија, и во замена ја прифатиле Реформистичката црква. Ова водело до верска граѓанска војна. Завојуваните страни ги користеле монетите и сликите на нив за да покажат дека Бог ги поддржува.

Како се користело Божјето име

За да го запишат Божјето име, изработувачите на монети ги користеле четирите букви од хебрејската азбука, познати како тетраграм. Транскрибирани на македонски, овие четири букви гласат ЈХВХ. Во најголем број случаи, ни изработувачите на монети ниту народот во целина не знаеле хебрејски. Затоа, бидејќи тетраграмот се препишувал одново и одново, четирите хебрејски букви на Божјето име се пишувале на различни начини.

Во Шведска, монети со Божјето име биле исковани некаде околу 1568 год. [2]‚ а во Шкотска во 1591 год. По наредба на шведскиот крал Карло IX, некаде околу 1600 год. биле изработени монети на кои Божјето име било напишано на неколку начини — Ihehova, Iehova и Iehovah [3]. Тој наредил еден вид монети да се исковаат од злато. Вредноста на една таква монета била еднаква на платата што еден физички работник ја заработувал за четири месеци!

Повеќе од 60 различни монети со името „Јехова“ потекнуваат од времето на Кристијан IV, крал на Данска и Норвешка, кој владеел од 1588 до 1648 год. До средината на 17 век, вакви монети почнале да се коваат и во Полска, Швајцарија и Германија.

Овие монети масовно се произведувале во текот на Триесетгодишната војна во Европа, која започнала како верска војна и траела од 1618 до 1648 год. По победата кај Брајтенфелд во 1631 год., шведскиот крал Густав II Адолф наредил да се исковаат монети со тетраграм, кои се изработувале во Ерфурт, Фирт, Мајнц и Вирцбург [4]. Отприлика во тоа време, монети со Божјето име почнале да коваат и кнежевствата што биле во сојуз со шведскиот крал.

Во периодот од околу 150 години откако завршила крвавата Триесетгодишна војна, Божјето име и понатаму можело да се најде на монети, медали и други платежни средства што се изработувале во Австрија, Мексико, Русија, Франција и други земји. Меѓутоа, од почетокот на 18 век наваму, Божјето име почнало сѐ поретко да се појавува на монетите и печатите. На крајот, овој обичај потполно замрел.

Сѐ уште се објавува Божјето име

Иако денес Божјето име не може да се најде на ниедна валута, тоа се објавува во многу поголеми размери. Уште одамна, Бог избрал свој народ на кого му рекол: „Вие сте мои сведоци... а јас сум Бог“ (Исаија 43:12). Ниту една монета не може да ја одигра оваа важна улога на сведок. Всушност, оние што го користеле Божјето име на своите монети не дале веродостојно сведоштво за Бог бидејќи тврделе дека тој ги поддржува нивните крвави војни. Денес има луѓе што го објавуваат Божјето име како што сака тој.

Јеховините сведоци те поттикнуваат подобро да го запознаеш вистинскиот Бог, Јехова, и да научиш што значи неговото име. За него, библискиот псалмист напишал: „За да се знае дека единствено ти, чие име е Јехова, си Севишен над целата земја!“ (Псалм 83:18). Многу е важно да го запознаеме Јехова. Тоа го потврдил и неговиот драг Син, кој во молитва рекол: „А за да добијат вечен живот, треба добро да те запознаат тебе, единствениот вистински Бог, и оној кого го испрати, Исус Христос“ (Јован 17:3).

[Слика на страници 20 и 21]

Алати што се користеле при изработка на монети

[Извори на слики на страница 20]

Монета бр. 1 и алати: Hans-Peter-Marquardt.net;

монета бр. 2: Mit freundlicher Genehmigung Sammlung Julius Hagander

[Извор на слика на страница 21]

Монети бр. 3 и 4:

Mit freundlicher Genehmigung Sammlung Julius Hagander

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели