ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 3/08 стр. 7-9
  • Како да го најдеме патот до Бог?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како да го најдеме патот до Бог?
  • Разбудете се! 2008
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Како Бог им ја пренесува вистината на луѓето?
  • Во христијанската ера
  • Проверена метода
  • Како влијае вистината врз луѓето
  • Христијаните обожаваат со дух и со вистина
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
  • „Расправаше со нив на темел на Писмата“
    ,Сведочи темелно за Божјето Царство‘
  • „Јехова го направи она што го науми“
    Еремија и Божјата порака за нас
  • „Не можам да молчам“
    Еремија и Божјата порака за нас
Повеќе
Разбудете се! 2008
g 3/08 стр. 7-9

Како да го најдеме патот до Бог?

‚Ако постои вистина од Бог, зошто морам толку да се мачам за да ја најдам?‘, прашуваат некои. ‚Ако Бог има важна порака за сите луѓе, зарем нема да ја пренесе доволно јасно за да може секој да ја разбере веднаш и без многу да истражува?‘

СЕ РАЗБИРА, Бог може да го стори тоа. Но, дали избрал да ни ја пренесе вистината на таков начин?

Како Бог им ја пренесува вистината на луѓето?

Кога сака да им пренесе порака на луѓето, Бог секогаш им дава можност на искрените лица да проверат дали е од него или не (Псалм 14:2). Пример за тоа ни е една Божја порака што многу одамна требало да ја пренесе пророкот Еремија. Таа била упатена до Божјиот непослушен народ и содржела предупредување дека наскоро Вавилонците ќе го уништат Ерусалим (Еремија 25:8-11; 52:12-14).

Меѓутоа, во тоа време имало и други пророци кои тврделе дека пренесуваат порака од Бог. Ананија најавувал мир за Ерусалим. Значи, неговата порака била сосема поинаква од пораката на Еремија. Кому требало да му веруваат Евреите — на Еремија или на оние што го кажувале спротивното? (Еремија 23:16, 17; 28:1, 2, 10-17).

За да знаат кој е во право, искрените Евреи требало добро да го познаваат Јехова. Требало да ги разбираат неговите закони и начела, и да знаат што мисли тој кога некој ги прекршува. Од друга страна, можеле да видат дека е точно она што Бог го кажал преку Еремија, имено, дека „никој не се кае за својата злоба“ (Еремија 8:5-7). Затоа, требало да сфатат дека поради таквата жална состојба Ерусалим и неговите жители не ги чекало ништо добро (5. Мојсеева 28:15-68; Еремија 52:4-14).

Пророштвата на Еремија во врска со Ерусалим се обистиниле. Во 607 год. пр.н.е., Вавилонците го срамниле градот со земја.

Иако последиците од непослушноста биле претскажани многу однапред, Евреите требало да вложат труд за да сфатат дека дошло време Бог да се вмеша во работите.

Во христијанската ера

А што е со вистината која ја објавувал Исус Христос? Дали сите ја прифатиле како порака од Бог? Не. Иако Исус бил меѓу Израелците и лично ги поучувал и правел чуда, повеќето од оние што го слушале не сфатиле дека тој е проречениот Месија или Христос, односно Помазаникот.

Кога фарисеите го прашале кога ќе дојде Божјето Царство, Исус им одговорил: „Царството Божје не доаѓа така што ќе може да се види... Царството Божје е меѓу вас“ (Лука 17:20, 21). Исус — Царот поставен од Бог — бил меѓу нив! Но, фарисеите не сакале да си ги отворат очите и да ги видат доказите дека на него се исполнуваат пророштвата за Месијата. Тие не го прифатиле како „Христос, Синот на живиот Бог“ (Матеј 16:16).

Луѓето во првиот век реагирале слично и на вистината што ја проповедале Христовите ученици. Иако чудата покажувале дека Бог е на нивна страна, сепак голем број луѓе не можеле лесно да ја препознаат вистината (Дела 8:1-8; 9:32-41). Исус им заповедал на своите следбеници да ги поучуваат луѓето и ‚да прават ученици‘. Дури откако ги чуле и разбрале библиските вистини, оние што искрено ја барале вистината станале верници (Матеј 28:19; Дела 5:42; 17:2-4, 32-34).

Истото е случај и денес. ‚Добрата вест за царството‘ се проповеда „по целиот свет, за сведоштво на сите народи“ (Матеј 24:14). Тоа не значи дека се проповеда на толку впечатлив начин што на секој жител на Земјата веднаш му е јасно дека станува збор за порака од Бог. Сепак, искрените лица кои сакаат да му служат на исправен начин сфаќаат дека тоа е Божјата вистина (Јован 10:4, 27).

Самото тоа што читаш списание кое зборува за Библијата покажува дека и ти најверојатно искрено ја бараш вистината. Како да одредиш во која религија можеш да ја најдеш?

Проверена метода

Во првиот век, апостол Павле ги пофалил жителите на Верија за начинот на кој реагирале кога тој ги поучувал. Иако не поверувале веднаш во она што им го зборувал, тие со почит слушале што имал да им каже. Многу добар пример за нас е она што го сториле откако ја сослушале пораката.

Во Библијата стои: „А [веријците] беа поблагородни од оние во Солун, зашто многу горливо ја примија речта и секој ден ги истражуваа Писмата за да видат дали е тоа така. И мнозина од нив станаа верници“ (Дела 17:10-12). Значи, тие истражувале длабоко — не очекувале дека само по еден или два кратки разговора со Павле ќе се уверат дека она што им го кажува е вистина.

Исто така, забележи дека веријците ‚многу горливо ја примиле речта‘. Ова ни покажува со каков став го проучувале Светото писмо. Не биле лековерни, но не биле ни цинични. Тие немале критички став кон изјавите на Павле, кој пренесувал порака од Бог.

Интересно е и тоа што во таа прилика веријците првпат чуле за христијанството. Она што го слушале им звучело многу добро, можеби и премногу добро за да биде вистинито. Но, наместо да го отфрлат, тие внимателно ги истражувале Писмата и проверувале ‚дали она што го вели Павле е така‘. Освен тоа, забележи дека и веријците и солуњаните, кои истражувале длабоко, на крајот станале верници (Дела 17:4, 12). Тие не кренале раце и не заклучиле дека не може да се најде вистината. Напротив, ја пронашле вистинската религија.

Како влијае вистината врз луѓето

Исто како и веријците, оние што ќе ја најдат вистината едвај чекаат да им ја кажат на другите. Можеби тоа нема да им се допадне на некои што сметаат дека не е понизно да се тврди дека другите религии не се исправни. Но, кога некој ќе ја пронајде библиската вистина, тој е потполно уверен во неа и воопшто не се мисли дали вистината може да се најде и дали можеби сите религии водат до спасение. Од друга страна, пак, единствен начин да се дојде до вистината е внимателно да се истражува, а за тоа навистина е потребна понизност.

Јеховините сведоци го имаат направено овој важен чекор. Затоа се уверени дека ја пронашле вистинската религија. Срдечно те покануваат и тебе да го истражуваш Светото писмо и да откриеш која е вистинската религија. Иако рамката на оваа страница не е исцрпен список по кој можеш да одредиш дали некоја религија е вистинска или не, во неа ќе најдеш начела кои можат да те упатат во исправна насока.

Ако решиш бесплатно да ја проучуваш Библијата со Јеховините сведоци, ќе имаш прилика подлабоко да испиташ што навистина учи таа. Така ќе бидеш на добар пат да ја пронајдеш вистинската религија.

[Рамка на страница 9]

Патокази до правиот пат

Разгледај ги следниве факти за христијаните во првиот век:

◼ За сѐ барале водство од Божјата реч (2. Тимотеј 3:16; 2. Петрово 1:21).

◼ Поучувале дека Исус не е Бог, туку Божји Син кој му е подложен на својот Татко (1. Коринќаните 11:3; 1. Петрово 1:3).

◼ Поучувале дека мртвите ќе воскреснат во иднина (Дела 24:15).

◼ Насекаде биле познати по својата меѓусебна љубов (Јован 13:34, 35).

◼ Не му служеле на Бог одвоено од другите, туку биле организирани во собранија и служеле обединето под водство на надгледници и на едно водечко тело кое го почитувало Исус како свој Поглавар (Дела 14:21-23; 15:1-31; Ефешаните 1:22; 1. Тимотеј 3:1-13).

◼ Ревносно проповедале дека Божјето Царство е единствена надеж за човештвото (Матеј 24:14; 28:19, 20; Дела 1:8).

[Слика на страница 7]

Иако другите пророци му противречеле на Еремија, како можело да се провери дали тој е вистински пророк?

[Слики на страници 8 и 9]

Во првиот век, веријците го сослушале Павле, но потоа ги истражувале Писмата за да проверат дали ја зборува вистината

[Слика на страници 8 и 9]

Религиозната вистина ќе ја пронајдеш само ако внимателно ја проучуваш Библијата

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели