ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 3/08 стр. 22-23
  • Древните обичаи во денешно Мексико

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Древните обичаи во денешно Мексико
  • Разбудете се! 2008
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Верски обреди
  • Збор-два за потеклото
  • Дали потеклото е важно?
  • Места за обожавање — дали ни се потребни?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
  • Да се служи со цела душа и покрај испитите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
  • Денешните Астеци стануваат вистински христијани
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • Зошто Јеховините сведоци не слават одредени празници?
    Најчесто поставувани прашања
Разбудете се! 2008
g 3/08 стр. 22-23

Древните обичаи во денешно Мексико

ОД ДОПИСНИКОТ НА РАЗБУДЕТЕ СЕ! ВО МЕКСИКО

ВО МЕКСИКО, древните обичаи и верувања опстојуваат паралелно со употребата на мобилни телефони и на Интернет. Низ вековите, некои обичаи на Индијанците се вовлекле во римокатоличката вера. Всушност, таквите обичаи сѐ уште се дел од верскиот живот на католиците во Мексико.

На пример, секоја година на нивната Задушница, односно Мртвен, кој се паѓа на 2 ноември, многу Мексиканци одат на гробишта, каде што на мртвите им оставаат цвеќе, храна и алкохолни пијалаци. Некои најмуваат дури и музички групи за да му ги свират омилените песни на починатиот роднина. Многу католици подигаат олтар дома, на кој ставаат слика од блискиот што им умрел.

Според една енциклопедија, во некои од обичаите поврзани со Задушница се „задржале извесни елементи од индијанските обреди во текот на месеците очпани́цли и теотле́ко, кога на душите на умрените [ма́нес] им се принесувале цвеќиња кемпасу́чил и пченкарно тамале (мексиканска сарма), во периодот кога жетвата штотуку била собрана, односно при крајот на октомври и почетокот на ноември“ (Enciclopedia de México). Оваа енциклопедија потврдува дека некои обичаи влечат корен уште од времето пред пристигнувањето на шпанските колонизатори, кога се одржувале слични празници со карневалски дух.

Верски обреди

За католиците во Мексико, 12 декември е празник. На тој датум, илјадници аџии од сите делови на Мексико доаѓаат во црквата на Дева Марија од Гвадалупе, која се наоѓа на падината на ридот Тепејак во градот Мексико. Многумина пешачат со денови, молејќи ѝ се попат на Девицата. Кога ќе пристигнат, тие по обичај влегуваат во црквата на колена (горе) и полагаат ружи.

Денес можат да се видат слики или кипови од Дева Марија од Гвадалупе по куќите, стамбените згради, автобуските станици и на други јавни места. Позната е и како „Богородица“, односно „Црномурната од Тепејак“. Од 16 век наваму, верниците ѝ припишуваат многу исцелувања и други чуда.

Збор-два за потеклото

Многу обичаи поврзани со овој празник, меѓу кои и почитувањето на оваа божица, се всушност остатоци од обожавањето на астечката божица-мајка Кихуагватл, која ја викале и Тонанцин („нашата мамичка“). Според книгата Мексико низ вековите (México a través de los siglos), древните Астеци биле први кои ги обожавале Кихуагватл и нејзиниот син Уицилопочтли во Теночтитлан (денешниот град Мексико), кој порано бил главен град на Астечкото Царство.

Шпанците го уништиле храмот на Кихуагватл, кој се наоѓал на ридот Тепејак. Според преданието, неполни 40 години откако Колумбо ја открил Америка, на Индијанецот Хуан Диего наводно му се појавила Дева Марија од Гвадалупе и побарала да ѝ се изгради светилиште на истото место.

Астеците длабоко ја почитувале Кихуагватл. Се вели дека таа имала долга, пуштена коса и дека била облечена во чисто бел фустан. Влезот во нејзиниот храм бил толку низок, што во него можело да се влезе само на колена. Верникот што ќе влезел, можел да види нејзин кип опкружен со идоли, што укажувало на тоа дека таа е „мајка... на боговите“.

Прославата во чест на Кихуагватл била одбележувана со принесување човечки жртви, играње и парада на војници накитени „со ружи во рацете, околу вратот и на главата“. Ваквите дарови биле оставани на врвот од храмот како приноси за Уицилопочтли. Некои Индијанци, меѓу кои имало и многу од Гватемала, пешачеле повеќе од 1.500 километри за да дојдат на празникот во чест на Кихуагватл.

Дали потеклото е важно?

Јасно е дека обожавањето на сликата или кипот на Дева Марија од Гвадалупе потекнува од ритуалите на луѓе кои не му служеле на вистинскиот Бог за кој зборува Библијата (Псалм 83:18). Дали ова сознание треба да влијае врз нашиот став? Дали потеклото на некој верски обичај влијае врз тоа дали Бог сака да го правиме?

Во врска со ова, апостол Павле ги дал следниве мудри совети: „Не впрегнувајте се во нееднаков јарем со неверници... Може ли да постои складност меѓу Христос и Велијар? Или што имаат заедничко верникот и неверникот?“ „Сѐ испитувајте за да се уверите во тоа, држете се за она што е добро“ (2. Коринќаните 6:14, 15; 1. Солуњаните 5:21).

Истото важи и денес. Би било добро да се прашаме: ‚Дали мојата религија верно ја следи Божјата реч, Библијата, или, пак, во неа се вовлекле елементи од обожавањето на лажните богови?‘ Оној што сака да го радува Јехова, вистинскиот Бог, ќе постапи мудро и ќе се потруди да го најде одговорот на ова прашање.

[Слика на страница 23]

Аџии собрани пред црквата на Дева Марија од Гвадалупе

[Слика на страница 23]

Музичари на гробишта (2 ноември)

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели