Случајно или создадено?
Нозете на галебот
◼ Галебот не се смрзнува дури ни кога со голи нозе стои на мраз. Како е можно ова суштество да не ја губи телесната топлина? Дел од тајната е механизмот познат како спротивно струење на топлината.
Размисли: Овој систем се состои од два многу блиску поставени крвни садови — низ едниот тече топла, а низ другиот студена крв, но во обратна насока. Кога крвта во овие два крвни сада би се движела во иста насока, во најдобар случај би се пренела само половина од топлината. Но бидејќи се движи во спротивна насока, се пренесува речиси сета топлина.
Ваквиот механизам во нозете на галебот овозможува крвта која минува низ стапалата да ја испушти својата топлина речиси до смрзнување и повторно да се загрее додека се враќа назад. Во врска со птиците што живеат во постудените краишта, орнитологот Гари Ричисон го напишал следново: „Овој систем е толку ефикасен и генијален што го користат и луѓето во своите градежни проекти за да избегнат залудно трошење на енергијата“.
Што мислиш? Дали овој механизам во нозете на галебот настанал случајно или бил создаден?a
[Фуснота]
a Системот на спротивно струење на топлината го има кај луѓето, кај разни видови риби и кај многу други животни.
[Графикон/слики на страница 25]
(Види во публикацијата)
Спротивното струење на топлината ја разладува крвта додека минува низ стапалата и повторно ја загрева кога се враќа назад
[Графикон]
32°C
0-5°C
[Извор на слика на страница 25]
Галеб: © Michael S. Nolan/age fotostock