ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 10/09 стр. 8
  • Чекор 6 — простување

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Чекор 6 — простување
  • Разбудете се! 2009
  • Сличен материјал
  • Како да простиш
    Разбудете се! 2013
  • 4. Простување
    Разбудете се! 2018
  • Кога едно пријателство ќе отиде предалеку
    Разбудете се! 2013
  • Дали е возможно да постигнете помирување?
    Разбудете се! 1999
Повеќе
Разбудете се! 2009
g 10/09 стр. 8

Чекор 6 — простување

„Поднесувајте се еден со друг и спремно простувајте си еден на друг“ (Колошаните 3:13)

Што значи тоа. Успешните двојки учат од минатото, но не водат евиденција за старите несогласувања за потоа да ги користат во изјави од типот: „Ти секогаш доцниш“ или „Ти никогаш не слушаш“. И мажот и жената знаат дека ‚чест е да се премине преку престапот‘ (Изреки 19:11).

Зошто е важно. Бог е ‚спремен да прости‘, но луѓето не се секогаш спремни на тоа (Псалм 86:5). Кога старите несогласувања не се решаваат, може да се насобере толкава огорченост што простувањето веќе се чини невозможно. Може да се случи секој од брачните другари да се затвори во себе — да не го допираат чувствата на другиот. Тогаш и на двајцата им се чини дека се во безизлезна ситуација — заглавени во брак без љубов.

Предлог: Гледај ваши стари фотографии — можеби од првите години од бракот или од времето додека бевте во врска. Потруди се повторно да ја разгориш љубовта што горела во тебе пред да се појават проблемите поради кои си почнал да го гледаш својот сопружник со други очи. Потоа, размисли за особините што ти се допаѓале кај него во почетокот.

◼ Кои особини кај твојот сопружник најмногу ги цениш сега?

◼ Размисли колку добро може да влијае врз твоите деца ако покажуваш поголема спремност да простиш.

Донеси цврста одлука. Размисли за еден-два начина на кои старите грешки нема да ги спомнуваш во сегашните несогласувања со твојот брачен другар.

Би можел да го пофалиш својот брачен другар за особините што најмногу ги цениш кај него (Изреки 31:28, 29).

Како би можел да им покажеш на своите деца дека си спремен да простиш?

Би можел да зборуваш со своите деца за простувањето и како тоа може да му користи на секој член на семејството.

[Слика на страница 8]

Кога ќе простиш, долгот се поништува. Повеќе не се обидуваш да го наплатиш

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели