Како ќе одговориш?
Каде се случило?
1. Во кој град се случил овој настан?
МАЛА ПОМОШ: Прочитај Дела 18:1-3.
Заокружи го одговорот на картата.
Рим
Коринт
Ефес
Тарс
◼ Што прават овие тројца луѓе?
․․․․․
◼ Како се викаат мажот и жената, и како се вика нивниот пријател?
․․․․․
ЗА РАЗГОВОР:
На кој друг му помогнале овој маж и жена?
МАЛА ПОМОШ: Прочитај Дела 18:24-26.
Што мислиш, што најмногу сакале да прават тие, и зошто?
Деца, најдете ги сликите!
Можеш ли да ги најдеш овие слики во ова списание? Опиши со свои зборови што се случува на секоја од нив.
Од овој број
Одговори на прашањата и дополни ги библиските стихови.
СТРАНИЦА 3 Оној што не се грижи за своето семејство полош е од кого? (1. Тимотеј 5:․․․)
СТРАНИЦА 5 Зошто на двајца им е подобро отколку на еден? (Проповедник 4:․․․)
СТРАНИЦА 11 Кај кого може да се најде мудрост? (Јов 12:․․․)
СТРАНИЦА 29 Од што треба да се воздржува човек? (1. Солуњаните 4:․․․)
Што знаеш за судијата Гедеон?
Прочитај Судиите 6:1 — 7:25, а потоа одговори на следниве прашања:
2. ․․․․․
Од кое племе бил?
3. ․․․․․
Од кој народ го избавил Израел?
4. ․․․․․
Точно или неточно? Живеел пред Мојсеј.
ЗА РАЗГОВОР:
Која особина ја покажал Гедеон кога првпат добил задача од Јехова?
МАЛА ПОМОШ: Прочитај Судиите 6:14-16.
Што мислиш, дали тоа е убава особина? Објасни зошто мислиш така.
◼ Одговорите се на 27. страница
ОДГОВОР НА ПРАШАЊАТА ОД 31. СТРАНИЦА
1. Коринт.
◼ Прават шатори.
◼ Акила, Прискила и Павле.
2. Од Манасија (Судиите 6:15).
3. Од Мадијамците (Судиите 6:6).
4. Неточно.