ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 3/10 стр. 18-21
  • Погрешно ли е да сакаш малку приватност?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Погрешно ли е да сакаш малку приватност?
  • Разбудете се! 2010
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Кога сакаш да бидеш сам
  • Кога сакаш да си со пријателите
  • Приватноста и ти
  • Погрешно ли е да сакаш малку приватност?
    Младите прашуваат — делотворни одговори, том 1
  • Како да добијам поголема приватност?
    Младите прашуваат
  • Зошто толку многу правила?
    Младите прашуваат — делотворни одговори, том 2
  • Како да добијам поголема слобода?
    Младите прашуваат — делотворни одговори, том 1
Повеќе
Разбудете се! 2010
g 3/10 стр. 18-21

Младите прашуваат

Погрешно ли е да сакаш малку приватност?

Како најверојатно би реагирал во следниве замислени ситуации (означи со ✔):

1. Си седиш во својата соба и вратата ти е затворена. Брат ти или сестра ти упаѓа без да тропне.

◯ ,Нема проблем... И јас му правам така.‘

◯ ,Нема никаква култура! Што ќе беше ако се пресоблекував?‘

2. Разговараш по телефон со некој пријател. Мајка ти е во близина и очигледно слуша сѐ.

◯ ,Нема проблем... Немам што да кријам.‘

◯ ,Многу е непријатно! Имам чувство како да живеам со шпиони!‘

3. Само што си влегол дома, родителите почнуваат да те бомбардираат со прашања: „Каде беше? Со кого беше? Што правевте?“

◯ ,Нема проблем... И онака им кажувам сѐ.‘

◯ ,Многу се нервирам! Немаат ни малку доверба во мене!‘

ДОДЕКА беше помал, најверојатно не ти беше многу важно дали ќе имаш приватност или не. Воопшто не ти пречеше кога твојот помал брат или сестра ќе ти упаднеа во собата. Што и да те прашаа родителите, не ти беше тешко да им кажеш. Немаше ништо скришно во твојот живот. Но сега, посакуваш да не е секогаш така. „Има работи што сакам да ги задржам само за себе“, вели 14-годишниот Коки.a

Зошто одеднаш имаш ваква потреба? Една причина е тоа што растеш. На пример, во пубертетот, твоето тело почнува да се менува, и затоа можеби си загрижен за својот изглед — незгодно ти е дури и пред најблиските. Освен тоа, како што растеш така добиваш сѐ поголема потреба насамо да размислуваш за работите. Ова е знак дека развиваш „способност за расудување“, а Библијата зборува пофално за младите кои ја имаат оваа способност (Изреки 1:1, 4; 5. Мојсеева 32:29). Дури и Исус отишол на „пусто место“ каде што можел длабоко да размислува (Матеј 14:13).

Се разбира, бидејќи сѐ уште си под авторитетот на родителите, тие имаат право да знаат што се случува во твојот живот (Ефешаните 6:1). Но, нивната потреба да знаат повеќе за тебе не оди секогаш рака под рака со твојата потреба да созрееш, па најверојатно ќе дојде до некои несогласувања. Како да се справиш со тој проблем? Да разгледаме две ситуации.

Кога сакаш да бидеш сам

Има многу оправдани причини зошто понекогаш сакаш да бидеш сам. Можеби сакаш ‚да се одмориш малку‘ (Марко 6:31). Или, пак, кога сакаш да се молиш, може ‚да влезеш во својата најскриена соба и да ја затвориш вратата, па да му се помолиш на својот Татко‘, токму како што Исус ги советувал своите ученици (Матеј 6:6; Марко 1:35). Проблемот е во тоа што, кога ќе ја затвориш вратата на својата соба (ако имаш своја соба), родителите можеби нема да помислат дека се молиш! А брат ти или сестра ти можеби нема да разберат зошто сакаш да бидеш сам.

Што можеш да сториш. Наместо веднаш да почнеш да се расправаш со нив затоа што не те оставаат на мир, примени ги следниве предлози:

● Што се однесува до брат ти или сестра ти, замоли ги да почитуваат неколку разумни основни правила што ќе ти овозможат да имаш периоди кога ќе бидеш сам. Ако е потребно, побарај помош од родителите.

● Што се однесува до мајка ти и татко ти, обиди се да ги разбереш. „Понекогаш родителите ме проверуваат што правам“, вели 16-годишната Ребека. „Но, да бидам искрена, да бев родител, и јас ќе проверував што прави моето дете — посебно кога ќе помислам со колку искушенија се соочуваат младите денес!“ Можеш ли и ти да се потрудиш да разбереш зошто твоите родители се толку загрижени? (Изреки 19:11).

● Биди искрен со себеси. Прашај се: ‚Дали сум им дал некаков повод да се сомневаат дека правам нешто лошо кога вратата ми е затворена? Дали за својот приватен живот им откривам толку малку што мораат да ме „шпионираат“ за да дознаат нешто повеќе?‘ Обично, колку поотворен си со твоите родители толку помалку ќе се сомневаат во тебе.b

План. На празните линии запиши како би можел да започнеш разговор на оваа тема со твоите родители.

․․․․․

Кога сакаш да си со пријателите

Сосема е нормално еден тинејџер да се спријатели со лица надвор од семејството. Нормално е и твоите родители да се интересираат кои ти се пријатели и што правиш кога си со нив. Тоа е дел од одговорноста да се биде родител. Но, можеби ти се чини дека нивната загриженост е знак за претерана сомничавост. „Би сакала да се јавам на мобилен и да пратам порака по интернет без да мора моите родители да ми ѕиркаат преку рамо на секои 10 минути и да ме прашуваат со кого разговарам“, вели 16-годишната Ејми.

Што можеш да сториш. Наместо да дозволиш твоите пријателства да се испречат меѓу тебе и твоите родители, обиди се со следниве предлози:

● Отворено кажи им на родителите кои ти се пријатели и запознај ги со нив. Можеби не ти се допаѓа тие да изигруваат детективи, но зарем имаат друг избор ако постојано криеш од нив со кого се дружиш? Не заборавај — тие се свесни дека твојот избор на пријатели ќе има длабоко влијание врз тебе (1. Коринќаните 15:33). Ако знаат повеќе за твоите пријатели, веројатно ќе бидат помирни кога си со нив.

● Разговарај за тоа со родителите, обраќајќи им се со почит. Наместо да ги обвинуваш дека „ти се мешаат во сѐ“, би можел да кажеш нешто како: „Не можам нормално да разговарам со пријателите затоа што имам чувство дека го анализирате и го осудувате секој наш муабет“. Можеби родителите ќе ти дозволат да имаш поголема приватност со твоите пријатели (Изреки 16:23).

● Биди искрен со себеси: Дали се работи за приватност или за криење? Британи (22) вели: „Ако живееш дома и твоите родители се загрижени за нешто, би требало да помислиш: ‚Не правам ништо лошо, па тогаш зошто да кријам од нив?‘ Но, ако мораш да криеш што правиш, тогаш нешто не е во ред“.

План. На празните линии напиши како би можел да започнеш разговор на оваа тема со твоите родители.

․․․․․

Приватноста и ти

А сега, размисли за која работа ти треба поголема приватност и како би можел да го решиш тој проблем.

Чекор бр. 1: Откриј го вистинскиот проблем.

Во врска со што би сакал поголема приватност?

․․․․․

Чекор бр. 2: Обиди се да ги разбереш родителите.

Зошто се загрижени?

․․․․․

Чекор бр. 3: Барај решение.

а) Размисли дали има макар една постапка со која си придонел да настане ваква ситуација, и напиши го тоа на празната линија.

․․․․․

б) Што би можел да смениш?

․․․․․

в) Како би сакал твоите родители да гледаат на она што те загрижува?

Чекор бр. 4: Зборувај со нив.

Избери погоден момент и разговарај со родителите за она што го напиша погоре.

[Фусноти]

a Некои имиња во оваа статија се сменети.

b Ако продолжат да се сомневаат, смирено и со почит објасни им како се чувствуваш. Добро сослушај ги и размисли дали можеби и ти со нешто придонесуваш за проблемот (Јаков 1:19).

РАЗМИСЛИ

● Зошто твоите родители имаат право да се интересираат за она што ти се случува?

● Како тоа што ќе научиш вешто да комуницираш со твоите родители ќе ти помогне во иднина да комуницираш со други возрасни лица?

[Рамка/слики на страница 19]

ШТО ВЕЛАТ ДРУГИ МЛАДИ

Ако младите се отворени со своите родители за сѐ, тие ќе немаат причина да им ги читаат пораките на мобилниот или на интернет за да дознаат што се случува со нив.‹‹

Мене не би ми пречело моите да ми ги читаат пораките. Ако работодавачот има право да им ги чита пораките на своите вработени, зошто тогаш родителите да немаат право да им ги читаат пораките на своите деца?‹‹

Бидејќи родителите не сакаат да ти се случи нешто лошо, понекогаш можеби ти се чини дека не ја почитуваат твојата приватност и дека тоа не е фер. Но да бидам искрена, да бев родител, најверојатно ќе бев иста.

[Слики]

Идн

Кевин

Алана

[Рамка на страница 21]

ЗБОР-ДВА ДО РОДИТЕЛИТЕ

● Син ти е во својата соба, а вратата му е затворена. Треба ли да му упаднеш без да тропнеш?

● Ќерка ти го заборавила мобилниот брзајќи за на училиште. Треба ли да ѝ ги читаш пораките?

Овие прашања не се лесни. Од една страна, имаш право да знаеш што прави твоето дете и обврска да внимаваш да не му се случи нешто лошо. Но, од друга страна, не можеш вечно да живееш со сомнежи и да го следиш секој негов чекор. Што ќе ти помогне да најдеш рамнотежа?

Како прво, биди свесен дека неговата желба да има своја приватност не мора секогаш да значи дека прави нешто лошо. Честопати, тоа е знак дека твоето дете созрева. Приватноста им помага на тинејџерите да се осамостојат — да научат да склопуваат пријателства и да ги решаваат проблемите „користејќи го својот разум“ (Римјаните 12:1, 2). Приватноста им помага и да стекнат способност за размислување — способност што ќе им користи и кога ќе бидат возрасни (1. Коринќаните 13:11). Таа им дава можност длабоко да размислуваат кога ќе мораат да одговорат на некои провокативни прашања во врска со нивните верувања (Изреки 15:28).

Како второ, биди свесен дека, ако постојано сакаш да го контролираш животот на твоето дете, кај него може да се родат чувства на огорченост и бунтовност (Ефешаните 6:4; Колошаните 3:21). Дали тоа значи дека треба да му оставиш апсолутна слобода? Не, бидејќи сѐ уште си му родител. Меѓутоа, твојата цел треба да биде да му помогнеш исправно да ја обликува својата совест (5. Мојсеева 6:6, 7; Изреки 22:6). На крајот на краиштата, водството дава многу подобри резултати отколку строгиот надзор.

Како трето, разговарај за ова со твоето дете. Внимателно сослушај го додека објаснува што го мачи. Можеш ли да попуштиш во некои работи? (Филипјаните 4:5). Кажи му дека, сѐ додека не ти ја изневери довербата, ќе му дадеш извесна мера приватност. Истакни какви последици ќе сноси ако не е послушно, и стој си на зборот. Биди сигурен дека на твоето дете можеш да му оставиш простор за приватност без да ја занемариш својата родителска должност.

[Слика на страница 20]

Довербата е како плата — мораш да ја заработиш

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели