ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 8/10 стр. 6-7
  • Често поставувани прашања

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Често поставувани прашања
  • Разбудете се! 2010
  • Сличен материјал
  • Христијаните и човечкото општество денес
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
  • Дали се Јеховините сведоци култ?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Дали Јеховините сведоци се американска секта?
    Најчесто поставувани прашања
  • Срдечно си поканет
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
Повеќе
Разбудете се! 2010
g 8/10 стр. 6-7

Често поставувани прашања

Зошто некои луѓе зборуваат против Јеховините сведоци?

Многу луѓе едноставно не се доволно информирани. На други не им се допаѓа проповедничката дејност на Сведоците. Меѓутоа, факт е дека тие го вршат ова дело од љубов кон ближните, свесни дека „секој што го повикува името на Јехова, ќе биде спасен“ (Римјаните 10:13).

Дали Јеховините сведоци се христијани? Дали се секта?

Јеховините сведоци се христијани бидејќи своите учења ги темелат на Библијата. Меѓутоа, тие не се ниту протестанти, ниту католици, ниту православни бидејќи некои учења на овие религии се небиблиски. На пример, Библијата не нѐ учи дека Бог, кој е самото олицетворение на љубовта, вечно ги мачи луѓето во огнен пекол. Таа не поучува ни дека луѓето имаат бесмртна душа (Езекиел 18:4; Римјаните 6:23).a

Јеховините сведоци се христијани и поради тоа што го следат примерот на Христос во секојдневниот живот. На пример, Христос и првите христијани не се мешале во политика, туку проповедале за Божјето Царство (Лука 4:43; Јован 15:19; 17:14). По нивниот пример, Јеховините сведоци не се мешаат во политика, туку разговараат со луѓето, обично лично, и притоа користат логика и уверливи докази (Дела 19:8).

Секта е група луѓе кои се отцепуваат од една религија и формираат нова, или отстапуваат од учењата на вистинската религија. Јеховините сведоци не се отцепиле од ниту една црква. Освен тоа, според Божјата Реч се одредува која религија е вистинска. Јеховините сведоци строго се држат за Библијата, што значи дека не се секта.

Како изгледаат состаноците на Сведоците?

Нивните состаноци се отворени за јавност и, во основа, претставуваат библиски дискусии на кои присутните честопати имаат можност да коментираат. Еден од нивните седмични состаноци, Теократската школа за служба, им помага на членовите на собранието повешто да поучуваат, да читаат и да истражуваат. Друг состанок е еден 30-минутен библиски говор на тема што посебно би ги интересирала лицата кои не се Сведоци. По овој говор обично следи проучување на Библијата со помош на списанието Стражарска кула. Состаноците почнуваат и завршуваат со песна и молитва. Не се изнудуваат прилози и не кружи послужавник за доброволни донации (2. Коринќаните 8:12).

Кој ги финансира Јеховините сведоци?

Нивното дело се финансира со доброволни прилози. Сведоците не наплатуваат за крштавања, свадби, погреби или какви и да било верски служби и од нив не се очекува да даваат десеток. Секој што сака да даде прилог може да го пушти во кутиите за прилози кои се неупадливо поставени во Салата на Царството. Јеховините сведоци сами ја печатат библиската литература што ја користат, со што ги намалуваат трошоците, а нивните скромни Сали на Царството и подружници ги градат главно доброволци.

Дали Јеховините сведоци прифаќаат медицинска помош?

Да. Всушност, тие сакаат да ја добијат најдобрата можна медицинска нега за себе и за своите најмили. Освен тоа, многу Сведоци се активни на полето на медицината и работат како медицински сестри и техничари, лекари и хирурзи. Меѓутоа, Јеховините сведоци одбиваат трансфузија на крв. Библијата вели ‚да се воздржуваме... од крв‘ (Дела 15:28, 29). Интересно е тоа што сѐ поголем број лекари ја сметаат бескрвната медицина за најдобра практика бидејќи овозможува да се избегнат многу здравствени ризици поврзани со употребата на крвни производи.

a Нешто повеќе за библиското гледиште за овие и за многу други важни теми можеш да најдеш во книгата Што навистина учи Библијата?, издадена од Јеховините сведоци.

ТОЛЕРАНТНА АТМОСФЕРА

Градот Бехукал де Окампо, на југот од Мексико, е малку необичен. „Повеќето жители во него се Јеховини сведоци“, стои во еден извештај објавен во весникот Excélsior, кој понатаму додава: „Владее атмосфера на верска трпеливост и постои разбирање меѓу граѓаните и властите... Жителите ги заменија пијанчењето и цигарите со песни и читање на Библијата. Исто така, тие ги почитуваат властите.“

Иако во градот има различни религии, „не се забележани верски судири или кавги“, наведува извештајот. „Нема непријателства, а верската разноликост не ги спречува соседите да се поздравуваат меѓу себе... Секое семејство ја држи својата религија, но и покрај тоа живеат во мир и слога. Никому не му пречи тоа што голем дел од жителите на Бехукал се Јеховини сведоци.“ Децата на Сведоците се ‚скромно облечени и имаат добри оценки и примерно поведение на училиште‘, забележува еден тамошен професор кој не е Сведок.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели