ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 9/10 стр. 20-22
  • Како да не бидам толку потиштена?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како да не бидам толку потиштена?
  • Разбудете се! 2010
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Ако и понатаму си потиштен
  • Како да ја победам тагата?
    Младите прашуваат — делотворни одговори, том 1
  • Јехова ги спасува оние што се со скршен дух
    Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2023)
  • Депресија — битка со чувствата
    Разбудете се! 2009
  • Што да правам ако имам депресија?
    Младите прашуваат
Повеќе
Разбудете се! 2010
g 9/10 стр. 20-22

Младите прашуваат

Како да не бидам толку потиштена?

››На кого и да му е тешко, се обидувам да му помогнам и да го утешам. Но, ретко кој знае дека кога ќе си појдам дома, се затворам во мојата соба и плачам‹‹ (Кели)a

››Кога сум потиштен, се повлекувам од другите. Ако ме поканат некаде, наоѓам изговор да не одам. Многу успешно ја кријам мојата тага од семејството. Тие мислат дека со мене сѐ е во ред‹‹ (Рик)

ДАЛИ си била во слична ситуација како Кели и Рик? Ако е така, немој брзо да заклучиш дека нешто не е во ред со тебе. Факт е дека одвреме-навреме на секого му е тешко. Тоа било случај дури и со некои од верните мажи и жени спомнати во Библијата.b

Некогаш знаеш зошто ти е тешко, а некогаш не. „Не мора да бидеш во некаква катастрофална ситуација за да бидеш потиштен“, вели Ана (19). „Тоа може да ти се случи во секој момент, дури и кога немаш никакви проблеми. Нема логика, ама така е!“

Сеедно која е причината — па и да нема некоја вистинска причина — што можеш да сториш доколку се чувствуваш потиштено?

1) Разговарај со некого. Библијата вели: „Вистинскиот пријател сака во секое време, и брат станува во неволја“ (Изреки 17:17).

Кели: „Неверојатно е колку ми олеснува откако ќе поразговарам со некого. Конечно некој знае низ што минувам. Сега може да ме спаси од бездната — да ми фрли јаже и да ме извлече!“

Предлог: Напиши го подолу името на некој ‚вистински пријател‘ на кого можеш да му се довериш кога ќе те обземе тага.

․․․․․

2) Напиши како се чувствуваш. Кога потиштеноста влијае врз твојот став кон животот, можеби ќе сакаш да си ги запишеш чувствата. Во своите вдахновени псалми, Давид понекогаш изразувал длабока тага (Псалм 6:6). Ако запишуваш што те мачи, тоа ќе ти помогне да ‚ја зачуваш мудроста и способноста за расудување‘ (Изреки 3:21).

Хедер: „Пишувањето ми помага да си ги средам мислите што ми надоаѓаат кога сум тажна. Потиштеноста е поподнослива ако ги изразиш чувствата и ако сфатиш која е причината за нив“.

Предлог: Некои си водат дневник. Ако и ти го правиш тоа, за што би можела да пишуваш? Кога си потиштена, опиши како се чувствуваш и што мислиш дека е главна причина за таквите чувства. По еден месец, прочитај што си напишала. Дали сега се чувствуваш поинаку? Ако да, напиши што ти помогна.

3) Моли се. Библијата вели дека ако се молиш во врска со она што те загрижува, ‚мирот Божји, кој ја надминува секоја мисла, ќе го чува твоето срце и твојот ум‘ (Филипјаните 4:7).

Естер: „Се обидував да сфатам зошто сум толку тажна, но не можев. Го молев Јехова да ми помогне да бидам радосна. Ми досади да бидам потиштена без никаква причина. И на крај вистински успеав! Никогаш не ја потценувај моќта на молитвата.“

Предлог: Како пример за што да го молиш Јехова нека ти послужи Псалм 139:23, 24. Изрази ги пред него своите најдлабоки чувства и помоли го да ти помогне да сфатиш што те прави тажна.

Додатна помош ти е Божјата Реч (Псалм 119:105). Позитивните работи од библиските извештаи може добро да влијаат на твоите мисли, чувства и постапки (Псалм 1:1-3). На пример, може да те разведрат возбудливите извештаи од книгата Дела. Можеш да ги прочиташ и оние делови од Библијата на кои се темелат деветте рамки со наслов „Да учиме од...“ во книгата Младите прашуваат — делотворни одговори, том 2, издадена од Јеховините сведоци. Некои библиски личности чии примери се разгледани во нив се Јосиф, Езекија, Лидија и Давид. На 227. страница од книгата можеш да видиш како дури и апостол Павле ги надминал негативните чувства кои понекогаш ги имал поради своите слабости.

Но, што ако и покрај сѐ што правиш потиштеноста си останува?

Ако и понатаму си потиштен

„Некои утра повеќе би сакал да продолжам да лежам отколку да морам да се соочам со уште еден бесмислен ден“, вели Рајан. Тој страда од клиничка депресија, како што е случај и со многу други луѓе. Истражувањата покажуваат дека 25 отсто од младите имаат некаков облик на депресија пред да станат возрасни.

Како да знаеш дали ти си под депресија? Некои од симптомите се изразена промена во расположението, повлеченост, намален интерес за речиси секаква активност, упадлива промена во навиките на исхрана и во спиењето и силни чувства на безвредност или неоснована вина.

Се разбира, на моменти речиси сите имаме еден или повеќе од овие симптоми. Но, ако симптомите траат веќе неколку седмици, би било добро да разговараш со родителите дали да отидеш на лекар. Можеби тој ќе одреди дали твојата потиштеност се должи на медицински причини.c

Ако страдаш од клиничка депресија, нема од што да се срамиш. Лекарствата им помогнале на многу луѓе во ваква ситуација да се чувствуваат подобро — како што можеби одамна не се чувствувале! Сеедно дали твојата потиштеност произлегува од депресија или не, имај ги на ум утешните зборови од Псалм 34:18: „Јехова е близу до оние што се скршени во срцето и ги спасува оние со скршен дух“.

[Фусноти]

a Некои имиња во оваа статија се сменети.

b Од практични причини, во оваа статија ќе користиме женски род, но начелата важат и за девојките и за момчињата.

c Кога се потиштени подолго време, некои млади помислуваат на самоубиство. Ако и тебе ти дошла таква мисла, под итно разговарај за тоа со некој возрасен во кого имаш доверба. (Види во Разбудете се! од мај 2008, на страници 26-28.)

РАЗМИСЛИ

● Има ли некаква корист од солзите?

„Не сум тип што лесно се расплакува, но кога се чувствувам потиштено морам убаво да се исплачам. Потоа многу ми олеснува. Почнувам да размислувам рационално и можам да се замислам повторно радосна во иднина“ (Лиан).

● Како можат другите да ти помогнат да ја надминеш потиштеноста?

„Кога сум тажна, не си дозволувам да се повлечам во себе. Точно, ми треба малку да бидам сама за да се смирам и можеби добро да се исплачам. Но потоа сакам да бидам во друштво за да ги оттргнам мислите од она што ме прави тажна“ (Кристин).

[Рамка/слики на страница 21]

ШТО ВЕЛАТ ДРУГИ МЛАДИ

››Обично станувам потиштена кога премногу се концентрирам на себе. А кога им помагам на другите, ги тргам мислите од себе, и тоа ми ја враќа радоста‹‹

››Кога редовно вежбам, поретко сум лошо расположена бидејќи почнувам да имам подобро мислење за себе. Освен тоа, по вежбањето сум толку папсана што немам сили ни да бидам тажна‹‹

[Слики]

Дренел

Ребека

[Слика на страница 22]

Со помош од некој друг и со свој напор, можеш да излезеш од длабоката бездна на потиштеноста

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели