ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 10/10 стр. 24-26
  • Како да ги остварам моите цели?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како да ги остварам моите цели?
  • Разбудете се! 2010
  • Сличен материјал
  • Како да ги остварам моите цели?
    Младите прашуваат — делотворни одговори, том 1
  • 12. Цели
    Разбудете се! 2018
  • Користи ги духовните цели за да го величаш твојот Творец
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
  • Како да ги постигнеш своите духовни цели
    Нашата служба за Царството 2006
Повеќе
Разбудете се! 2010
g 10/10 стр. 24-26

Младите прашуваат

Како да ги остварам моите цели?

КОЈА од следниве работи би сакал да ја имаш?

● Повеќе самодоверба

● Повеќе пријатели

● Повеќе радост

Всушност, би можел да ги имаш сите три работи! Како? Ако си поставуваш цели и ако се трудиш да ги оствариш. Земи го предвид следново:

Повеќе самодоверба. Ако си поставиш помали цели и ги постигнеш, ќе стекнеш поголема самодоверба за да оствариш и други, покрупни цели. Така ќе имаш повеќе самодоверба и во борбата со секојдневните притисоци, на пример, од страна на врсниците. А другите најверојатно ќе ја забележат твојата самодоверба и ќе те почитуваат поради тоа. Некои можеби ќе престанат да ти вршат толкав притисок. Можно е дури да ти се восхитуваат. (Спореди со Матеј 5:14-16.)

Повеќе пријатели. Секој сака да се дружи со оние што имаат цели, односно знаат што сакаат и се трудат да го постигнат тоа. А кога некој те цени заради твоите цели, најчесто ќе почне и да ти помага да ги оствариш (Проповедник 4:9, 10).

Повеќе радост. Да си кажеме искрено, животот не е поинтересен кога човек се досадува или само тепа време. Од друга страна, кога си поставуваш цели и ги остваруваш, тоа ти дава чувство на успех. Ништо чудно што еден христијанин од првиот век познат како апостол Павле еднаш рекол: „Јас не трчам бесцелно“ (1. Коринќаните 9:26). И запомни: колку повисока е твојата цел, толку поголемо ќе биде чувството на успех кога ќе ја оствариш!

Спремен ли си да почнеш? Пресечи ја и превиткај ја страницата оддесно, а потоа следи ги наведените чекори.a

[Фуснота]

a Дадените предлози се однесуваат на цели што можат да се остварат за неколку седмици или месеци, но истите начела важат и кога станува збор за повисоки цели.

РАЗМИСЛИ

● Можно ли е да сакаш да постигнеш премногу цели одеднаш? (Филипјаните 1:10)

● Дали да имаш цели значи да ти е испланирана секоја секунда од животот? (Филипјаните 4:5)

[Рамка/слики на страници 25 и 26]

Како да ги оствариш своите цели

ДЕФИНИРАЈ Изреки 4:25, 26 1

››Не плаши се да си поставиш крупни цели. Штом други успеале да ги остварат, ќе можеш и ти‹‹(Робин)

1. Размисли кои цели доаѓаат предвид за тебе. Направи си го интересен овој дел! Не анализирај ништо; запиши сѐ што ќе ти падне на памет. Обиди се да напишеш барем 10 или 20 цели.

2. Процени ги идеите. Кои цели ти се некако најинтересни? Кои ти се чинат најтешко достижни? Кои би се гордеел да ги постигнеш? Запомни, најдобрите цели се оние што најмногу ти значат тебе.

3. Подреди ги по важност. Најпрвин избери некои краткорочни цели кои би можел да ги постигнеш за неколку денови. Потоа избери некои подолгорочни цели (кои би можел да ги оствариш за неколку седмици или месеци). Напиши по кој редослед би сакал да ги постигнеш.

Неколку цели

Пријателства Да се спријателам со една личност што не е отприлика на моја возраст. Да обновам старо пријателство.

Здравје Да вежбам вкупно 90 минути секоја седмица. Секоја вечер да спијам по осум часа.

Училиште Да ја поправам оценката по математика. Да не препишувам на тестови без разлика што прават другите.

Духовност Да ја читам Библијата по 15 минути секој ден. Да зборувам со некој соученик за моите верувања оваа седмица.

Испланирај Изреки 21:5 2

››Добро е да имаш цели, но треба и да испланираш како да ги постигнеш. Инаку ќе си останат вечно на хартија‹‹ (Дерик)

Со секоја цел што ја имаш, направи го следново:

1. Наведи ја целта.

2. Одреди си краен рок. Целите без краен рок се само фантазија!

3. Испланирај кои чекори треба да ги направиш.

4. Предвиди ги тешкотиите. Размисли како би можел да ги надминеш.

5. Обврзи се. Вети си дека ќе сториш сѐ што можеш за да ја оствариш својата цел. На крајот, потпиши се и стави датум.

Да научам шпански за моето патување во Шпанија 1 јули

Чекори

1. Да набавам разговорник.

2. Секоја седмица да учам по десет нови зборови.

3. Да слушам разговори на шпански.

4. Да замолам некого да провери колку граматички исправно зборувам и со каков изговор.

Можни тешкотии

Не познавам никој што знае шпански.

Како да ги надминам

Да симнам аудиоснимки на шпански од страницата www.jw.org.

․․․․․ ․․․․․

Потпис Датум

Дејствувај! Јован 13:17 3

››Многу е лесно да заборавиш на своите цели. Затоа, мора да останеш сконцентриран на нив и постојано да се трудиш да ги оствариш‹‹(Ерика)

Почни веднаш. Прашај се: ‚Што да направам денеска за да почнам да ја остварувам мојата цел?‘ Можеби не си го испланирал секој детаљ, но не дозволувај тоа да те спречи да почнеш. Библијата вели: „Кој внимава на ветрот, никогаш не сее, и кој гледа на облаците, никогаш не жнее“ (Проповедник 11:4). Најди нешто што можеш да го направиш денес — макар и ситница — и направи го.

Разгледувај ги целите секој ден. Потсети се зошто ти е важна секоја од нив. Стави знак ✔ (или датум) до секој чекор штом ќе го завршиш.

Биди флексибилен. Без разлика колку добро си испланирал сѐ, одвреме-навреме веројатно ќе треба да смениш нешто во планот. Тоа е нормално. Не настојувај круто да се држиш за планот. Само продолжи да напредуваш кон конечната цел.

Искористи ја својата фантазија. Премотај си го филмот нанапред и замисли си дека си ја постигнал целта. Почувствувај го успехот. Потоа, „враќај го филмот наназад“ преку сите чекори и замисли си ги еден по еден. На крајот, „пушти го“ од почеток до крај. Замисли си како успешно го завршуваш секој чекор и како ќе се чувствуваш откако ќе ја постигнеш целта. А сега, фрли се на работа!

[Слика]

Целите се како градежни проекти — потребен е труд за да се изведат

[Рамка/слики на страница 25]

ШТО ВЕЛАТ ДРУГИ МЛАДИ 4

››Лесно е да се обесхрабриш ако немаш нешто на кое си концентриран или со нетрпение го очекуваш. Но кога си поставуваш цели и успеваш да ги оствариш, задоволен си со себе‹‹(Рид)

››Немој да се критикуваш ако не ја остваруваш својата цел совршено според планот или во рокот што си го одредил. Од тоа нема корист. Само терај напред!‹‹(Кори)

››Разговарај со други кои успеале да ги остварат истите цели. Тие може да ти дадат поттик и практични предлози. Исто така, разговарај за твоите цели со другите од семејството за да можат да ти помагаат‹‹(Џулија)

[Графикон на страница 24]

(Види во публикацијата)

Пресечи

Превиткај

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели