ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 3/11 стр. 4
  • Чекор 1 — храни се здраво

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Чекор 1 — храни се здраво
  • Разбудете се! 2011
  • Сличен материјал
  • Да се избере здрава исхрана
    Разбудете се! 1997
  • Кога поголемото не е подобро
    Разбудете се! 1997
  • Дебели деца — има ли решение?
    Разбудете се! 2012
  • Како да го заштитите своето здравје
    Разбудете се! 1999
Повеќе
Разбудете се! 2011
g 3/11 стр. 4

Чекор 1 — храни се здраво

„Јади. Не премногу. Претежно растителна храна.“ Со овие неколку зборови, писателот Мајкл Полан изнел еден едноставен и проверен совет за исхрана. Што сакал да каже?

◯ Јади свежа храна. Јади главно „вистинска“ храна — непреработена, свежа храна каква што луѓето јадат со илјадници години — наместо денешната преработена храна. Пакуваната храна и онаа во рестораните за брза храна обично содржи многу шеќер, сол и маснотии, кои може да доведат до срцеви заболувања, мозочен удар, рак и други сериозни болести. Наместо да ја пржиш храната, готви ја на пареа или печи ја. Користи повеќе зачини, а помалку сол. Гледај месото да е добро варено или печено и никогаш не јади расипана храна.

◯ Не јади премногу. Светската здравствена организација известува дека во светот има загрижувачки пораст во бројот на лица со прекумерна тежина, што често се должи на прејадувањето. Едно испитување покажало дека во некои делови на Африка „има повеќе дебели отколку неисхранети деца“. Децата со прекумерна тежина се изложени на поголем ризик сега или во иднина да имаат проблеми со здравјето, на пример да добијат дијабетес. Затоа, родители, дајте им добар пример на своите деца така што и самите ќе јадете умерено.

◯ Јади претежно растителна храна. Урамнотежената исхрана значи да се даде предност на овошјето, зеленчукот и интегралните житарки, пред месото и храната богата со скроб. Пробај еднаш или двапати седмично да јадеш риба наместо месо. Јади помалку преработени прехранбени производи, како што се тестенините, белиот леб и белиот ориз, кои имаат изгубено голем дел од својата хранлива вредност. Но, избегнувај ги популарните диети, кои може да бидат многу штетни. Родители, заштитете го здравјето на своите деца така што ќе им помогнете да се научат да јадат здрава храна. На пример, наместо чипс или благи работи, давајте им јаткасти плодови и добро измиено овошје и зеленчук за ужина.

◯ Пиј многу течности. И возрасните и децата треба да пијат многу вода и други незасладени течности секој ден. Потребата од течности е уште поголема кога времето е топло или при физички напорна работа и при вежбање. Течностите го помагаат варењето на храната, го чистат телото од отрови, ја прават кожата поздрава и го олеснуваат губењето тежина. Тие помагаат да изгледаш и да се чувствуваш убаво. Немој да пиеш премногу алкохол и засладени пијалаци. Ако секој ден пиеш само по една чаша газиран сок, за една година може да се здебелиш речиси 7 килограми.

Во некои земји е многу тешко и скапо да се дојде до чиста вода. Сепак, многу е важно да се пие вода. Нечистата вода мора да се преврие или да се прочисти по хемиски пат. Се смета дека таа убива повеќе луѓе отколку војните и земјотресите и дека од неа умираат 4.000 деца дневно. Светската здравствена организација препорачува првите шест месеци бебињата само да се дојат, а потоа, освен доењето, треба да им се дава и друга храна, барем до возраст од две години.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели