ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 3/11 стр. 21-24
  • Среќен сум што сум пастир

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Среќен сум што сум пастир
  • Разбудете се! 2011
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Пастирот и овците
  • Поинаков пастир
  • Важен состанок
  • Ќерката на еден пастир
  • Служиме заедно со Ѓулмира
  • Каде да се најде утеха
    Учи од Големиот Учител
  • Исус се грижи за своите овци
    Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2018)
  • „Ќе ги побарам изгубените“
    Врати се кај Јехова
  • Јехова е наш Пастир
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
Повеќе
Разбудете се! 2011
g 3/11 стр. 21-24

Среќен сум што сум пастир

Раскажал Алимбек Бекманов

На три години почнав да чувам овци и многу сакав да се грижам за нив. На 17 години веќе бев искусен пастир. Подоцна дознав дека можеш да бидеш и поинаков пастир — духовен. Да ви објаснам зошто тоа што служам како ваков пастир ме прави уште посреќен.

РОДЕН сум во 1972 год. Моето големо киргиско семејство живееше во селото Чирпикти, на брегот на прекрасното езеро Исик Кул. Областа околу езерото е позната туристичка дестинација за оние што доаѓаат во Киргистан, поранешна советска република. Денеска живеам со мојата сопруга Ѓулмира во Бишкек, главниот град на Киргистан, оддалечен околу 200 километри од местото во кое израснав.

Пастирот и овците

Кога бев дете, напролет ги носевме овците на високите планински пасишта. Требаше да се искачиме на височина од над 3.000 метри, за што ни требаа неколку денови. Други овчари избираа пократки патишта и доаѓаа до пасиштата побрзо од нас. Но, патот по кој одеа минуваше низ процепи и клисури, па овците што малку ќе залутаа понекогаш ќе се повредеа, па дури и ќе загинеа.

На тие патишта често се случуваше овците да ги исплашат или да ги нападнат волци, одвојувајќи ги од стадото и убивајќи ги. Затоа, чичко ми избираше пат што беше полесен и помалку опасен, иако требаше да одиме ден-два повеќе. Понекогаш сакав да побрзаме, но чичко ми ќе ме запреше. „Алимбек, мисли на овците, а не на себе“, ќе ми речеше.

На убавите, високи планински пасишта правевме привремени трла во кои овците беа заштитени навечер. Некои пастири сакаа подолго да поспијат, па затоа ќе ги изведеа овците на пасење долго откако сонцето ќе изгрееше. Кога ќе почнеа да пасат, веќе беше жешко.

По кратко време, тие ќе се збиеја една до друга со наведнати глави, едвај дишејќи. Бидејќи не можеа убаво да се најадат, ослабуваа и изнемоштуваа. Но, мојот чичко стануваше уште пред изгрејсонце, околу 4 часот наутро, и до изгрејсонце веќе ги имаше однесено овците на добро пасиште. Таму имаа време мирно да си пасат на свежиот утрински воздух. Луѓето честопати велат: „По овците ќе знаеш каков е овчарот“.

Добар период да се провери дали сѐ е во ред со овците и да им се помогне е кога се одмораат по пасењето. Нашите овци имаа најголема мака со мувите кои ги полагаа своите јајца во нивниот папок. Од тоа папокот ќе им се воспалеше и ќе им отечеше. Ако овој проблем не се открие навреме, болката може да стане толку силна што овцата може да залута и да умре. Ние речиси секој ден ги проверувавме овците за да ги излекуваме. Иако ова бараше време и напор, награда ни беше тоа што овците беа здрави и среќни.

Секоја вечер, кога ќе ги вратевме овците во трлото, ги пребројувавме. Во него влегуваа низ една тесна порта — понекогаш по 3-4 заедно. Во нашето стадо имаше стотици овци, но сепак станавме толку вешти што можевме да преброиме и до 800 овци за 15 до 20 минути. Ни требаше многу пракса, но трудот се исплатеше!

Ако видевме дека фали некоја овца, чичко ми ќе ги земеше пушката и стапот и ќе тргнеше да ја бара. Дури и да врнеше или да беше темно, тој ќе тргнеше да бара макар и само едно изгубено јагненце. По патот, викаше на сиот глас. Тоа ги плашеше дивите животни. Кога овцата ќе го чуеше неговиот глас, можете да замислите колку заштитена се чувствуваше.

На секоја овца ѝ дававме име според нешто во нејзиниот изглед или карактер. Во стадото секогаш ќе се најдеа и по неколку тврдоглави овци. Од некоја причина, таквите овци едноставно не сакаа да го слушаат овчарот. Понекогаш и други овци ќе се поведеа по неа. Затоа овчарот ќе се обидеше да ги „превоспита“ тврдоглавите овци. На пример, ќе ја оставеше таквата овца сама во трлото. По извесно време, некои од овците ќе се поправеа и ќе почнеа да го слушаат овчарот. Овцата што ќе останеше тврдоглава завршуваше на трпезата.

Поинаков пастир

Во 1989 год., почнав да тренирам боречки вештини и станав многу добар во тоа. Следната година, бев регрутиран во советската армија. Додека служев во Русија, другарите со кои тренирав во Киргистан направија своја криминална банда. Кога се вратив од војска, ми рекоа дека, ако им се придружам, ќе можам да имам сѐ. Но, во тоа време почнав да контактирам со Јеховините сведоци.

Сведоците ми одговорија некои прашања што ме мачеа уште од детството, како на пример: Зошто луѓето умираат? Од разговорите со нив сфатив дека смртта е последица од гревот на првиот човек Адам (Римјаните 5:12). Исто така, од Библијата дознав дека Јехова, вистинскиот Бог, го испратил својот Син Исус како Откупител и дека, ако веруваме во Јехова и во неговиот Син, ќе ни биде платен гревот што сме го наследиле. Тоа ќе ни даде можност да живееме засекогаш во Рајот на Земјата, што уште од почетокот било Божјата намера за човештвото (Псалм 37:11, 29; 83:18; Јован 3:16, 36; 17:1-5; Откровение 21:3, 4).

Одговорите на темел на Библијата што ми ги дадоа Сведоците ми беа толку јасни и логични што еднаш извикнав: „Баш како што треба да биде!“ Изгубив желба да се дружам со старите другари. Тие многупати се обидоа да ме натераат да се вратам во нивната група. Но, мојата желба да учам и да ги применувам библиските вистини беше доволно силна за да одолеам на нивните примамливи понуди и ми помогна да станам духовен пастир.

Некаде во тоа време, една позната исцелителка во нашето место почна да доаѓа кај мајка ми. Еден ден, кога се вратив дома, ја затекнав жената како повикува духови. Таа рече дека имам посебен дар и ме поттикна да отидам во џамијата за да ми дадат амајлија за која тврдеше дека ќе ми помогне. Речиси ме убеди дека така ќе добијам моќ да исцелувам.

Следниот ден отидов кај Сведоците со кои ја проучував Библијата и им кажав за случката. Тие ми покажаа од Библијата дека Јехова не одобрува никакви облици на спиритизам бидејќи спиритизмот е поврзан со злобните духови (5. Мојсеева 18:9-13). Неколку вечери не можев да спијам поради влијанието на демоните. Кога Сведоците ме поучија како да се молам во склад со Јеховината волја, престанаа да ме измачуваат кошмари. Тоа ме увери дека го најдов вистинскиот Пастир, Јехова.

Дознав дека Давид, кој напишал голем број библиски псалми, исто така чувал овци како млад. Тој го нарекол Јехова „мојот Пастир“, и можев потполно да се соживеам со неговите чувства (Псалм 23:1-6). Сакав да го следам примерот на Јеховиниот Син, Исус, кој е наречен „пастир на овците“ (Евреите 13:20). На еден собир во Бишкек во почетокот на 1993 год., се крстив како Јеховин сведок.

Важен состанок

Многу мои роднини и соседи почнаа да се собираат заедно за да ја проучуваат Библијата. Седумдесетина души од нашето село се собираа близу до езерото Исик Кул. Еден мој роднина, кмет на селото, беше многу заинтересиран. Ми рече дека ќе организира голем собир на кој ќе можеме да ги објасниме нашите нови верувања. Но, тамошните верски водачи почнаа ги подбуцнуваат луѓето да нѐ спречат во проповедањето. Се договорија да го искористат состанокот за да ги свртат луѓето против нас.

На закажаниот ден се собраа околу илјада души, меѓу кои имаше и луѓе од околните три села. Бевме неколку Сведоци, и еден од нас почна да ги објаснува нашите библиски верувања. По неполни 5 минути, еден од присутните стана и, викајќи, постави неколку провокативни прашања. И останатите почнаа да дофрлаат обвиненија и закани, а толпата се вознемири до тој степен што беше спремна да нѐ нападне физички.

Во тој момент, еден од моите постари браќа, кој само што беше почнал да ја проучува Библијата, застана на наша страна. Сите се плашеа од него и го избегнуваа бидејќи беше познат тепач. Храбро застана помеѓу напаѓачите и Сведоците, па така можевме да си заминеме пред да дојде до насилство. Во следните неколку години, многу од присутните на тој состанок станаа Сведоци. Денес, повеќе од 50 души од нашето село, кое има околу 1.000 жители, се Јеховини сведоци.

Ќерката на еден пастир

Неколку месеци пред големиот конгрес на Јеховините сведоци во Москва (Русија) во август 1993 год., ја запознав Ѓулмира, Сведок од едно село во Киргистан. И нејзиното семејство се занимаваше со овчарство. Во 1988 год., кога активностите на Сведоците сѐ уште беа под забрана во Советскиот Сојуз, мајка ѝ на Ѓулмира почнала да ја проучува Библијата со една жена по име Аксамај. Во 1970-тите години, Аксамај станала првиот Јеховин сведок во тоа место.

Кратко по мајка ѝ, и Ѓулмира почнала да ја проучува Библијата со Аксамај. Во 1990 год., и двете се крстиле како Јеховини сведоци. Трогната од библиските вистини, Ѓулмира почнала полновремено да проповеда како пионер.

Следните две години, со Ѓулмира се гледавме само повремено, затоа што живеев на оддалеченост од околу 160 километри од неа. Во март 1995 год. решив подобро да се запознаеме, па затоа едно утро појдов кај неа дома за да ѝ го кажам тоа. Бев шокиран кога дознав дека следниот ден заминува да служи во Бетелот во Русија, на оддалеченост од над 5.500 километри!

Тогаш веќе служев како полновремен проповедник и почнав да учам руски, бидејќи сѐ уште немавме литература на киргиски јазик. Три години се допишувавме со Ѓулмира и се договаравме да ги читаме истите пасуси од Библијата за да си разменуваме духовни мисли. За тоа време јас служев во едно киргиско собрание во градот Баликчи.

Служиме заедно со Ѓулмира

Во 1998 год., Ѓулмира дојде на одмор во Киргистан и се венчавме. Јас бев поканет да служам со неа во Бетелот во Русија. Ми беше многу мило што почнав да го учам рускиот јазик! Подоцна почнав да работам во тимот кој преведуваше библиска литература на киргиски јазик. Го молев Јехова да ми дава мудрост и стрпливост. И, се разбира, голема помош ми беше и колешката Ѓулмира.

Во 2004 год., нашиот преведувачки тим беше префрлен во Бишкек, каде што бев доделен да служам како член на одборот што ја надгледува активноста на Јеховините сведоци во Киргистан. Тогаш во земјата имаше седум киргиски и над 30 руски собранија. Моментално има повеќе од 20 киргиски собранија и многу киргиски групи, кои сочинуваат околу 40 отсто од вкупно 4.800 Сведоци во Киргистан.

Со Ѓулмира одлучивме да учиме англиски затоа што ни беше од корист во службата. Како резултат на тоа, во 2008 год. добивме една покана од светското седиште на Јеховините сведоци во САД. Таму завршив школа наменета за оние што предводат во проповедањето во земјите кај што служат.

Сега, и јас и Ѓулмира се чувствуваме поспособни да придонесуваме за духовното добро на луѓето во Киргистан. Имавме многу искуства што ни помогнаа да се увериме дека Јехова навистина е еден добар пастир. Лично се уверив во вистинитоста на зборовите од еден библиски псалм, кој вели: „Јехова е мојот Пастир. Ништо нема да ми недостасува. На зелени пасишта ми дава да се одморам, ме води на почивалишта обилни со вода. Ми ја крепи душата, ме води по праведни патеки заради името свое“ (Псалм 23:1-3).

[Слика на страница 23]

Нашите овци на пасиште

[Слика на страница 23]

Секоја вечер ги пребројувавме овците за да се увериме дека ниедна не фали

[Слика на страница 24]

Со Ѓулмира неодамна

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели