Семејно катче
Што е погрешно на оваа слика?
Прочитај Естира 5:9—6:14. Кои три работи од цртежот не се точни? Запиши ги одговорите на празните линии и доврши ја сликата така што ќе ја обоиш.
1) ․․․․․
2) ․․․․․
3) ․․․․․
ЗА РАЗГОВОР:
Зошто Аман го мразел Мардохеј?
Мала помош: Прочитај Естира 5:9.
До кој погрешен заклучок дошол Аман поради својата гордост?
Мала помош: Прочитај Естира 6:6.
Што се случило со Аман?
Мала помош: Прочитај Естира 7:9, 10.
Што ќе ти помогне да не бидеш како Аман?
Мала помош: Прочитај Изреки 16:18, 19; Јаков 4:6.
СЕМЕЕН ПРОЕКТ:
Прочитајте го библискиот извештај заедно. Ако е можно, еден од вас нека го чита делот на раскажувачот, друг делот на Аман, трет делот на Сереса и на придружниците и службениците на царот и четврт делот на царот.
Сочувај и учи
Исечи, превиткај и сочувај
БИБЛИСКА КАРТИЧКА 4 ЕСТИРА
ПРАШАЊА
А) На чие место Естира станала царица?
Б) Доврши ја следнава библиска изјава: „Естира стекнуваше сѐ поголема наклоност...“
В) Пополни ги празните места. Еврејското име на Естира било ․․․․․, а за неа се грижел нејзиниот постар роднина ․․․․․.
[Табела]
4026 пр.н.е. Создавањето на Адам
Живеела околу 400 пр.н.е.
1 од н.е.
98 од н.е. Напишана последната библиска книга
[Карта]
Естира живеела во Суза, град во Медо-персиското Царство
МЕДИЈА
Суза
ПЕРСИЈА
ЕСТИРА
ПОДАТОЦИ:
Била сирак, но му станала жена на персискиот цар Ахасвер. Естира си го ризикувала животот за да разоткрие заговор за истребување на Евреите (Естира 4:11, 15, 16). Нејзината храброст, тактичност и подложност биле поважни од нејзината физичка убавина (Естира 2:7; 1. Петрово 3:1-5).
ОДГОВОРИ
А) Астина (Естира 1:12; 2:16, 17).
Б) „...кај сите што ја гледаа“ (Естира 2:15).
В) Адаса (што значи мирта), Мардохеј (Естира 2:7).
Земји и народи
4) Се викам Ју-Џин. Имам 7 години и живеам во Кореја, држава во Азија. Колку Јеховини сведоци има во Кореја — 9.700, 37.900 или 96.600?
5) Која точка покажува каде живеам? Заокружи ја, означи со точка каде живееш ти и види дали си близу или далеку од Кореја.
А
Б
В
Г
Деца, најдете ги сликите!
Можеш ли да ги најдеш овие слики во ова списание? Опиши со свои зборови што се случува на секоја од нив.
● Одговорите за страници 30 и 31 се на 15. страница
ОДГОВОР НА ПРАШАЊАТА ОД 30. И 31. СТРАНИЦА
1) Мардохеј треба да е на царскиот коњ, а не во кола.
2) Мардохеј треба да носи царска, а не обична облека.
3) Мардохеј јавал на градскиот плоштад, а не надвор од ѕидиштата.
4) 96.600.
5) Г.