ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 5/11 стр. 3
  • ‚Чудесно си создаден‘!

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • ‚Чудесно си создаден‘!
  • Разбудете се! 2011
  • Сличен материјал
  • Зошто е добро да штедиме енергија
    Разбудете се! 2017
  • Олимписките идеали во криза
    Разбудете се! 2000
  • ‚Чудесно сме создадени‘
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
  • Одговор на библиски прашања
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
Разбудете се! 2011
g 5/11 стр. 3

‚Чудесно си создаден‘!

ДАЛИ понекогаш, кога размислуваш за неверојатните способности на разни животни, те фаќа малку завист? Можеби посакуваш да лебдиш во висините како албатрос, да пливаш како делфин, да гледаш како орел или да трчаш како гепард.

Да, животните имаат извонредни способности. Но, имаме и ние! Всушност, за човечкото тело се вели дека е совршена машина. Се разбира, ние сме многу повеќе отколку само машина. Се одликуваме со креативност, љубопитност, фантазија и остроумност — особини кои нѐ поттикнуваат да измислуваме машини со кои можеме да направиме речиси сѐ што ќе намислиме. Можеме да летаме, дури и со брзина поголема од брзината на звукот, да пловиме по огромните океани, и на и под нивната површина, да гледаме во вселената, дури и на оддалеченост од 14 милијарди светлосни години, да ѕирнеме во живата клетка, и да смислиме лекови, терапии и технологии што ќе ни помогнат да дијагностицираме и да лекуваме болести.

Но, дури и без помош на технологијата, здрави и добро истренирани луѓе се способни да прават неверојатни работи. На пример, на Олимписките игри, гимнастичарите, натпреварувачите во скокови во вода, во уметничко лизгање, скијачите и други спортисти изведуваат неверојатни мајстории со таква леснотија, умешност, креативност и елеганција што ги оставаат гледачите без здив.

Дали ги цениш извонредните дарби што ги имаш како човек? Можеби баш и не си некој врвен спортист, но имаш многу дарови за кои можеш да бидеш благодарен. Еден библиски писател од древни времиња имал такво ценење. Во песна, тој му се обратил на Јехова со зборовите: „Те фалам, полн со страхопочит, зашто сум чудесно создаден“a (Псалм 139:14). Имај ги на ум овие зборови додека ги читаш наредните статии. Во нив подетално се разгледани некои од чудата на човечкото тело, како и други, далеку поважни карактеристики што нѐ прават навистина посебни.

[Фуснота]

a Читателите заинтересирани за прашањата поврзани со создавањето и еволуцијата би можеле да ги прочитаат брошурата Дали животот е Божје дело? и книгата Животот — како настанал? Со еволуција или со создавање? Овие публикации може да се набават директно преку Јеховините сведоци или преку издавачите на ова списание.

[Рамка на страница 3]

ТЕЛО ШТО ШТЕДИ ЕНЕРГИЈА

Исправената положба на нашето тело штеди многу енергија бидејќи, за да останеме во вертикална положба, не е потребен голем напор на мускулите. Всушност, Џон Р. Скојлс, истражувач на полето на невронауката, вели дека ‚кога стоиме, користиме само 7% повеќе енергија отколку кога лежиме‘. Потоа додава дека едно куче троши околу 70% повеќе енергија кога стои (на сите четири) отколку кога лежи.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели