Семејно катче
Што е различно?
Можеш ли да ги најдеш трите разлики помеѓу цртежот А и цртежот Б? Запиши ги одговорите на празните линии и доврши ги цртежите така што ќе ги обоиш.
МАЛА ПОМОШ: Прочитај 2. Мојсеева 25:10-22.
1) ․․․․․
2) ․․․․․
3) ․․․․․
4) Кој цртеж е точен — А или Б?
ЗА РАЗГОВОР:
Што претставувал ковчегот на сојузот за Израел?
МАЛА ПОМОШ: Прочитај 2. Мојсеева 25:22; 3. Мојсеева 16:2.
Што било поважно од ковчегот?
МАЛА ПОМОШ: Прочитај Исус Навин 7:1-6, 11, 12.
Колку е важна послушноста ако сакаш да им угодиш на родителите и на Јехова?
МАЛА ПОМОШ: Прочитај 1. Самоилова 15:22, 23; Ефешаните 6:1-3.
СЕМЕЕН ПРОЕКТ:
Секој од семејството нека побара информации во врска со ковчегот на сојузот. Потоа, соберете се заедно и раскажете што сте научиле. На пример, кои предмети се чувале во ковчегот? Нацртајте ги и разговарајте што значат.
МАЛА ПОМОШ: Прочитај Евреите 9:4.
Како требало да се пренесува ковчегот? Што се случило кога Давид не ги послушал упатствата на Јехова во врска со начинот на кој требало да се пренесува ковчегот?
МАЛА ПОМОШ: Прочитај 2. Мојсеева 37:5; 1. Летописи 13:7, 9-14; 15:12-15.
Сочувај и учи
Исечи, превиткај и сочувај
БИБЛИСКА КАРТИЧКА 6 АВЕЛ
ПРАШАЊА
А) Кој го убил Авел?
Б) Како гледал Јехова на Авел и на неговата жртва?
В) Пополни го празното место. Авел по занимање бил ․․․․․.
[Табела]
4026 пр.н.е. Адам бил создаден
Живеел околу 3900 пр.н.е.
1 од н.е.
98 од н.е. Напишана последната библиска книга
[Карта]
Живеел надвор од градината Еден
Градината Еден?
АВЕЛ
ПОДАТОЦИ:
Тој е вториот син на Адам и Ева и првиот верен човек спомнат во Библијата. Авел покажал дека сака да ја има Божјата милост со тоа што принел прифатлива жртва. Иако Библијата не цитира ниедна изјава од Авел, можеме да се угледаме на неговиот пример и вера (1. Мојсеева 4:1-11; Евреите 11:4).
ОДГОВОРИ
А) Брат му Каин (1. Јованово 3:11, 12).
Б) „Со одобрување“ (1. Мојсеева 4:4).
В) Овчар (1. Мојсеева 4:2).
Земји и народи
5) Се викаме Дин (10) и Џенифер (7). Живееме во Австралија. Колку Јеховини сведоци има во Австралија — 36.400, 63.400 или 93.400?
6) Која точка покажува каде живееме ние? Заокружи ја и означи со точка каде живееш ти, а потоа види дали си близу или далеку од Австралија.
А
Б
В
Г
Деца, најдете ги сликите!
Можеш ли да ги најдеш овие слики во ова списание? Опиши со свои зборови што се случува на секоја од нив.
● Одговорите за „СЕМЕЈНОТО КАТЧЕ“ се на 15. страница
ОДГОВОР НА ПРАШАЊАТА ОД 30. И 31. СТРАНИЦА
1) Нема лостови и алки.
2) Крилјата на херувимите треба да бидат раширени над поклопецот.
3) Лицата на херувимите треба да гледаат кон поклопецот.
4) Б.
5) 63.400.
6) В.