ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 7/11 стр. 4-5
  • Зошто има толку многу страдање?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Зошто има толку многу страдање?
  • Разбудете се! 2011
  • Сличен материјал
  • Дали Бог е виновен за нашите страдања?
    Одговор на библиски прашања
  • Што вели Библијата?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2017
  • Страдање
    Разбудете се! 2015
  • Зошто Бог ги допушта страдањата?
    Што навистина учи Библијата?
Повеќе
Разбудете се! 2011
g 7/11 стр. 4-5

Зошто има толку многу страдање?

СВЕШТЕНИЦИТЕ, кои тврдат дека имаат одговор на прашањето од насловот, обично ги поучуваат верниците дека страдањето е казна од Бог. На пример, неколку дена по земјотресот на Хаити, еден свештеник во главниот град им рекол на членовите на својата црква дека оваа катастрофа е порака од Бог. Други свештеници не се толку догматични. Еден вонреден професор по религија вели дека многу луѓе најверојатно гледаат на тоа вака: „Зошто Бог предизвикува вакви катастрофи е мистерија во која ние не треба да навлегуваме. Наше е само да веруваме“.

Дали Бог навистина „предизвикува“ луѓето да страдаат? Библијата јасно покажува дека не е така! Страдањето не било дел од намерата што Јехова Бог ја имал со луѓето. Меѓутоа, првите маж и жена се побуниле против начинот на кој Бог владее, избирајќи самите да одредуваат што е добро, а што лошо. Тие го отфрлиле Бог и, како резултат на тоа, пожнеале тешки последици. И ние денес мораме да ги трпиме последиците од нивниот лош избор. Но тоа во никој случај не значи дека Бог е виновен за страдањата на луѓето. Библијата вели: „Никој, кога ќе се најде во искушение, нека не вели: ‚Бог ме искушува‘. Зашто, Бог не може да се искуша со зло, а и тој никого не искушува со зло“ (Јаков 1:13). Секој може да доживее страдања — дури и оние што ја имаат Божјата наклоност. Еве неколку примери:

● Пророкот Елисеј имал неизлечива болест (2. Царевите 13:14).

● Апостол Павле напишал дека ‚гладува и жедува, дека е скудно облечен, дека грубо постапуваат со него и дека е бездомник‘ (1. Коринќаните 4:11).

● Еден христијанин по име Епафродит бил болен и „потиштен“ (Филипјаните 2:25, 26).

Никаде нема да прочитаме дека на овие три лица тоа им било казна од Бог. Но, Библијата кажува повеќе отколку само кој не е одговорен за страдањето. Таа открива и три основни причини за страдањата.

Личниот избор

„Човек што ќе си посее, тоа и ќе си пожнее“ (Галатите 6:7). Се разбира, оној што ќе избере да пуши, да вози крајно невнимателно или неразумно да се расфрла со парите мора да сноси одговорност за последиците од своите одлуки.

Понекогаш страдаме и поради себичните одлуки на некој друг. Луѓето извршиле најсвирепи злосторства — од нацистичките ѕверства до сексуалната злоупотреба на деца. Злоупотребувајќи ја слободната волја, некои донесуваат одлуки со кои им нанесуваат страдање на другите.

Случајните настани

Во првиот век од н.е., се срушила една голема кула во Ерусалим, при што загинале 18 души. Во врска со жртвите од несреќата, Исус рекол: „Мислите ли дека тие беа поголеми грешници од сите други луѓе што живеат во Ерусалим? Никако“ (Лука 13:4, 5). Исус знаел дека тие луѓе не биле казнети од Бог. Тој знаел дека во Божјата Реч пишува: „Времето и непредвидените настани го снаоѓаат секого“ (Проповедник 9:11). До голем број трагични настани доаѓа кога некој ќе се најде на погрешно место во погрешно време или поради човечки фактор. На пример, извештаите покажуваат дека последиците се многу посериозни кога луѓето ги игнорираат предупредувањата и кога објектите не се градат за да издржат временски непогоди или земјотреси. Тогаш случајните настани погодуваат повеќе луѓе, а со тоа нанесуваат и поголемо страдање.

„Владетелот на овој свет“

Библијата вели: „Целиот свет е под власта на Злобниот“ (Јован 12:31; 1. Јованово 5:19). „Злобниот“ е Сатана Ѓаволот, моќно духовно суштество наречено „владетелот кој владее со воздухот“. Сатана го шири „духот кој сега дејствува во непослушните синови“ (Ефешаните 2:2). Некои злосторства, како што се геноцидот и злоупотребата на деца, се толку грозоморни што на многумина им е јасно дека се резултат на влијанието на Ѓаволот.

Меѓутоа, дали ова значи дека Бог е рамнодушен на нашето страдање? Дали тој може и дали ќе направи нешто за да му стави крај?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели