ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 8/11 стр. 17
  • Салото на морските цицачи

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Салото на морските цицачи
  • Разбудете се! 2011
  • Сличен материјал
  • Содржина
    Разбудете се! 2011
  • Дојдоа китовите!
    Разбудете се! 2015
  • Во потрага по делфини во Нов Зеланд
    Разбудете се! 2002
  • Мускулите — ремек-дело на дизајн
    Разбудете се! 1999
Повеќе
Разбудете се! 2011
g 8/11 стр. 17

Случајно или создадено?

Салото на морските цицачи

● Со децении, на научниците не им било јасно како можат делфините да пливаат со брзина од речиси 40 километри на час, а Даловиот мал делфин дури и со 56 километри на час. Научниците мислеле дека делфините едноставно немаат доволно мускули за тоа. Но, тајната на нивната брзина делумно лежи во нивното сало, сложена супстанција што може да се најде и под кожата на китовите и на други морски животни.

Размисли: „Салото кај делфините е дебел, густ слој од сврзно ткиво со добро организирана структура и голем број масни клетки“, стои во New World Encyclopedia. Тоа е распоредено по целото тело и е „цврсто сврзано за мускулите и скелетот со одлично организирани мрежи од тетиви и лигаменти во форма на ладало“. Овие мрежи, пак, се состојат од еластински влакна и колаген, протеин кој го има и во кожата и коските. Според тоа, салото кај делфините е многу повеќе отколку само топлотна изолација. Тоа е комплицирана комбинација од различни живи ткива.

Но, како салото им помага на делфините да пливаат толку брзо? Како прво, поради салото, телото на делфинот има форма со која полесно го совладува отпорот на водата. Како второ, салото меѓу перките на опашката и грбната перка е испреплетено со особено густа мрежа од еластински и колагенски влакна, што ја прави опашката еластична и овозможува во неа да се складира енергија. Затоа, кога мускулите ќе ја придвижат опашката во еден правец, салото служи како пружина и ја враќа назад, туркајќи го телото напред без да се троши многу енергија.

Освен тоа, салото помага телото да се одржува во водата, служи како топлотна изолација и складира енергија за периодите кога нема доволно храна. Не е ни чудо што оваа повеќенаменска состојка го привлекува вниманието на оние што се обидуваат да ја подобрат ефикасноста на пловилата и на нивниот погон за движење.

Што мислиш? Дали салото кај делфините, кое има неверојатни својства, настанало случајно или било создадено?

[Графикон на страница 17]

(Види во публикацијата)

Скалесто поставени влакна

Напречен пресек на колагенските и еластинските влакна

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели