ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 9/11 стр. 10-11
  • Мора ли да има свет ден во седмицата?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Мора ли да има свет ден во седмицата?
  • Разбудете се! 2011
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Привремено барање
  • Нов начин на обожавање
  • Обожавање кое закрепнува и го радува Бог
  • Треба ли да ја држиш саботата?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Дали треба христијаните да го држат денот на одмор?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
  • Има време за работа и време за одмор
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2019
  • Обожавај го Јехова и ќе бидеш среќен
    The Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2022
Повеќе
Разбудете се! 2011
g 9/11 стр. 10-11

Што вели Библијата

Мора ли да има свет ден во седмицата?

НАСЕКАДЕ на Земјата, милиони муслимани, Евреи и луѓе што се изјаснуваат како христијани одвојуваат еден ден од седмицата за посебни верски активности. Зошто? На пример, Ибрахим, побожен муслиман кој оди во џамија секој петок за да се моли и да слуша проповед, објаснува: „Сакам да се чувствувам близу до Бог и да осетам мир во душата“.

Дали Библијата кажува дека Бог бара од нас да држиме еден ден од седмицата како свет? Дали со тоа што во конкретен ден од седмицата ќе му оддаваме чест на Бог ќе станеме поблиски со него?

Привремено барање

Пред повеќе од 3.500 години, Бог дал една посебна збирка закони преку пророкот Мојсеј. Тој Закон вклучувал систем на денови за одмор, или саботи посветени за обожавање на Бог. Највообичаен ден за одмор бил седмичниот ден за одмор, или седмичната сабота. Тој почнувал на зајдисонце во петок и траел до зајдисонце во сабота (2. Мојсеева 20:8-10, фуснота).

Дали Бог барал од сите народи да го држат тој седмичен ден за одмор? Не. Мојсеевиот закон им бил даден само на Израелците и на оние што се преобратиле во еврејската вера. Бог му рекол на Мојсеј: „Синовите на Израел нека го држат денот за одмор... Тоа нека биде траен знак меѓу мене и синовите на Израел“a (2. Мојсеева 31:16, 17).

Библијата вели дека Мојсеевиот закон бил „сенка на она што доаѓа“ (Колошаните 2:17). Според тоа, држењето на саботата било дел од еден привремен верски систем кој укажувал на еден подобар систем што требало да дојде во иднина (Евреите 10:1). Библијата покажува дека, од Божја гледна точка, Законот даден на Израел, заедно со барањето да се држи седмичната сабота, завршил со смртта на Исус (Римјаните 10:4). Што го заменило овој Закон?

Нов начин на обожавање

Во Библијата е јасно опишано каков облик на обожавање прифаќа Бог откако Мојсеевиот закон ја исполнил својата цел. Дали се бара одреден ден од седмицата да се држи како свет?

Светото Писмо покажува дека некои заповеди што им биле дадени на Израелците важеле и за христијанското собрание. Во нив спаѓаат заповедта да се воздржуваат од идолопоклонство и од блуд, како и од јадење крв (Дела 15:28, 29). Значајно е тоа што заповедите во врска со седмичната сабота не биле вклучени во заповедите кои се барало да ги држат христијаните (Римјаните 14:5).

Што друго ни кажува Библијата за начинот на кој првите христијани го обожавале Бог? Тие редовно се собирале за да се молат, да читаат од светите списи, да слушаат говори и да пеат песни што го слават Бог (Дела 12:12; Колошаните 3:16). На таквите состаноци, христијаните добивале поуки, си ја зајакнувале верата и се храбреле едни со други (Евреите 10:24, 25).

Никаде во Библијата не пишува дека христијанските состаноци требало да се одржуваат во недела или во некој друг одреден ден од седмицата. Тогаш, зошто за многу од оние што се изјаснуваат како христијани неделата е свет ден? Обичајот неделата да се смета за ден посветен на Бог се појавил откако било завршено пишувањето на Библијата и во христијанството почнале да навлегуваат многу верувања и обичаи што не се темелат на неа.

Дали Бог подоцна повторно одредил да има свет ден во седмицата? Не. Во Библијата детално е објаснето кој е исправниот начин да му се служи на Бог. Нема други вдахновени записи што подоцна биле додадени на Светото Писмо. Апостол Павле бил вдахновен од Бог да напише: „Дури и ние или ангел од небото да ви објавеше поинаква добра вест од онаа што веќе ви ја објавивме, проклет да е!“ (Галатите 1:8).

Обожавање кое закрепнува и го радува Бог

Иако верските водачи од времето на Исус секоја седмица внимателно го држеле светиот ден, нивното обожавање не му било прифатливо на Бог затоа што имале злобни срца. Тие ги сакале парите и гледале со презир на обичните, понизни луѓе. Сакале углед, биле расипани и длабоко вмешани во политичките збиднувања во нивно време (Матеј 23:6, 7, 29-33; Лука 16:14; Јован 11:46-48). Тврделе дека го претставуваат Бог, а ја претвориле саботата, која тој имал намера да служи за нивно закрепнување, во угнетувачки систем на човечки правила (Матеј 12:9-14).

Очигледно, клучно за да му служиме на Бог на исправен начин не е само да држиме еден ден од седмицата како свет. Што е потребно? Исус го упатил овој примамлив повик: „Дојдете кај мене сите вие што сте изморени и оптоварени, и јас ќе ве закрепнам“ (Матеј 11:28). Обожавањето што навистина се темели на Исусовите учења закрепнува во вистинска смисла на зборот. Во него нема лицемерство и ритуали што само ги оптоваруваат луѓето.

Низ целиот свет, Јеховините сведоци во сѐ го следат начинот на кој првите следбеници на Исус му служеле на Бог. Секоја седмица тие имаат состаноци со програма на библиски поуки. Кои денови се одржуваат состаноците зависи од локалните услови, а не од небиблиски традиции. Зошто не појдеш на некој од тие состаноци во твоето место за и самиот да се увериш колку ќе те закрепнат?

[Фуснота]

a Библискиот израз „траен“ не мора да значи засекогаш. Може да значи и долг, неодреден период.

ШТО МИСЛИШ?

● Мора ли да го обожаваш Бог во посебен ден од седмицата? (Римјаните 10:4; 14:5)

● Зошто треба да се собираме заедно за да го обожаваме Бог? (Евреите 10:24, 25)

● Што е клучно за обожавањето на Бог да ни причинува задоволство? (Матеј 11:28)

[Табела/слики на страници 10 и 11]

(Види во публикацијата)

ВТОРНИК

СРЕДА

1 ЧЕТВРТОК

2 ПЕТОК

3 САБОТА

4 НЕДЕЛА

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели