ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 11/11 стр. 7-9
  • Кое гледиште е поразумно?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Кое гледиште е поразумно?
  • Разбудете се! 2011
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Со кое гледиште се спојуваат сите факти?
  • Дешифрирање на човечката генетика
    Разбудете се! 1995
  • Зошто многумина ја прифаќаат еволуцијата?
    Животот — како настанал? Со еволуција или со создавање?
  • Несогласувања во врска со еволуцијата — зошто?
    Животот — како настанал? Со еволуција или со создавање?
  • Дали еволуцијата е во склад со Библијата?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
Повеќе
Разбудете се! 2011
g 11/11 стр. 7-9

Кое гледиште е поразумно?

НИЕДЕН човек не видел како започнал животот на Земјата. А никој не видел ни како еден вид еволуира во друг — на пример, влекач во цицач.a Според тоа, за да дојдеме до сознанија за потеклото на животот, мораме да се потпреме на доказите што ни стојат на располагање. И мораме да оставиме тие да зборуваат, а не да се трудиме по секоја цена да ги извртиме за да го кажат она што нам ни одговара.

Меѓутоа, многу атеисти гледаат на науката низ призмата на материјализмот — филозофско учење според кое материјата е почеток и основа на животот. „Ние веќе сме се определиле во што ќе веруваме — во материјализмот“, напишал еволуционистот Ричард Левонтин. „Материјализмот е апсолутен, бидејќи во науката нема место за Бог.“ Од таа причина, приврзаниците на материјалистичкото учење ја прифаќаат единствената алтернатива што ја имаат — еволуцијата.

И религиозните луѓе може да имаат однапред оформени мислења поради кои имаат искривено гледиште за науката. На пример, како што беше спомнато, некои упорно се држат за погрешното верување дека Бог го создал светот за шест дословни дена пред неколку илјади години. Бидејќи веќе се определиле да веруваат во ова, по секоја цена се трудат да ги извртат доказите за да одговараат на нивното крајно буквално толкување на Библијата. (Види ја рамката „Колку трае еден ‚ден‘?“ на 9. страница.) Луѓето кои одат во вакви крајности при толкувањето и на Библијата и на науката, не успеваат да најдат цврсти докази за својата вера.

Со кое гледиште се спојуваат сите факти?

Во врска со потеклото на сложените молекули од кои се состојат живите организми, некои еволуционисти веруваат во следново:

1. Клучните елементи некако сами се искомбинирале при што настанале прости молекули.

2. Потоа, овие молекули се поврзале по точниот редослед што е потребен за да настанат ДНК, РНК или протеините со капацитет за складирање на информациите потребни за да се одвиваат процесите неопходни за живот.

3. Молекулите некако ги споиле конкретните низи потребни за самите да се удвојуваат. Без вакво удвојување, не може да има ни еволутивен развој ни живот.

Ако зад молекулите кои се неопходни за живот не стои интелигентен ум, тогаш од каде им се ваквите неверојатни својства? Истражувањата на полето на еволуцијата не даваат соодветни објаснувања или задоволителни одговори на прашањата за потеклото на животот. Всушност, оние што негираат дека постои Творец кој го создал животот со цел им припишуваат божествена моќ на молекулите и на природните сили кои немаат разум.

Но, што велат фактите? Доказите не покажуваат дека молекулите се развиле во сложени облици на живот. Вистината е сосем спротивна — физичките закони налагаат сложените работи, како што се машините, куќите, па дури и живите клетки, со текот на времето да почнат да се распаѓаат.b Сепак, еволуционистите го тврдат спротивното. На пример, книгата Еволуција за незнајковци (Evolution for Dummies) вели дека до еволуција дошло затоа што Земјата „добива огромно количество енергија од Сонцето, а таа енергија предизвикува работите да станат посложени“.

Точно е дека е потребна енергија за да се претвори хаосот во ред — на пример, да се состават цигли, дрво и шајки за да се добие куќа. Меѓутоа, оваа енергија мора да биде контролирана и прецизно управувана затоа што неконтролираната енергија го забрзува процесот на распаѓање, исто како што енергијата од Сонцето и временските услови може да го забрзаат пропаѓањето на една градба.c Оние што веруваат во еволуција немаат убедливо објаснување за тоа што ја контролира енергијата за да има ред.

Од друга страна, ако животот и вселената ги сметаме за дело на мудар Творец кој има „изобилство енергија со која задвижува сѐ“, можеме да ја објасниме не само сложеноста на информациските системи во клетката туку и прецизно ускладените сили што управуваат со материјата — како со огромните галаксии така и со ситните атомиd (Исаија 40:26, фуснота).

Верувањето во Творец е во склад и со гледиштето дека вселената имала почеток — гледиште што сега е општоприфатено. Во 1. Мојсеева 1:1 пишува: „Во почетокот Бог ги создаде небото и земјата“.

Со секое ново откритие сѐ потешко е да се одбрани учењето за материјализам, факт што поттикнал некои атеисти да ги преиспитаат своите гледишта.e Да, дури и некои поранешни атеисти дошле до заклучок дека чудата во вселената се видлив доказ за ‚невидливите својства‘ и за ‚вечната моќ‘ на нашиот Творец, Јехова Бог (Римјаните 1:20). Би сакал ли подетално да ја разгледаш оваа тема? Тоа е од суштинско значење за сите нас.f

[Фусноти]

a Иако бил цврсто уверен во еволуцијата, биологот Ернст Мајер признал дека „во фосилните остатоци има многу јазови“ затоа што нови видови организми се појавуваат одеднаш.

b Таквото распаѓање е резултат на она што научниците го нарекуваат втор принцип на термодинамиката. Едноставно кажано, според овој принцип, секој ред во природата е склон, со текот на времето, да се претвори во хаос.

c Мутациите, кои може да бидат предизвикани од радијација и од некои хемиски супстанции, може да ја модифицираат ДНК. Но, со мутациите не се добиваат нови видови. (Види ја статијата „Дали еволуцијата е факт?“ во Разбудете се! од септември 2006.)

d Види ја книгата Постои ли Творец кој се грижи за тебе?, издадена од Јеховините сведоци.

e Види ја статијата „Пораснав како атеист“ во Разбудете се! од ноември 2010.

f Повеќе информации во врска со темата создавање или еволуција можеш да најдеш во брошурата Дали животот е Божје дело? и во книгата Животот — како настанал? Со еволуција или со создавање?, издадени од Јеховините сведоци.

[Рамка на страница 8]

ОДИМЕ НАПРЕД ИЛИ НАЗАД?

Некои научници се сериозно загрижени што човечкиот геном, всушност, дегенерира поради постојаните мутации, односно грешки. Ако нивната загриженост е оправдана, овој факт би го поткопал тврдењето дека еволуираме, односно се усовршуваме. Но, ако Бог го создал човечкиот геном, тогаш зошто има грешки? Библијата ни кажува нешто што науката не може — дека несовршеноста на луѓето е последица од гревот, односно непослушноста кон Бог. „Преку еден човек [Адам] гревот влезе во светот и преку гревот смртта“, пишува во Римјаните 5:12. Значи, тоа што човечкиот геном дегенерира ја побива еволуцијата, а оди во прилог на Библијата. Дали ова значи дека геномот ќе продолжи да дегенерира во недоглед? Не! Бог ветил дека ќе преземе мерки за да ја поправи сета штета што ни ја нанеле нашите прародители. Да, нашиот Творец е тој што ќе го направи совршен човечкиот геном, а не слепата, случајна еволуција (Откровение 21:3, 4).

[Рамка на страница 9]

КОЛКУ ТРАЕ ЕДЕН „ДЕН“?

Во Библијата, зборот „ден“ може да укажува на периоди со различно времетраење. На пример, во 1. Мојсеева 2:4 шесте „дена“ на создавање се опишани како „денот кога Јехова Бог ги направи земјата и небото“. Очигледно, секој ден траел прилично долго време. Интересно е тоа што, иако во Библијата конкретно е спомнат крајот на секој од првите шест „дена“, не е спомнат крајот на седмиот ден. Зошто? Затоа што овој ден сѐ уште трае (1. Мојсеева 2:3; Евреите 4:4-6, 11).

[Слика на страница 8]

Ако не се одржуваат, работите се склони кон распаѓање

[Слика на страници 8 и 9]

Божјата моќ и другите негови особини може да се видат во вселената

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели