ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 2/12 стр. 3
  • Сите на мрежа!

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Сите на мрежа!
  • Разбудете се! 2012
  • Сличен материјал
  • Натан — верен застапник на вистинскиот Бог
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • Задоволувачки живот и покрај болката
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
  • Биди пријател и кога пријателството е во опасност
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2017
  • Кога „срце скршено и здробено“ бара прошка
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
Повеќе
Разбудете се! 2012
g 2/12 стр. 3

Сите на мрежа!

● Замисли си ја следнава ситуација. За Славе, луѓето велат дека е скаран со технологијата. Со години одбива да стави приклучок, што инаку би му олеснило да контактира со семејството и пријателите. Сите, па дури и неговите деца кои се тинејџери, сакаат да бидат во тек со новата технологија. Славе на шега ѝ вели на својата 16-годишна ќерка: „Каде е времето кога можеше да се видиш со човек и да си направиш муабет!“

Меѓутоа, по некое време Славе е веќе на два ума. Помислува на луѓето што со години ги нема видено. Помислува и на роднините кои се толку зафатени што полека почнуваат да се отуѓуваат. Славе си вели: ‚Ако сакам да останам во контакт со сите нив, изгледа ќе морам и јас да се навикнам на ова чудо‘. Ова е замислена ситуација од 1950-тите години во Македонија. Славе, иако долго време скаран со технологијата, најпосле решава да стави телефон.

Сега дејството на приказната нѐ сели во 2012 год. Никола, внукот на Славе, разговара по телефон со Роберт и Ангела, негови блиски пријатели што сега живеат на другиот крај на светот. Откако ја спушта слушалката, си вели: ‚Не ми се верува дека поминаа десет години!‘ Не може да се изначуди колку брзо лета времето.

Со години, на Никола му беше доволно одвреме-навреме да се чуе по телефон со роднините и пријателите што живеат далеку. Но сега, се чини дека сите — вклучувајќи ги и децата на Никола кои се тинејџери — одржуваат контакти преку социјални мрежи.

И за Никола луѓето мислат дека е скаран со технологијата затоа што не сака да ги следи најновите трендови. „Каде е времето кога можеше да се чуеш со човек по телефон!“ вели тој. Но, Никола почнува да се премислува. ‚Ако сакам да останам во контакт со сите нив, изгледа ќе морам и јас да се навикнам на ова чудо.‘

Дали и ти се чувствуваш како Никола? Луѓето по природа сакаат да комуницираат меѓу себе (1. Мојсеева 2:18; Изреки 17:17). Бидејќи денес мнозина го прават тоа преку социјалните мрежи, што треба да знаеш за нив?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели