Семејно катче
Што недостига на сликава?
Прочитај 1. Самоилова 1:24-28; 2:11, а потоа разгледај ја сликата. Што недостига на неа? Запиши ги одговорите на празните линии. Доврши го цртежот така што ќе ги поврзеш точките, а потоа обој го.
1) ․․․․․
2) ․․․․․
3) ․․․․․
[Графикон]
(Види во публикацијата)
ЗА РАЗГОВОР:
На што сакале родителите Самоил да го посвети својот живот? Како Јехова го благословил Самоил?
МАЛА ПОМОШ: Прочитај 1. Самоилова 3:19-21.
Какви цели можеш да си поставиш за да му донесеш слава на Јехова?
МАЛА ПОМОШ: Прочитај Проповедник 12:13; 1. Тимотеј 4:6-8, 12, 13.
СЕМЕЕН ПРОЕКТ:
Без да зборува, еден член на семејството нека одглуми некој лик од овој библиски извештај. Останатите нека се обидат да погодат за која личност станува збор.
Сочувај и учи
Исечи, превиткај и сочувај
БИБЛИСКА КАРТИЧКА 14 САМОИЛ
ПРАШАЊА:
А) Родители на Самоил му биле ․․․․․ и ․․․․․.
Б) Кои библиски книги ги напишал Самоил под водство на Јехова?
В) Доврши ја следнава библиска изјава: „А момчето Самоил растеше...“
[Табела]
4026 пр.н.е. Адам бил создаден
Живеел околу 1100 пр.н.е.
1 од н.е.
98 од н.е. Напишана последната библиска книга
[Карта]
Роден во Рама — се преселил во Сило
Рама
Сило
Ерусалим
САМОИЛ
ПОДАТОЦИ:
Неговите родители ‚му го дарувале на Јехова‘ и уште од мал го поттикнувале службата за Бог да му биде најважна во животот (1. Самоилова 1:24, 28). Иако видел како некои лоши свештеници ги искористуваат другите, Самоил останал верен, чесен и храбар (1. Самоилова 2:22-26; 3:18, 19; 12:2-5, 17, 18).
ОДГОВОРИ
А) Елкана и Ана (1. Самоилова 1:19, 20).
Б) Судиите, Рут и дел од Прва Самоилова.
В) „...пред Јехова“ (1. Самоилова 2:21).
Земји и народи
4) Се викаме Оскар (10) и Саскија (7). Живееме во Естонија. Отприлика колку Јеховини сведоци има во Естонија — 2.400, 4.200 или 6.800?
5) Која точка покажува каде живееме ние? Заокружи ја и означи со точка каде живееш ти, а потоа види дали си близу или далеку од Естонија.
А
Б
В
Г
Деца, најдете ги сликите!
Можеш ли да ги најдеш овие слики во ова списание? Опиши со свои зборови што се случува на секоја од нив.
За да отпечатиш повеќе примероци од рубриката „Семејно катче“, отвори www.jw.org
● Одговорите за „СЕМЕЈНОТО КАТЧЕ“ се на 11. страница
ОДГОВОР НА ПРАШАЊАТА ОД 30. И 31. СТРАНИЦА
1) Жртвен јунец.
2) Брашно.
3) Ќуп со вино.
4) 4.200.
5) Б.