ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 3/12 стр. 3
  • Проблемот со гневот

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Проблемот со гневот
  • Разбудете се! 2012
  • Сличен материјал
  • Дали секогаш е погрешно да се гневиш?
    Разбудете се! 1994
  • Зошто толку гнев?
    Разбудете се! 2012
  • Зошто да ја контролирате лутината?
    Разбудете се! 1997
  • Гневот под контрола!
    Разбудете се! 2012
Повеќе
Разбудете се! 2012
g 3/12 стр. 3

Проблемот со гневот

Еден човек чекал да биде услужен во сендвичарница. Но, почнал да врие од гнев затоа што му се видело дека чека предолго. Му отишол на еден од вработените, го зграпчил за врат и му удрил шлаканица. Потоа го грабнал сендвичот и бесно си заминал.

СИТЕ ние знаеме да се налутиме. На крајот на краиштата, гневот е природна човечка емоција, исто како љубовта, надежта, загриженоста, тагата и стравот. Кога го држиме гневот под контрола, можеме да го изразиме на исправен начин што ќе даде добри резултати. На пример, гневот може да биде корисен ако нѐ поттикнува да надминеме извесни пречки или проблеми.

Меѓутоа, како што покажува случката од уводот, гневот има и мрачна страна. Некои избувнуваат полесно, почесто и поизразено. Кога некој ќе ги испровоцира, може да го нападнат вербално или физички. Наместо тие да го контролираат гневот, гневот ги контролира нив. Таквиот неконтролиран гнев е опасен, поради што понекогаш се нарекува и „негативен гнев“.a

Гневните луѓе си нанесуваат штета и себеси и на сите околу нив. Оној што не си го контролира гневот пламнува и за ситници, а таквата негова реакција може да има жални последици. Размисли за следниве примери:

Еден човек бил застрелан во вратот само затоа што некој од пријателите со кои бил случајно подзакачил со торбата друг минувач на една преполна улица.

Еден 19-годишник го претепал до смрт 11-месечното синче на неговата свршеница. Непосредно пред убиството играл насилна видеоигра и збеснал кога бебето случајно му чепнало нешто поради што ја изгубил играта.

Вести за вакви настани доаѓаат од целиот свет, што покажува дека има сѐ повеќе гневни луѓе. Зошто светот врие од гнев?

[Фуснота]

a Брошурата Точка на вриење — негативен гнев и како да се справиме со него (Boiling Point—Problem Anger and What We Can Do About It) го дефинира „негативниот гнев“ како „неисправен начин на кој некој го изразува гневот или се справува со него, со што постојано си создава значителни тешкотии во животот кои се одразуваат врз неговиот начин на размислување, неговите чувства, однесувањето, меѓучовечките односи и слично“.

[Рамка на страница 3]

Гневот е природна човечка емоција. Затоа, не е погрешно да го изразиме на исправен начин. Меѓутоа, во овие статии ќе стане збор за неисправниот гнев, кој може емоционално, физички и духовно да ни наштети и нам и на другите.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели