ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 3/12 стр. 24
  • Крилото на пеперутката

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Крилото на пеперутката
  • Разбудете се! 2012
  • Сличен материјал
  • Структурата на крилото на пеперутката
    Разбудете се! 2014
  • Крилото на пеперутката кое апсорбира светлина
    Разбудете се! 2014
  • Крилјата на белите пеперутки
    Случајно или создадено?
  • Што учам од Библијата
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
Повеќе
Разбудете се! 2012
g 3/12 стр. 24

Случајно или создадено?

Крилото на пеперутката

● Некои пеперутки имаат крилја со прекрасен метален сјај чии бои се прелеваат во зависност од тоа под кој агол ги гледаме. Бојата на крилјата на еден вид пеперутка е толку чиста и јака што може да се види на оддалеченост и од 800 метри. Што ги прави крилјата на пеперутката толку посебни?

Размисли: На крилјата на пеперутката Papilio blumei има низа ситни вдлабнатини кои ја рефлектираат светлината на различни начини. На пример, центарот на секоја вдлабнатина одбива жолто-зелена светлина, а рабовите одбиваат сина светлина. Исто така, светлината што доаѓа до центарот на вдлабнатината директно се одбива, а светлината што паѓа на страните најпрво минува од еден на друг слој од површината, прекршувајќи ги повеќекратно светлосните бранови и зголемувајќи ја нивната јачина. Бојата која се добива со мешањето на одбиените светлосни бранови се должи на структурата на крилјата на пеперутката.

На истражувачите им требаа десет години за да направат поедноставена верзија на структурата на крилјата на пеперутката. Се надеваат дека тоа ќе им помогне да направат банкноти и кредитни картички кои ќе биде потешко да се фалсификуваат, како и соларни ќелии кои поефикасно ќе ја собираат сончевата енергија. Меѓутоа, воопшто не е лесно да се направи копија на структурата на крилјата на пеперутката. „Иако имаме темелни сознанија од областа на оптиката“, пишува проф. Улрих Штајнер од Центарот за нанонаука при Универзитетот во Кембриџ, „неверојатно разноликиот спектар од бои во природата честопати ги надминува оптичките ефекти што може да се постигнат со помош на технологијата.“

Што мислиш? Дали крилјата на пеперутката настанале случајно или се дело на мудар Творец?

[Слика на страница 24]

Пеперутка Papilio blumei

[Слика на страница 24]

Крило на пеперутка под микроскоп

[Извори на слики на страница 24]

Пеперутка: Faunia, Madrid; крило гледано под микроскоп: © Eye of Science/Photo Researchers, Inc.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели