ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 8/12 стр. 21-23
  • Чиј пример вреди да се следи?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Чиј пример вреди да се следи?
  • Разбудете се! 2012
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • ЗОШТО ТИ СЕ ПОТРЕБНИ
  • КАДЕ ДА НАЈДЕШ ТАКВИ ЛУЃЕ
  • КАКО ДА ГО СЛЕДИШ НИВНИОТ ПРИМЕР
  • Кој може да ми биде пример?
    Младите прашуваат
  • Кој треба да ми биде пример за имитирање?
    Разбудете се! 1998
  • Да ја разбереме уникатната улога на Исус во Божјата намера
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Поттикни ги да станат негови следбеници
    Нашата служба за Царството 1994
Повеќе
Разбудете се! 2012
g 8/12 стр. 21-23

Младите прашуваат

Чиј пример вреди да се следи?

Во оваа статија ќе дознаеш

ЗОШТО ти се потребни луѓе на кои ќе се угледаш

КАДЕ да најдеш такви луѓе

КАКО да го следиш нивниот пример

ЗОШТО ТИ СЕ ПОТРЕБНИ

ФАКТ: Обично стануваш како оние на кои им се восхитуваш. Тоа може да биде добро — или лошо — во зависност од тоа кому му се восхитуваш.

Што ти треба: Луѓе чиј пример вреди да се следи (Филипјаните 3:17).

Проблем: Многу луѓе се угледуваат на славните — музичари, спортисти или филмски ѕвезди — дури и ако имаат лоша репутација.

Размисли: Во Библијата нашата личност е споредена со облека (Колошаните 3:9, 10). Ако одиш да купуваш облека, зарем би оставил некоја лошо облечена продавачка да ти каже што да носиш? Тогаш, зошто да оставиш некоја славна личност со никаква репутација да ти кажува каков треба да бидеш? Наместо да го направиш тоа или да се поведуваш по мноштвото, тоа што ќе избереш луѓе што се добар пример ќе ти помогне 1) да одлучиш какви особини сакаш да имаш и 2) да го следиш примерот на луѓето што ги покажуваат тие особини.

КАДЕ ДА НАЈДЕШ ТАКВИ ЛУЃЕ

На следниве изјави одговори со точно или неточно.

1) За пример можеш да земеш само некој што лично го познаваш.

□Точно □Неточно

2) Тој што ќе го избереш за пример мора да е совршен.

□Точно □Неточно

3) Повеќе луѓе можат да ти бидат пример.

□Точно □Неточно

Одговори

1) Неточно. За пример можеш да избереш дури и луѓе што живееле многу одамна. Такви луѓе ќе најдеш во Библијата. На пример, ако го прочиташ 11. поглавје од библиската книга Евреите, ќе видиш дека апостол Павле навел по име 16 мажи и жени со огромна вера. Што е најважно, во следното поглавје, Павле ги поттикнал христијаните ‚да го вперат погледот‘ во Исус и да го следат неговиот пример (Евреите 12:2). Исус е најдобриот пример што можеме да го следиме (Јован 13:15).a

2) Неточно. Освен Исус, ниеден потомок на Адам не бил совршен (Римјаните 3:23). Дури и смелиот пророк Илија бил „обичен човек како нас“ (Јаков 5:17). Истото може да се каже и за Маријам, Давид, Јона, Марта и Петар. Во Библијата отворено се зборува за грешките што ги направиле тие луѓе. Сепак, во повеќето аспекти од животот тие дале одличен пример и затоа можеме да се угледаме на нив.

3) Точно. За свој пример можеш да избереш онолку луѓе колку што сакаш. Некој може да е одличен пример за трудољубивост, друг за стрпливост. Трет, пак, останува позитивен и кога има проблеми (1. Коринќаните 12:28; Ефешаните 4:11, 12). Барај го доброто кај другите и ќе видиш дека имаат особини што треба да ги покажувме и ние (Филипјаните 2:3).

КАКО ДА ГО СЛЕДИШ НИВНИОТ ПРИМЕР

1) Набљудувај ги оние чиј пример си избрал да го следиш. На христијаните од првиот век апостол Павле им рекол: „Набљудувајте ги оние што живеат по примерот што ви го дадовме“ (Филипјаните 3:17).

2) Зближи се. Ако е можно, поминувај повеќе време со оние што си ги избрал за свој пример. Библијата вели: „Кој оди со мудрите, ќе стане мудар“ (Изреки 13:20).

3) Размислувај за убавите особини на оние на кои сакаш да се угледаш. Во Евреите 13:7 пишува: „Видете го резултатот од нивниот начин на живеење и земете ја за пример нивната вера“ (Радосна Вест).

А сега, да преминеме на акција. Пополни го следниов план.

План

Избери особина што би сакал да ја стекнеш. (Би сакал ли да бидеш подруштвен? повеликодушен? потрудољубив? пожилав? постабилен? подостоен за доверба?)

․․․․․

Избери некој што ја покажува особината што би сакал да ја стекнеш.b

․․․․․

Кога ќе избереш некој чиј пример вреди да го следиш, тоа не значи дека треба да станеш како тој човек. Ти сѐ уште си имаш добри особини типични за тебе. Сепак, тоа што ќе избереш луѓе достојни за да го следиш нивниот пример ќе го извади на површина најдоброто од тебе додека созреваш. Освен тоа, следејќи го нивниот пример и самиот ќе станеш добар пример за другите.

Статии од рубриката „Младите прашуваат“ има и во други броеви од списанието Разбудете се! кое можеш да го симнеш од веб-страницата www.jw.org

[Фусноти]

a Се разбира, вреди да го следиме примерот и на многу луѓе денес. Тоа може да биде родител, брат или сестра, некој духовно зрел член на христијанското собрание или друго лице што го познаваш или за кое си читал.

b Оваа вежба можеш да ја направиш и по обратен редослед. Прво, избери некој на кого сакаш да се угледаш. Следно, прашај се: ‚Поради која особина му се восхитувам на тој човек?‘ Потоа, следејќи го неговиот пример, труди се да ја покажуваш таа особина.

[Истакната мисла на страница 21]

Зошто да оставиш некоја славна личност со никаква репутација да ти кажува каков треба да бидеш?

[Рамка/слики на страници 22 и 23]

ШТО ВЕЛАТ ДРУГИ МЛАДИ

Лејла — Другарка ми Сандра гледа позитивно на работите. Исто така, многу добро ја познава Библијата. И на сред ноќ да ја разбудиш ќе ти најде решение за проблемите. Кога и да имам некаков проблем, било голем било мал, можам да ѝ се доверам.

Теренс — Моите другари Кајл и Дејвид никогаш не ги потценуваат чувствата на другите. Секогаш ги ставаат проблемите на другите пред своите и гледаат да им помогнат. Сметам дека се одличен пример.

Емалин — Мојот најдобар пример е мајка ми. Ја знае Библијата на прсти и секогаш бара прилика да зборува со луѓето за својата вера. Таа е потполно уверена дека службата е чест, а не товар. Многу ѝ се восхитувам поради тоа!

[Рамка на страница 23]

ПРОЧИТАЈ НЕШТО ПОВЕЌЕ!

Ти треба ли помош за да најдеш добри примери? Прочитај го 11. поглавје од Евреите и одбери еден од ликовите. Проучувај за него и постави си цел да ги покажуваш неговите особини.

За други библиски ликови од кои можеш многу да научиш прочитај во том 1 и 2 од книгата Младите прашуваат — делотворни одговори, издадена од Јеховините сведоци. Во двете книги, на внатрешната страна од задната корица ќе најдеш список „Да учиме од...“

[Рамка на страница 23]

ЗОШТО НЕ ГИ ПРАШАШ РОДИТЕЛИТЕ?

Разговарај со родителите за тоа кој им бил ним пример кога биле на твои години и кој им е пример сега. Како им помага тоа?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели