ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 11/12 стр. 21-23
  • Не кренаа раце од мене

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Не кренаа раце од мене
  • Разбудете се! 2012
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • „Да не си ми донела никој од тие твоите!“
  • „Сѐ уште те сакаме“
  • Зошто треба да се одбележува смртта на Исус?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
  • Библијата менува животи
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • Библијата менува животи
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • Секогаш зафатен во Јеховината организација
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
Повеќе
Разбудете се! 2012
g 11/12 стр. 21-23

Не кренаа раце од мене

Раскажал Кит Лајонс

Ги сакав алкохолот и насилството. Но, еден ден добив тажна вест која ме натера да се подзамислам што правам со својот живот. Да ви објаснам што се случи.

РОДЕН сум во 1943 год., во Рубатом (Оклахома, САД). Додека растев, насилството ми беше секојдневие. Во четврта година средно почнав многу да пијам. Татко ми беше насилен алкохоличар, па кога почнав и јас да пијам, си најдовме заедничка разонода. Одевме заедно на игранки и други собири само за да пиеме и да се тепаме.

Се оженив во 1966 год., и јас и жена ми Ширли имавме две деца, Анџела и Шон. Но, продолжив да пијам. За да заработам нешто екстра, почнав да одгледувам и да продавам марихуана. Почнав да работам и како обезбедување на врата во локалните барови, а тоа ми даваше можност да си ја задоволам жедта за алкохол и насилство. Во тој период, не се плашев од ништо и од никого. И воопшто не ми беше гајле за чувствата на другите.

„Да не си ми донела никој од тие твоите!“

Еден братучед на Ширли се пресели во Калифорнија каде што ја проучуваше Библијата и стана Јеховин сведок. Кога се врати во Оклахома, ѝ кажа и на Ширли за тоа што го учеше, а таа брзо сфати дека тоа е вистината. Откако темелно ја проучуваше Библијата, и таа реши да стане Сведок и се крсти во 1976 год. Јас не сакав да имам никаква врска со нејзината религија. „Да не си ми донела никој од тие твоите!“ ѝ велев. „Нема да им успее со мене.“

Ширли никогаш не ги погази библиските начела и продолжи да ми покажува љубов. Всушност, пред да излезе со децата за да одат на нивните христијански состаноци во Салата на Царството, секојпат љубезно ме канеше и јас да појдам со нив. А и Анџела ми велеше: „Е, тато, баш сакам и ти да дојдеш со нас“.

Бидејќи бев вплеткан во незаконски зделки, често носев пиштол. Освен тоа, се случуваше да не се појавам дома со денови, што создаваше напнатост во бракот. Кога ќе се вратев, се трудев да ѝ надоместам на Ширли така што ќе отидев на неколку состаноци. Сведоците секогаш беа љубезни со мене, а нивните учења ми звучеа разумно.

По некое време, еден од старешините во собранието ми понуди да ме поучува за Библијата и јас прифатив. Но, за жал, она што го учев немаше речиси никаков ефект врз мене — главно затоа што продолжив да се дружам со старото друштво. Старешината беше свесен за тоа и ми спомна некои библиски начела во врска со опасностите што ги носи лошото друштво (1. Коринќаните 15:33). Иако неговиот совет се темелеше на Библијата, јас го сфатив како навреда, престанав да проучувам и уште повеќе се оддадов на стариот начин на живот. Мојата глупава гордост многу ги повреди Ширли и децата!

„Сѐ уште те сакаме“

Во 1983 год. добив тажна вест. Почина синот на сестра ѝ на Ширли, кого многу го сакав. Неговата смрт длабоко ме погоди и ме поттикна да размислам за мојот живот. Ми беше јасно дека си го уништувам бракот и му нанесувам болка на моето семејство — на сето она што го сметав за вредно. Тоа сознание ме освести и ме натера да сменам нешто. На погребот на внук ми, еден постар Сведок по име Џон љубезно ме прегрна и ми рече: „Знај дека сѐ уште те сакаме“. Тоа беше тоа! Уште следниот ден му се јавив на Џон и му реков дека сакам пак да ја проучувам Библијата со надеж дека овој пат ќе можам да ги направам промените што требаше да ги направам многу одамна.

Кога првпат седнавме да проучуваме, зборувавме за молитвата. Му реков на Џон дека и јас ќе почнам да се молам. Следниот ден почнав да барам чесна работа, но не најдов ништо. Додека се возев со автомобилот, наглас се молев: „Јехова, ако не сакаш да се отселам од тука, подобро да ми најдеш работа“. Но тогаш помислив: „Ова е глупаво. Се возам и си зборувам сам со себе“. Очигледно, сѐ уште немав доволно вера дека Бог „ги слуша молитвите“, ниту, пак, имав исправен став кон молитвата! (Псалм 65:2). Но, за чудо, следниот ден добив понуда за работа!

Кога видов колкава моќ има молитвата, порасна мојата љубов кон Јехова и стекнав уште поголема доверба во неговото водство

Оттогаш почнав да се молам почесто и посесрдно. Многупати видов како Јехова ме благословува. Отсекогаш верував во Бог, но тие искуства ми помогнаа да се уверам во зборовите од 1. Јованово 5:14: „Што и да бараме во склад со неговата волја, тој нѐ слуша“. Кога видов колкава моќ има молитвата, порасна мојата љубов кон Јехова и стекнав уште поголема доверба во неговото водство (Изреки 3:5, 6).

Сведоците срдечно ме пречекаа кога почнав да одам на христијанските состаноци. Освен тоа, ми стана јасно дека тие навистина ‚се сакаат еден со друг силно и од срце‘. Тоа многу ме трогна (1. Петрово 1:22). Ја увидов и вистинитоста на Изреки 13:20, каде што пишува: „Кој оди со мудрите, ќе стане мудар, а кој си има работа со безумни, лошо ќе си помине“.

Со години му нанесував проблеми и болка на моето семејство, но сега се трудев да бидам мирољубив и да научам да комуницирам подобро, а се трудев да бидам и подобар сопруг и татко. Почнав да го применувам библискиот совет „мажите треба да ги сакаат своите жени како своите тела“ и советот татковците ‚да не ги огорчуваат своите деца, за да не станат малодушни‘ (Ефешаните 5:28; Колошаните 3:21).

Нормално, промените што ги правев одлично дејствуваа врз моето семејство. Тоа јасно ми ги потврди зборовите на Исус запишани во Матеј 5:3: „Среќни се оние што настојуваат да ги задоволат своите духовни потреби“. Конечно бев вистински среќен!

Во јуни 1984 год., ќерка ми Анџела беше интервјуирана на еден собир на Јеховините сведоци. Таа опиша каков бев порано и потоа кажа какви промени направив. На крајот кажа дека е пресреќна затоа што тој ден седев во првиот ред меѓу кандидатите за крштавање.

Многу сум благодарен што Јехова не крева раце од луѓе како мене! Исто така, многу сум благодарен што ниту Ширли ниту децата не кренаа раце од мене. Како вистинска христијанка, Ширли лојално се држеше за советот од 1. Петрово 3:1: „Жени, бидете им подложни на своите мажи, за да ги придобиете без збор, со своето однесување“. Сите тие години додека јас живеев непромислено, со својата лојалност, стрпливост и однесување таа на некој начин ја држеше отворена вратата што ме доведе до вистината.

Откако се крстив, често го користам нејзиниот пример за да ги охрабрам другите да не креваат раце од својот сопружник што не ги дели нивните верувања. Им велам: „Во вистинското време, Јехова може да ја употреби моќта на својата Реч, Библијата, и твоето добро однесување за да му помогне на твојот сопружник да се смени — дури и ако тоа во почетокот изгледа невозможно“.

Големата Роуз влезе во Салата на Царството

Откако станав Јеховин сведок, одвреме-навреме наидував на некој што го познавав од порано. Меѓу нив беше и една жена што сите ја знаеја како Големата Роуз. Таа имаше многу тетоважи и беше на глас како наркоман и алкохоличар. Беше познато и дека несогласувањата често знаеше да ги решава со оружје. Многу се изненадив кога еден ден ја видов како влегува во Салата на Царството!

Роуз веднаш ме препозна, зашто порано имаше бар во кој често одев. Ми кажа дека, кога последен пат била во затвор, ја проучувала Библијата со Сведоците и, исто како мене, направила големи промени во животот. И таа ги оставила зад себе зависностите и стариот начин на живот. Решена да му служи на вистинскиот Бог, се крсти во 1990 год. Почина во 2005 год. Ми беше чест што го одржав говорот на нејзиниот погреб.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели