Семејно катче
Спој ги сликите со текстот
Прочитај 1. Мојсеева 1:1-31. Поврзи ја со линија секоја слика со соодветниот библиски стих. (Сликите не се наредени по точниот редослед.)
ЗА РАЗГОВОР:
Од каде знаеме дека деновите на создавање не траеле по 24 часа?
МАЛА ПОМОШ: Прочитај 1. Мојсеева 2:4; Псалм 90:4.
Што можеш да научиш за Јехова од она што го создал?
МАЛА ПОМОШ: Прочитај Псалм 115:16; Римјаните 1:20; 1. Јованово 4:8; Откровение 4:11.
СЕМЕЕН ПРОЕКТ:
Испланирајте екскурзија како семејство. Би можеле да отидете во зоолошка градина, некаде во природа или во планетариум за да дознаете нешто повеќе за вашите омилени животни, растенија или планети. Потоа зборувајте за она што сте го научиле за Јехова набљудувајќи ги неговите творби.
Сочувај и учи
БИБЛИСКА КАРТИЧКА 23 ЈОНАТАН
ПРАШАЊА
А) Јонатан бил најстар син на ․․․․․.
Б) Точно или неточно? Татко му на Јонатан го фрлил своето копје на него.
В) Кого Јонатан посебно го сакал, и зошто?
ПОДАТОЦИ:
Иако бил престолонаследник и најверојатно 30 години постар од Давид, Јонатан ја почитувал неговата положба како цар поставен од Бог (1. Самоилова 23:15-18). Тој дури и си го ризикувал животот за да го заштити Давид од Саул, љубоморниот татко на Јонатан (1. Самоилова 20:1-42). Од понизноста на Јонатан учиме да се радуваме кога другите добиваат убави работи од Бог.
ОДГОВОРИ
А) Цар Саул (1. Самоилова 14:47, 49).
Б) Точно (1. Самоилова 20:33).
В) Давид. Ја видел храброста и љубовта на Давид кон Јехова кога се борел со Голијат (1. Самоилова 17:1—18:4).
Луѓе и земји
Се викаме Пјеј Сон Аунг (11) и Су Мја Јаденар Лвин (7). Живееме во Мјанмар. Отприлика колку Јеховини сведоци има во Мјанмар — 3.600, 6.300 или 10.000?
Која точка покажува каде живееме ние? Заокружи ја и означи со точка каде живееш ти, а потоа види дали си близу или далеку од Мјанмар.
Деца, најдете ги сликите!
Можеш ли да ги најдеш овие слики во ова списание? Опиши со свои зборови што се случува на секоја од нив.
ОДГОВОР НА ПРАШАЊАТА
1 одговара на Ѓ.
2 одговара на Б.
3 одговара на А.
4 одговара на Д.
5 одговара на В.
6 одговара на Г.
3.600.
Г.