Семејно катче
ШТО УЧИМЕ ОД... Авраам?
ДАЛИ МИСЛИШ ДЕКА Е ВАЖНО ДА СМЕ ЉУБЕЗНИ СО ДРУГИТЕ?
• Обој ги сликите. • Прочитај ги библиските стихови, и објасни ги додека ги пополнуваш празните линии. • Најди ги скриените работи: 1) гуштер и 2) нож.
Кои љубезни работи ги направил Авраам за да им биде убаво на неговите гости?
МАЛА ПОМОШ: 1. Мојсеева 18:2, 4, 5.
Како можеш да покажеш љубезност?
МАЛА ПОМОШ: Римјаните 12:13.
Што учиш од овој настан запишан во 1. Мојсеева?
Што мислиш?
Со кого особено треба да бидеме љубезни?
МАЛА ПОМОШ: Галатите 6:10.
Сочувај и учи
БИБЛИСКА КАРТИЧКА 24 САМСОН
ПРАШАЊА
А) Татко му се викал ․․․․․ .
Б) Како Самсон покажал дека има голема сила во еден настан кај градот Газа?
В) Кој го предал Самсон?
ПОДАТОЦИ
Истакнат судија кој го бранел Израел 20 години (Судиите 15:20). Јехова го користел Самсон за да „предводи во избавувањето на Израел од рацете на Филистејците“ (Судиите 13:5). Божјиот дух му дал голема сила. Што е најважно, Самсон имал силна вера во Јехова (Евреите 11:32-34).
ОДГОВОРИ
А) Маној (Судиите 13:8, 24).
Б) Ја однел градската порта и двата довратника заедно со резето на врвот на планината која е спроти Хеврон (Судиите 16:2, 3).
В) Делила (Судиите 16:4, 5).
Земји и народи
Се викаме Лесли (10), Кетлин (8) и Алондра (7). Живееме во Мексико. Отприлика колку Јеховини сведоци има во Мексико — 295.400, 455.000 или 724.700?
Која точка покажува каде живееме? Заокружи ја и означи со точка каде живееш ти, а потоа види дали си близу или далеку од Мексико.
Деца, најдете ги сликите!
Можеш ли да ги најдеш овие слики во ова списание? Опиши со свои зборови што се случува на секоја од нив.
ОДГОВОР НА ПРАШАЊАТА
Гуштер во 5. сцена.
Нож во 2. сцена.
724.700.
А.