ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 1/13 стр. 3
  • Поглед во светот

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Поглед во светот
  • Разбудете се! 2013
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Мексикански залив
  • Русија
  • Перу
  • Италија
  • Јужноафриканска Република
  • Бактерии кои се хранат со нафта
    Разбудете се! 2015
  • Африка во фокус
    Разбудете се! 2015
Разбудете се! 2013
g 1/13 стр. 3

ПОГЛЕД ВО СВЕТОТ

Мексикански залив

[Слика на страница 3]

По несреќата што се случи на една нафтена платформа во април 2010 год., во период од речиси три месеци се излеаја големи количини нафта и природен гас во морето. Група истражувачи утврдија дека два и пол месеци подоцна некои од штетните хемикалии исчезнаа — според нивна оценка благодарение на бактериите што го разложуваат метанот. Сепак, некои експерти се скептични. Тие сметаат дека поголемиот дел од нафтата потона на дното на океанот.

Русија

Според една анкета, 59 отсто од Русите на возраст помеѓу 18 и 35 години веруваат дека „за да успееш во животот, одвреме-навреме треба да ги погазиш своите морални принципи и вредности“, стои во весникот Россиская газета.

Перу

[Слика на страница 3]

Некои од најстарите кочани пченка кои некогаш биле најдени (како оваа на сликата) покажува дека жителите на северен Перу правеле пуканки и пченкарно брашно пред најмалку 3.000 години.

Италија

Лучио Соравито де Франчески, бискуп во католичката бискупија Адрија-Ровиго, смета дека пораката за Бог треба „лично да им се пренесува на луѓето“ дома. „Во грижата за нашите стада треба да заборавиме на црковните ѕвона и да почнеме да ѕвониме на вратите на луѓето“, вели тој.

Јужноафриканска Република

[Слика на страница 3]

На црниот пазар, цената на рог од носорог што се користи во медицината се искачи до 65.000 американски долари за килограм. Во 2011 год., само во ЈАР, ловокрадците масакрираа рекордни 448 носорози. Во потрага по рогови, беше провалено и во неколку музеи и аукциски куќи во Европа. Се смета дека дури и носорозите во зоолошките градини во Европа се во опасност.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели