ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 1/13 стр. 14-15
  • Рај

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Рај
  • Разбудете се! 2013
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Што е Рајот?
  • Каде е Рајот?
  • Кој ќе живее во Рајот?
  • Каде се наоѓа рајот што се спомнува во Библијата?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • „Се гледаме во рајот!“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2018
  • Каква е Божјата намера со Земјата?
    Добра вест од Бог!
  • Рај на Земјата — дали е само сон?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2017
Повеќе
Разбудете се! 2013
g 1/13 стр. 14-15

ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА

Рај

Што е Рајот?

ШТО ВЕЛАТ ЛУЃЕТО

Некои мислат дека Рајот е само обичен мит. Други веруваат дека е измислена градина со идеални услови каде што добрите луѓе живеат засекогаш и се занимаваат со работи што ги исполнуваат и кои им носат добри резултати.

ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА

Зборот „рај“ се користи за првиот дом на луѓето, градината Еден (1. Мојсеева 2:7-15). Во Библијата, за таа градина се зборува како за вистинско место каде што првите маж и жена живееле без опасност да се разболат и да умрат (1. Мојсеева 1:27, 28). Но, тие му биле непослушни на Бог и морале да го напуштат својот рајски дом. Меѓутоа, во многу библиски пророштва што се однесуваат на иднината се зборува дека луѓето повторно ќе можат да живеат во Рај.

ШТО ЗНАЧИ ОВА ЗА ТЕБЕ?

Ако Бог ги сака луѓето, тогаш логично би било да ги награди своите верни слуги со добар живот во место како што е Рајот. Логично би било и да им каже на луѓето што треба да прават за да ја имаат неговата наклоност. Библијата вели дека и ти можеш да ја добиеш Божјата наклоност така што ќе учиш за Бог и ќе живееш во склад со неговите заповеди (Јован 17:3; 1. Јованово 5:3).

„Јехова Бог насади и градина во Еден... и таму го смести човекот што го беше направил“ (1. Мојсеева 2:8)

Каде е Рајот?

ШТО ВЕЛАТ ЛУЃЕТО

Некои веруваат дека Рајот е на небото, а други тврдат дека Рајот ќе биде на Земјата во иднина.

ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА

Првиот Рај во кој живееле луѓето бил на Земјата. Очигледно, Бог одредил Земјата да биде дом за луѓето. Библијата вели дека Бог ја создал нашата планета да постои засекогаш (Псалм 104:5). Во неа уште читаме: „Небесата му припаѓаат на Јехова, а земјата им ја дал на синовите човечки“ (Псалм 115:16).

Затоа, не нѐ изненадува тоа што во Библијата е ветено дека Рајот ќе биде на Земјата. Во Рајот, Бог ќе им даде на луѓето вечен живот. Таму ќе владеат мир и хармонија. Нема да има болки и страдања. Луѓето ќе можат потполно да уживаат во прекрасниот природен свет на планетата Земја (Исаија 65:21-23).

„Божјиот шатор [е] меѓу луѓето... и смрт нема да има веќе, ни тага, ни пискот, ниту болка“ (Откровение 21:3, 4)

Кој ќе живее во Рајот?

ШТО ВЕЛАТ ЛУЃЕТО

Многу религии учат дека само добрите луѓе ќе живеат во Рајот. Но, постои голема полемика околу тоа што значи некој да е „добар“. Некои сметаат дека е доволно да учествуваш во верските обреди и да кажуваш обредни молитви.

ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА

Библијата учи дека „праведниците“ ќе живеат во Рајот. Но, кој е праведен во Божји очи? Тоа не се оние што учествуваат во верски ритуали, а во исто време не му се послушни на Бог. Библијата вели: „Зар му се жртвите паленици и другите жртви исто толку мили на Јехова колку што му е мила послушноста на Јеховиниот глас? Знај, послушноста е подобра од жртвите“ (1. Самоилова 15:22). Едноставно кажано, „праведниците“ кои засекогаш ќе живеат во Рајот се оние што се послушни на Божјите заповеди изнесени во Библијата.

ШТО МОЖЕШ ДА СТОРИШ

Да бидеш послушен на Божјите заповеди вклучува повеќе отколку да учествуваш во верски обреди. Со сѐ што правиш можеш или да го радуваш или да го жалостиш Бог. Со тоа што темелно ќе ја проучуваш Библијата можеш да научиш како да го радуваш Бог. А него не е тешко да го радуваш. Библијата вели дека „неговите заповеди не се тешки“ (1. Јованово 5:3). Бог е спремен да ја награди твојата послушност со тоа што ќе ти дозволи да живееш во Рајот.

„Праведниците ќе ја поседуваат земјата и ќе живеат на неа засекогаш“ (Псалм 37:29)

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели