ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 3/13 стр. 12-13
  • Како да му поставиш правила на тинејџер

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како да му поставиш правила на тинејџер
  • Разбудете се! 2013
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • ПРЕДИЗВИК
  • Помогни му на твојот тинејџер да биде послушен
    Разбудете се! 2013
  • Разговарај со твојот тинејџер без да се расправате
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
  • Помогни му на твојот тинејџер да напредува
    Тајната на семејната среќа
  • Комуникација меѓу родител и тинејџер
    Разбудете се! 2013
Повеќе
Разбудете се! 2013
g 3/13 стр. 12-13

СОВЕТИ ЗА СЕМЕЈСТВАТА | ЗА РОДИТЕЛИТЕ

Како да му поставиш правила на тинејџер

ПРЕДИЗВИК

Твојот тинејџер ти вели дека си престрог. Од друга страна, родителскиот инстинкт ти вели дека не е така. Можеби си велиш: ‚Ако малку му попуштам, ќе направи некоја беља!‘

Ти треба да му поставиш разумни правила на твојот тинејџер. Но, најпрво, треба да разбереш зошто воопшто има одбивност кон правила.a

ЗОШТО СЕ СЛУЧУВА ТОА

Заблуда: Ниту еден тинејџер не сака правила. Тоа е неизбежен дел од пубертетот.

Факт: Помала е веројатноста еден тинејџер да се бунтува ако родителите му постават разумни правила и ако разговараат со него за нив.

Иако можеби постојат повеќе причини за бунтовниот дух на тинејџерот, родителите можат несвесно да го разгоруваат ако нивните правила се крути или ако не одговараат на возраста на детето. Размисли за следново:

  • Крути правила. Кога родителите поставуваат правила и не оставаат место за никаква отстапка, тогаш тинејџерот има чувство дека правилата се поставени за да го држат под контрола, а не за да го штитат. Како резултат на тоа може да почне скришно да го прави токму она што родителите му го забраниле.

  • Не одговараат на возраста. „Затоа што јас велам така.“ Можеби овие зборови се доволни за едно мало дете, но еден тинејџер сака да слушне и објаснување. На крајот на краиштата, утре можеби ќе си замине од дома и ќе треба самиот да донесува сериозни одлуки. Многу подобро е да научи да размислува и да носи добри одлуки додека сѐ уште живее со тебе.

Но, што можеш да направиш ако ниедно од правилата што му ги поставуваш не му се допаѓа?

ШТО МОЖЕШ ДА НАПРАВИШ

Прво, имај на ум дека тинејџерите треба — а длабоко во себе тие дури и сакаат — да имаат некакви граници. Затоа, постави правила и потруди се твојот тинејџер јасно да ги разбере. „Кога на тинејџерите ќе им се постават јасни граници и кога знаат дека родителите ги контролираат во разумна мера, помали се шансите да се впуштат во проблематично однесување“, стои во книгата Letting Go With Love and Confidence. Од друга страна, родителите кои им даваат преголема слобода на своите деца оставаат впечаток дека не им е грижа за нив. А тоа со гаранција води до бунтовност. (Библиско начело: Изреки 29:15.)

Тогаш, како да покажеш разумност? Дозволи му на твојот тинејџер да каже што мисли за семејните правила. На пример, ако те замоли да се врати дома подоцна, ислушај го зошто го бара тоа. Кога знае дека било земено предвид сѐ што кажал, постои поголема веројатност да ја почитува твојата одлука — дури и ако не се согласува со неа. (Библиско начело: Јаков 1:19.)

Но, пред да донесеш одлука, не губи го од вид следново: Точно е дека тинејџерите обично сакаат да имаат поголема слобода отколку што треба. Но, точно е и дека родителите обично им даваат помалку слобода отколку што би можеле. Затоа, внимателно размисли кога твојот тинејџер ќе побара нешто од тебе. Дали веќе покажал дека е одговорен? Дали во оваа ситуација можеш да попуштиш? Биди флексибилен ако има простор за тоа. (Библиско начело: 1. Мојсеева 19:17-22.)

Освен што ќе го сослушаш мислењето на твојот тинејџер, објасни му и што е она што тебе те загрижува. На тој начин, го учиш да ги зема предвид не само своите желби туку и чувствата на другите. (Библиско начело: 1. Коринќаните 10:24.)

На крај, донеси одлука и објасни му ги причините. Дури и ако не е најзадоволен со одлуката, веројатно ќе биде среќен што има родители кои се спремни да го сослушаат. Не заборавај дека го учиш како да реагира кога ќе стане возрасен. Со тоа што поставуваш разумни правила и дискутираш за нив со својот тинејџер, ти му помагаш да израсне во зрела личност. (Библиско начело Изреки 22:6.)

a Иако во оваа статија за тинејџерот се зборува во машки род, начелата во неа важат за двата пола.

КЛУЧНИ СТИХОВИ

  • „Вашата разумност нека им биде позната на сите луѓе“ (Филипјаните 4:5)

  • „Не огорчувајте ги своите деца, за да не станат малодушни“ (Колошаните 3:21)

ЗА ТИНЕЈЏЕРИТЕ

„Замисли си дека еден човек должи пари во некоја банка. Ако редовно си ги отплаќа ратите, ќе ја стекне довербата на банката, па дури може во иднина да му биде одобрен и друг кредит. Слично е и дома. Должен си да ги слушаш родителите. Ако покажеш дека може да ти се верува — дури и за мали работи — во иднина родителите веројатно ќе имаат поголема доверба во тебе. Нормално, ако постојано ги разочаруваш, нека не те изненади ако ти веруваат помалку или ако престанат да ти веруваат“. (Од книгата Младите прашуваат — делотворни одговори, том 2, издадена од Јеховините сведоци.)

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели