ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 2/14 стр. 3
  • Поглед во светот

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Поглед во светот
  • Разбудете се! 2014
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • САД
  • Италија
  • Малезија
  • Африка
  • Австралија
  • Пророштво 3: Болести
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • Поглед во светот
    Разбудете се! 2014
  • Зошто да се прекине со пушењето?
    Разбудете се! 2000
Разбудете се! 2014
g 2/14 стр. 3

ПОГЛЕД ВО СВЕТОТ

САД

„Еден работодавец годишно троши 5.816 долари повеќе за работник што пуши отколку за работник што не пуши“, стои во New York Times. Според информациите на истражувачите од државниот универзитет во Охајо, просечните додатни трошоци се резултат на паузите за пушење, поголемите здравствени трошоци и почестото отсуство од работа. Друга причина за зголемените трошоци е намалената продуктивност предизвикана од никотинот.

Италија

Папата Франциск

„Поради тоа што свештениците и верниците зборуваат едно, а прават друго, се руши угледот на Црквата“ (Папата Франциск).

Малезија

Властите во Малезија запленуваат слонова коска

Властите во Малезија открија шверц на 24 тони слонова коска, односно повеќе од 1.000 слонови заби, скриена во две пратки со махагонија. Поборниците за заштита на природата велат дека никогаш досега не бил откриен толку голем шверц на слонова коска. Оваа пратка тргнала од Того и требало да стигне во Кина.

Африка

Човек од Африка

Според извештајот на Светската здравствена организација за 2012, причина за смртта на 63 отсто од населението се заразните болести, особено ХИВ/СИДА, цревните зарази, маларијата, туберкулозата и детските болести.

Австралија

Апликација за симулирано коцкање на смартфон

Апликациите за симулирано коцкање за смартфоните и за другите уреди се многу популарни меѓу децата. Некои апликации се како вистински игри во казино, но во нив е многу полесно да победиш. Во еден извештај од владата пишува дека ваквите игри го претставуваат коцкањето како нешто нормално и дека децата „кога ќе пораснат лесно би можеле да станат коцкари“.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели